Фудбал

Абе ти глуп си? Пријателска е

Германија и Србија синоќа одиграа пријателски натпревар кој заврши 1:1. Во судиското продолжение имаше една страотна сцена по која и Јоаким Лев, ама и Пеп Гвардиола сигурно направиле кисела фаца. Милан Павков, кој се прослави ланска сезона со два гола против Ливерпул, вредни победа за Ѕвезда во ЛШ, му влезе на Сане крајно непотребно и сељачки. 

Како тоа 9 милијарди евра за засилувања?

Во видео од 3 минути ќе дознаете кои клубови трошеле најмногу пари од сезоната 1991/1992 до сега. Бројкиве се фрапантни. Цели земји од типот на нашата може да се вратат во колосек со овие пари.

Зошто не треба да гледате фудбал на ступче

Фудбалот е толку заразен и планетарно популарен што може да го начекате на секаква зелена и незелена површина. Исто така битно е многу и кај ќе се наместите да го гледате. Не за џабе ни велеа порано „Мали не стој позади гол“.

Најдрагите голови на Пандев за Македонија

Во пресрет на утрешниот прв меч во квалификациите за ЕП 2020, Горан Пандев ќе стигне до голем јубилеј од 100 репрезентативни настапи. Повод да одговори на прашањето, кои голови му се најдраги за својата земја.

Ердоган ќе му биде сведок на свадбата на Озил, Германија разочарана

Фудбалерот на Арсенал го избрал претседателот на Турција за сведок на неговата свадба после што портпаролот на германското канцеларство бурно реагираше: „Разочарување за сите нас ако некој што го носел дресот на репрезентацијата толку долго направи таков избор“.

Последна линија во одбраната

Остајте вие тоа Неста, Стам, Малдини и Кафу во Милан. Најјаката одбрана е онаа каде топката може да помине, ама играчот никако.

Пандев vs Орсато зад камерите

Копајќи по видеа и новости за Горан Пандев кој во недела го тресна Јуве, а утре ќе го одигра јубилејниот 100-ти настап за репрезентација, налетавме на едно видео кое е реткост бидејќи таму обично не се плеткаат камермани. Го фатија нашиот пис на уста, ама повеќе на шега.

Многу нормално - Армани по Светското 1994 пак ќе ја облекува Италија

Фудбалската федерација на Италија соопшти дека потпишала 4-годишен договор со модниот гигант Armani. Легендарниот Џорџо ќе ги облекува Аѕурите.

Немогуќе е ова

Имаме акција од трета германска лига измислена за Бени Хил. Добро што Ајнтрахјт Брауншвеиг славеше 3:0 против Мепен, инаку овој ќе го избркаа од клуб бидејќи изгледа како да не игра од нивна.

Валенсија до ДС Комикс: „Кога ние игравме со лилјак на грбот, вие уште бркавте бизони“

Најпознатата компанија за стрипови и слични медија, американската ДС Комикс упатила тужба за Валенсија до Канцеларијата за интелектуална сопственост во Европската унија.

Офсајд лик: Жулио Баптиста

По тешки и исцрпувачки шест месеци, познатиот бразилски напаѓач кој играше во Реал, го напушта романскиот фудбал. Клубот му се заблагодари за неговиот придонес кој се состои од неверојатни 43 минути, како и ќорав постигнал гол.

Страста на спикерот на Џенова по голот на Пандев

Како капак на сите видеа кои произлегоа од изненадувањето број 1 на сезоната во Серија А кое му го приреди Џенова на Јуве, се појави и видео од спикерот на клубот кој дополнително го запали Луиџи Ферарис. Тој 10 пати Горан, тие 10 пати Пандев. Ежење.

Кристијано со хет-трикот во ЛШ на Реал му донел пола милион евра

Португалецот му даде три гола на Атлетико и не ни претпоставувал дека му помогнал на клубот од кој замина минатото лето, да заработи околу 500.000 евра повеќе.

Чипсот кој го прославија фудбалери и кој Меси го рекламира за 7 милиони евра годишно

Детството на голем дел од фудбалските миленијалци помина со легендарните реклами на Пепси со фудбалски ѕвезди. Нив ги снимаше американската компанија PepsiCo која освен што го произведува познатиот напиток, произведува уште десетина други производи.

Колективна амнезија во одбрана

Синоќа во аргентинската Примера Дивизион играа Хуракан и Естудијантес а гостите победија со голот на Матијас Пелегрини кој доби подарок од одбраната на домаќините.

Само Н`Голо Канте може да направи ваков потег

Ова ќе биде недела на репрезентативен фудбал, како и совршена шанса за Канте да се поправи за една грешка што ја направил лани. Ама пак ќе повториме, само он може вака.

Не ти требаше ова ама па како ќе ти фатевме сеир

Што ножички се изнагледавме низ годиниве во еден куп лиги, на еден куп начини. Многу маестрални акробации имаше, ама само една фалеше и еве ја си дојде на мегдан. Неповторливо.

Мбапе многу груб бе ова воздухов?

На многу млади години почна да импресионира со головите, потезите, брзината и успесите, ама почна и да обесува. На мечот со Олимпик Марсеј не му даде на Ди Марија да изведе пенал за да запише хет-трик и го промаши, а во еден дуел се судри со НИКОЈ и непотребно изглуми ама апла.

Оптичка илузија на Мореиренсе - Бенфика - влезе или не влезе?

Бенфика синоќа со 0-4 го совлада Мореиренсе на гости и по триумфот над Динамо во Лига Европа, се врати на првото место во домашното првенство каде има исто бодови како и Порто - по 66. Овој меч го одбележа еден чуден момент по центаршутот на Оачерија.

Контрол Ц Контрол В

Украинецот од Сити, Олександр Зинченко во јануари кога го декласираа Бартон Албион во Купот постигна гол кој многу наликува на овој на Меси од синоќа.

Топ 5 голови на Пандев против Јувентус

Додека италијанските медиуми пишуваат за првиот пораз на Јуве после дури 28 кола, Газета дело Спорт ги изброи головите на македонскиот голгетер против Старата Дама, а ние ви презентираме листа со топ 5 од нив.

Неубава епизода на женски фудбалски натпревар

За време на меч меѓу Швајцарија и Русија, од елитната рунда на Европското првенство за фудбалерки до 17 години, се степаа капитенката на Швајцарија Ела Љустина (инаку Русинка по потекло) и капитенката на Русија Памен Чато. И двете со право беа исклучени а на крајот Швајцарките победиле со 4:2.

„Тебе ти аплаудира цел свет, не само на Бенито Виљамарин“

Меси има повеќе голови од слободни од цел Реал Мадрид. Неверојатниот Аргентинец по којзнае кој пат го воодушеви цел свет со луд настап. Синоќа го постигна петтиот гол сезонава од слободен удар - 4 има во првенство и 1 во Лига на шампиони.