Фудбал

Мбапе проба да се направи на Тошо па доби жолт картон

Во стилот на Анри на времето против Р. Ирска „ако проџе-проџе“, Килијан Мбапе даде гол со рака и проба да се прави наудрен. Со сите квалитети што ги докажа на теренот и заслужено беше избран за најдобар млад играч на светот, Мбапе мора да пази и на човечките квалитети. Моментот од мечот ПСЖ - Ним не му требаше.

Кога Пике ќе се напали во напад

Знае стоперот на Барса да се залета во напад како Седловски што правеше во Динамо Загреб. Ама Гоце ги коваше со глава, а Пике влезе во филм, ама во забавена снимка. Смешки.

Мајсторски волеј на Меси ала Зидан

Тој што го памети финалето од ЛШ 2002 меѓу Реал и Баер Леверкузен знае каква споредба правиме. Овие волеј удари во карате стил се посебно драгоцени и ретко се гледаат. Монструм е човеков. Севиља два пати водеше, ама Лео сам ја реши со хет-трик. Суарез само ги дотолчи во 93-та за 2:4.

Лудачки гол на Алиоски со лоб удар

Фудбалерите на Лидс поведоа против Болтон со 2:1 во 68 минута, а мајсторскиот погодок за второ водство на мечот го постигна македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски. Мајсторски, ама и чуден лоб, не знаеш дали гаѓа во гол или нафрлува. Голманот месечар.

Гатузо: Жена ми ја прави формацијата на Милан

Џенаро Гатузо со нов циркузантски муабет, нешто како редовна пракса на неговите ултра забавни прес конференции откако е тренер на Милан.

Трите желби на Пандев пред да се пензионира

И по 17 години кариера во Италија, Горан Пандев има сè уште желба за фудбал и победи. Толку е мотивиран што вели дека сака да победува и против Јувентус и на натпреварите на тренинг.

Пцовка на денот за Симеоне

Многу реакции предизвика Диего Симеоне со прославата при првиот гол на Атлетико. Мислењата се поделени, едни го обожаваат што е таков, други велат дека е лош пример, а тој изјави дека не навредувал никој, туку им се свртел на своите навивачи за да им каже дека сепак имаат мадиња и против еден Јуве. Него што сакал овој да каже со коментарот?

Како Ванда Нара му влезе во постела на Икарди

Општо познато е дека Мауро Икарди му ја има дрпнато жената на Макси Лопез и од тогаш дежура со газот на социјални мрежи 24/7. Но приказната не оди баш така. Излегува дека таа му се качила нему (на вториот спрат од јахтата), додека Макси бил на прв. А ќе речеш поштена мајка.

Лига Европа: На ждрепката за Динамо најмногу се израдува Хајдук

По синоќешните натпревари во кои ги дознавме осминафиналистите, попладнево во Нион беше извлечена ждрепка за новата рунда во Лига Европа.

Наежување на Енфилд, YNWA ја надгласа химната на ЛШ

Пред почетокот на дербито во ЛШ меѓу Ливерпул и Баерн Минхен (0:0), „црвените“ од КОП ја почнаа, а целиот стадион ја заори химната You''ll Never Walk Alone. Ја надјачаа онаа стандардната на Лига на шампиони.

Претерано добар гол

Во австралиската фудбалска лига, Бризбејн Роар со дури 5:3 го победи Централ Коуст. Првиот гол на мечот го даде гостинскиот играч Ерик Баутеак. Гол? Голчиште!

Дали го видовте првиот гол на Динамо?

Ако треба да се издвои акција на колото и една од најубавите сезонава во Лига Европа ние би гласале за оваа на Динамо Загреб. Понекогаш многу поубави се ваквите едноставни голови од изработена акција во која ги изораа како бавча. Барселона акција.

Судија не му давај црвен жити очи

Играчот на Динамо Брест Александар Нојок на мечот со Астана го држел за рака судијата да не му покаже црвен картон на неговиот соиграч Кисљак кој брзински доби два жолти.

Што купи 19 годишен фудбалер на Манчестер од прва плата?

На тие блесави години, најголемиот дел играчи сигурно ќе ја купат најбесната кола која им доаѓа на памет, ама дете од Манчестер Јунајтед покажа многу сенс и благодарност кон тие што му ја дале шансата после од каде си го трасираше патот.

Челси доби едногодишна забрана за трансфери

Англискиот премиерлигаш во следните два преодни рока, летниот и зимскиот, нема да може да купува засилувања на трансфер пазарот. Ова е одлука на ФИФА.

Како факс му го зезнал трансферот на Словенец во Италија

Миха Мевља е словенечки висок, крупен, снажен стопер кој од Зенит требаше да премине во италијанскиот прволигаш Емполи и да почне да гради кариера на Апенините. Но трансферот му пропаднал поради факс.

Парола за германскиот министер за внатрешни работи направи хаос

Навивачите на Ајнтрахт Франкфурт сезонава прават прекрасни кореографии во Лига Европа и навиваат фантастично, ама синоќа журката и прославата им ја уништи полиција.

Една од причините за поразот на Јуве од Атлетико

„Јорганџиите“ му дадоа 2 гола на Јувентус во самиот финиш и скоро да ја завршија работата околу пласманот понатаму. Во разните анализи се појави и податок околу тоа колку време фудбалерите на Атлетико се во клубот а колку оние на Јуве.

Лудница на Динамо во соблекувална со знамето на Македонија

Фудбалерите на Динамо Загреб слават историски пласман во осминафиналето на Лига Европа. Овој тим го красат не само Хрвати, туку и многу интернационалци како што може да се забележи по знамињата. Капитен е македонскиот репрезентативец Аријан Адеми. Браво.

Браво несреќо

Фудбалер на Атлетико Национал се бореше со стативата на празен гол во Копа Либартадорес. Тренерот од мака колено си исчаши.

Гомис смени ја прославата, почна деца да плашиш

Бафетимби Гомис, некогашниот шпиц на Лион и Галатасарај, сега игра во Саудиска Арабија. Таму дава голови ама ги слави со истата прослава како дива мачка. Синоќа постигна гол и го исплаши детето што собира топки со неговата необична прослава. По натпреварот му го подарил дресот на малиот и колку толку го смирил.

Интер игра подобро без Икарди, детето на Челси конечно заигра и даде гол

По очајните игри, случајот со Икарди како да ги подразбуди фудбалерите на Интер кои газат во Европа. Сари попушти под притисок и му даде шанса на малиот Хадсон-Одои кој му врати со убав гол против Малме.

Голман, да не си пивнал?

На белгиски Генк не му требаше многу за да го отвори резултатот на реваншот со Славија Прага. Кум на тоа водство беше гостинскиот голман Колар кој направи голема глупост по што Тросар лесно даде гол.

Динамо Загреб ја продолжува бајката, Ристовски испадна со Спортинг

Со капитенска лента околу раката, Аријан Адеми го предводеше Динамо во убедливата победа над чешки Плзен и со „модрите“ оди во следна фаза каде одат уште и Арсенал, Виљареал, Наполи, Салцбург, Валенсија, Зенит, Ајнтрахт.