Манчестер Сити му бега на Ливерпул еден бод, а Баерн и Борусија се на исто. Само тука може и треба да се очекува пеколна неизвесност до крај. Во Шпанија Барселона полека ита кон титулата, а во Италија и Франција тие што се втори џабе везат.
Тренерот на Интер ќе има тешка задача да склопи екипа за реваншот со Ајнтрахт Франкфурт во Лига Европа во четврток. По првите 0:0 во Германија, на „Меаца“ нераѕурите ќе бидат практично без пола екипа поради повреди и суспензии.
Одиш во балон да играш со другарите фудбал, ама стигаш малце порано за да се загрееш и мислиш дека никој не те гледа. Не знаеме што друго да ви кажеме, а и не мора ништо да ви кажеме. Веднаш на плеј.
На волку многу испади на прес конференции во неговата до сега куса тренерска кариера, да не знае човек кој е побудала: фудбалерот Џенаро Гатузо или тренерот Џенаро Гатузо?
Додека Пјер-Емерик Обамејанг се спремаше да изведе пенал за 2-0 против Манчестер Јунајтед, крај аут-линијата се загреваа Гендузи, Алекс Ивоби и Суарез. Гледачите од првите редови им бараат да легнат, за да може да го видат пеналот.
Манчестер Јунајтед синоќа имаше шанси за да се спаси од пораз и да ја продолжи успешната низа на Солскјер, но проблемот се викаше Бернд Лено. Обрнете внимание како му одигра еден на еден на Лукаку откако овој доби топка со очи од Рашфорд. Многу јака одбрана со нога е ова, шпага направи.
Не се Швеѓаните толку поштени колку што мислите, особено кога ќе видите со колку вешти измами се служат на фудбалот. Па уште им пројде бе ова и никој не се побуни. Како така?
Шпанскиот волшебник и Германецот веќе беа во јапонскиот клуб Висел Кобе, каде од 1. декември 2018 им се приклучи и Давид Виља. На мечот вчера против Вегалта Сендаи ова трио направи чудесна акција која со гол ја заврши Виља.
Мечот меѓу Ваљадолид и Реал Мадрид го одбележа една несекојдневна сцена на која се зачудија сите што го гледаа преносот. Среќа стигна објаснување, инаку ќе беше големата.
Додека кај нас пукаше пролетно сонце, во Бундеслигата бараа црвена топка за да се гледа добро на мартовскиот снег. А тој па во една чиста шанса за Хановер интервенираше како стопер.
Голманот на Милионариос, Вуликер Фаринез на мечот против Атлетико Насионал (1-1) имаше три генијални одбрани на кои не им оддолеа ниту официјалниот твитер профил на ФИФА.
Претседателот на Рома, Џејмс Палота држел пенкало во рака пред листот со отказ за тренерот Ди Франческо по дебаклот во Фиренца, но Мончи го разубедил. Синоќа ги отпуштил и двајцата.
Некои акции едноставно не се повторуваат, па ако сакате соберете ги на куп сите најдобри екипи на планетава познати по тимски фудбал. Ваков цик цак не се вежба ни на тренинг, туку се случува еднаш во животот. Па ова е просто нестварно колку е добро.
Динамо Загреб ја игра можеби најдобрата сезона во Европа во своето постоење, а нивните неверојатни победи во ЛЕ ѝ донесоа на Хрватска два клуба во квалификациите за Лига на шампиони од сезоната 2020/2021.
На 4 ноември Челси играше против Динамо Киев во ЛШ, а вчера се сретнаа во ЛЕ. Вилијан имаше можност да шутира слободен удар на двете средби од речиси идентична позиција. Пронајдете ги разликите. Ние забележавме дека пред 4 години голманот барем се фрлил, а вчера остана како кип.
Во преостанатите три осминафинални средби од Лига Европа кои се одиграа во вториот термин од 21:00 часот, немаше никакви изненадувања. Челси и Наполи направија капитална предност на првите дуели, а Валенсија победи, но не убедливо.
Веројатно еден од најпацерските автоголови сезонава во Лига Европа е овој на Начо Монреал од Арсенал кој му помогна на Рен во пресвртот и победата од 3:1. Многу несреќен автогол, многу.
Аријан Адеми како единствен македонски репрезентативец кој се пласираше во осминафиналето од ЛЕ не настапи вечерва поради повреда, но неговиот тим оствари минимална предност. Рен го шокираше Арсенал со целосен пресврт, а на гости победи само Виљареал.
Ќе го памети Манчестер и градот и клубот, а посебно тие проклети пенали кои не го сакаат и не го сакаат. Судиското продолжение му стана ноќна мора последниве две години и токму во тие последни мигови остана и можеби и ќе остане без трофејот кој му фали во кариерата.
Мејсон Гринвуд синоќа стана најмладиот дебитант во историјата на ЛШ: Со 17 години и 156 дена влезе во игра кај Манчестер Јунајтед и го сруши рекордот на Жерар Пике (17 година и 310 дена).
Во средата вечер сите се сетија на епското финале на ЛШ од 1999-та кога шансите за спас на Јунајтед беа непостоечки, исто како после 0-2 со ПСЖ на „Олд Трафорд“. И тогаш фениксот се крена од пепел и сега исто.