Готово е. Англиското првенство заврши на неверојатен начин, со борба за титулата до последно коло. Ја освои бранителот на трофејот Сити чијшто тренер стана еден од тројцата кои го направиле овој подвиг.
Во напнатиот и тензичен меч меѓу Рома и Јувентус (2:0), најголемиот конфилкт го имаа Алесандро Флоренци, капитенот на Рома и Кристијано Роналдо кој направи многу нечовечки потег.
Откако Ливерпул во последното коло остана без титулата во Премиер лига, која што ја зема Манчестер Сити со убедлив триумф на гости кај Брајтон (1-4), навивачите на Евертон, градскиот ривал на „црвените“ потсетија каде Ливерпул ги изгубил последните бодови во Премиер лига кои го чинеле титула.
Еден од највозрасните активни фудбалери во Европа, 40-годишниот напаѓач на Киево, Серџо Пелисие објави дека по крајот на сезоната завршува со фудбалската кариера.
ПСЖ вечерва гостуваше кај Анжер и славеше со 1-2. Нејмар освен што даде еден гол, направи и неколку потези на теренот што долго ќе се верглаат по хајлајтс видеа.
Кусо време откако Несторовски и Трајковски погодија за Палермо во период од 100 секунди, гол во Италија даде и Горан Пандев кој за жал не влијаеше на гостувањето во Бергамо. Аталанта ja победи Џенова 2:1 и уште повеќе се доближи до ЛШ, а капитенот на Македонија само го ублажи поразот на крај.
За Илија Несторовски и Александар Трајковски нема време за чекање и кога ќе им тргне растураат во напад. Палермо води 2:0 против Читадела со нивните два гола во 21-ва и 23-та минута. На вториот Нестогол му асистира на својот сонародник.
Ден откако стана јасно дека сите четири екипи во финалињата на ЛШ и ЛЕ се англиски, навивачите од оваа земја почнаа да кројат планови како до Мадрид и Баку. Првите отишле оган со цените за смештај, а вториве се џенем.
Синоќа Арсенал ја згроми Валенсија со 2-4 во Шпанија и со вкупен резултат 7:3 се пласираше во големото финале каде ќе игра против Челси кој на пенали го победи Ајнтрахт Франкфурт после 2:2 по двата меча.
Трката за пласман во елитното натпреварување кое сезонава ни донесе екстра возбудлив фудбал, во Премиер лига е скоро затворена. Прашање е само дали Арсенал ќе успее да влезе како петта англиска екипа, која сепак постојат и теоретски шанси да го симне четвртопласираниот Тотенхем.
Во 22’ минута од реванш полуфиналето во Лигата на шампионите играчите на Ајакс, Хаким Зиеш и Нусаир Мазрауи добиле кесички со енергетски гел. Брзо ги исцицале зошто биле прегладнети.
Сте слушнале ли за ФК Ингулец Петров? Се работи за украински второлигаш кој ја има најчудната гостинска трибина евр. Ја гледаш и не ти се верува што смислиле царевите.
Шпанскиот репрезентативен голман Кепа Аризабалага синоќа беше играч на мечот Челси - Ајнтрахт. Прво за време на регуларните 90 се фрлаше како пантер, а после на клучните решавачки пенали одбрани два и го однесе Челси во големото финале.
Малку возбуда имаше во полуфиналето од Лига на шампиони, па да не останат покуси и учесниците во Лига Европа синоќа си играа со нервите на навивачите. Челси мина на пенали, ама да не беше интервенцијава на нивниот командант во одбрана во 100-та минута ќе се чешаа.
По апсолутно неверојатните ноќи во Лига на шампиони, и Лига Европа имаше што да понуди. Прекрасен полуфинален фудбал и дури 8 гола на 2 меча од кој едниот се реши на пенали. На крајот, првпат во историјата од една иста земја ќе има ДУРИ 4 финалисти!
Пред реваншот од Лига Европа меѓу Валенсија и Арсенал, симпатичната репортерка на шпанското издание на Гол, Моника Бенавент долу на лице место на теренот доби една топка во глава. Секако случајно додека се загреваа фудбалерите.
Да не им текнеше во 1955-та да го создадат ова натпреварување, сега ќе бевме многу покуси и посиромашни со фудбал. Ова што се случуваше сезонава не е нормално. Една недела си херој, другата лузер. Плус кој ја очекуваше баш оваа англиска битка во финале.
Тотенхем - Ајакс беше најголемиот андердог пар во едно полуфинале откако се игра ЛШ. Ајакс последен пат во 1/2 финале на ЛШ играше во минатиот век, а Тотенхем пред цели 57 години назад кога Лига на шампиони се викаше Куп на европски шампиони.
Немаше спортско студио синоќа кое го пренесуваше и коментираше полуфиналето Ајакс - Тотенхем а да не полудуваа внатре коментаторите. Најблесави беа Рио Фердинанд, Гери Линекер и Глен Ходл.
Патот на Тотенхем до финалето на Лига на шампиони сигурно ќе биде обработен во некоја епска документарка. Она што им се случуваше уште од групна фаза па се до 8 мај и гостувањето во Амстердам е необјасниво.
Човекот кој без ниту еден приговор прифати клубот да не направи ниеден трансфер од јануари 2018 и со ист состав да игра на 4 фронта. Секогаш пристоен во односот со колегите, со играчите, со навивачите. Маурицио Почетино заслужи да игра финале.
Додека Тотенхем слави по синоќешното лудило од кое и ние ко неутрални навивачи не можеше да се опоравиме севкупно од оваа ненормална полуфинална фаза, Ајакс стокми феноменално мотивирачко видео за своите херои кои никој не очекуваше дека ќе стасаат до тука. Секунди ги делеа од сензационално финале.
Ajaкс ги исфрла Реал и Јуве од ЛШ. Ти доаѓаат дома во полуфинале, те победуваат 0:1 и мислиш дека работата е готова. Потоа им одиш на гости, те водат 2:0 на полувреме, а ти во второ ги прскаш во фаца со хет-трик, третиот гол во 95-та минута.