Фудбал

Деби гол на Жоао Феликс на асистенција на Роналдо

Ал Наср се избори за финале во Супер Купот на Саудиска Арабија, откако го совлада Ил Итихад на Бензема со 2:1. Мане даде гол, а потоа доби црвен, а мрежата ја начна и новото засилување, Жоао Феликс на додавање на Роналдо.

Жолт картон во Украина зошто зборела на руски

За време на натпревар од женската фудбалска Премиер лига на Украина меѓу Колос и ФК Сестри, главната судијка Анастасија Романјук ѝ покажала жолт картон на една од фудбалерките на гостинките од Одеса, Ирина Мајбородина зошто зборувала на руски јазик додека се бунела за некоја судиска одлука.

Мбапе со магија, нанижа тројца фудбалери на Осасуна

Реал Мадрид конечно го одигра долго озборуваниот натпревар против Осасуна и славеше 1-0 во првиот дуел од Ла Лига за „кралевите“ со што ја отворија сезоната. Килијан Мбапе го постигна единствениот гол на натпреварот а имаше и неколку мајстории. Во следно коло тимот на Чаби Алонсо гостува кај Овиедо.

Шок за Ѕвезда, прими голчиште за 38 секунди и загуби од Пафос

Три плејоф битки во ЛШ, три победи на гостите. И покрај фаворитската улога, Црвена Ѕвезда загуби дома од Пафос со 1:2, а со идентичен резултат 1:3 завршија средбите Ференцварош - Карабах и Ренџерс - Клуб Бриж. Убав гол даде Жоао Кореја, кој ги изненади белграѓани уште во првата минута од мечот.

Други времиња, поинакви правила

Можете ли да замислите ваков дуел во денешно време во Премиер или било која друга лига? Или па со вакво нешто да се соочи некој од оние несреќине што глумат од контакт со мал прст? Па уште и се ракуваа на крај, а не видовме ниту картон.

Кој играч му помогнал најмногу на Мурињо во развојот како тренер?

Во интеврју за португалски медиум, Мурињо доби интересно прашање: Кој играч му помогнал најмногу да се развие како тренер? Одговорот е многу логичен. Меси. „Секогаш кога ќе се соочам против него, ме тера тера многу да размислувам“, вели Жозе.

Таткото и мајката на Елшник на велосипед до Белград за Лига на шампиони

Словенечкиот репрезентативец Тими Макс Елшник за кратко време ги освои сите симпатии на навивачите на Црвена звезда. Стана лидер на тимот, играч без кој не е замилсив средниот ред на црвено-белите. Вечерва Звезда игра бараж за пласман во Лига на шампиони а родителите на Тими Макс Елшник тргнале со велосипед од Златоличје до Белград со цел да го бодрат својот син од стадионот.

Девојчето со акните кое го кажа последниот збор

Женскиот фудбалски клуб Килмарнок од Шкотска на своите друштвени мрежи објавил вест дека 16-годишната фудбалерка Скај Стоут дошла во нивната екипа од Селтик. Со оглед на тоа што девојчето има акни на лицето, кретени на Интернет ја исмевале. Клубот ја повлекол објавата а Скај ги избришала сите фотографии. На својот прв меч на дебито постигнала прекрасен гол од слободен удар против Сент Џонстон.

Добар а едноставен баскет тренинг

4 топки, 5 играчи, од еден кош на друг, да се даде кош преку комуникација со топка. Одлична тренинг идеја.

Ова само за жолт картон?

Борусија Дортмунд потешко од очекувањата го совлада Есен на гости со 0-1 во првото коло од Купот на Германија. Победата на „милионерите“ остана во сенка на тешката повреда на десниот бек од Бразил Јан Коуто над кого идиотски и без памет стартуваше Келси Овусу. Наводно Коуто ќе отсуствува подолго а Дортмунд веќе бара замена на трансфер пазарот.

Прогнозата на Невил и Карагер за новата сезона во Премиер

Џејми типува дека неговите ќе ја одбранат титулата, а Гери изненадувачки верува дека после 22 години, Арсенал конечно ќе застане на тронот. Согласни се за две работи, а тоа е дека Манчестер Сити ќе заврши втор, а најдобар стрелец ќе биде Халанд и уште за две екипи кои сметаат дека ќе испаднат.

Кога Ван Бастен даде 4 гола на 1 натпревар во Куп на шампиони

Еден од најголемите кои играле во Милан. Легендарниот и култен шпиц Марко Ван Бастен, голем миленик на навивачите на росонерите, еднаш на дуел против Гетеборг во Куп на европски шампиони постигна 4 гола од кои еден можеби најубав во кариерата, со ножички. После само месец дена по овој дуел Холанѓанецот изненадно ја прекина кариерата поради повреди.

Стразбур стана прв тим со сите 11 родени после 2000-та

За време на дуелот од 1. коло со кој се отвори сезоната меѓу Мец и Стразбур, гостите играа со сите 11 играчи во почетна постава родени после 2000-та година. И децата победија 0-1, со голот на Жоакин Паникели во 86' минута. Стразбур ги освои првите 3 бода во сезоната.

Друштвото на последниот меч на Барези е нешто посебно

Тој што бил на Сан Сиро во 1997-та за да го гледа испраќањето на Франко Барези во пензија, сигурно уште раскажува кого се гледал во живо. Учествуваа играчи од тимот на Милан 1987-1997 против Ол стар тим. 20 години величествена кариера на легендата од кои 15 сезони капитен на Милан, 719 натпревари, 33 гола, 18 трофеи. Карло и таму е со мастиката.

Најубавата македонска фудбалерка игра за Љуботен

Се вика Јулија Живиќ, има 24 години, игра во одбрана и по пауза од 4 години направи кам бек во Тетово и потпиша за Љуботен. Има интернационална кариера во Кипар и Хрватска, а има настапи и за сениорската репрезентација на Македонија. Форца Јуле.

Љубов на прв допир

Уште не почната Серија А, тој почна да везе. Милан го совлада Бари во првото коло од Купот со 2:0 и толку требаше. Хрватскиот маестро го има на клипови. Прецизност, рационалност, преглед на игра, атрактивни потези. Тоа е Лука Модриќ. Класа играч и на 40 години, кои ќе ги наполни следен месец.

Марадона, Роналдињо и Тоти

Реткост и привилегија е да се гледа видео од тројца фудбалски икони, кои инаку доаѓаат од три различни земји кои заедно имаат 12 светски титули.

Трансфер лудилото во Премиер лигата во вредност од 2,6 милијарди евра

Летниот преоден рок во Премиер лигата е синоним за пари. Многу пари. Пазете, само Барнли, Сандерленд и Нотингем Форест, летово за засилувања заедно потрошиле 460 милиони евра.

Дунстер на колото

Дваесет и шест годишниот голман на ФК Теплице од Чешка, Матуш Трмал е малер на колото поради кардиналната грешка која на крај ја направил на гостувањето кај Словачко. Неговата екипа водела 0-1, со негова грешка примиле гол за 1-1 а набрзо во 90+5' минута си дале и автогол за пораз 2-1.

Манекени, не бива од фризер на утакмица

Довчерашната гол-машина на Спортинг, Виктор Ѓекереш го реметат на социјалните мрежи дека бил дрво на дебито за Арсенал против Манчестер Јунајтед и дека не се споил со топка. Кој знае каков коментар би дал за клипов Рој Кин и ред други строги ликови од таа фудбалска клапа. Абе 5 саати ја мазни, мислиш на модна писта работи.

Во Словенија падна голот на сезоната

Во дербито на 5. коло во словенечката фудбалска лига, Копер на гости ја совлада Олимпија Љубљана со 1-3. Последниот погодок за гостите, дело на Дени Јуриќ кој поднесе кандидатура за гол на сезоната.

Фудбалот не е игра со топка по која трчаат 22 будали

Се игра со нозе, ама треба многу памет. Погледнете ја интелигенцијата и осетот на Крис Вуд од Нотингем Форест. Веднаш штом забележа дека Брентфорд го губи поседот на топката, фати спринт во противничкиот шеснаесетник и потоа рутински ја заврши работата. И искуство е во прашање. Скоро 700 настапи има за клуб и репрезентација.

Даваат ли награда за најубав гол со глава?

Атлетико Мадрид ја отвори сезоната со пораз од Еспањол (2:1). Хулиан Алварез постигна прекрасен гол за гостите, а Пере Мила победнички за домаќините. Со глава од 15-16 метри.

Жиру уште на дебито стана најстар стрелец за Лил

По 38 меча за Лос Анџелес, Оливие Жиру му се врати на европскиот фудбал и тоа дома во родната Франција. Не се осеќаат неговите години кога ќе фати топка во шеснаесетник и дефинитивно е еден од потценетите шпицови. Уште во 11 минута на гостувањето против Брест (3:3), даде гол на дебито за Лил и стана најстар стрелец во историјата на клубот со 38 години, 10 месеци и 18 дена.