Армандо Ицо, лидерот на Торино имал тешко детство во озлогласената населба Скампиа во Неапол каде царува(ла) Камора преку криминал, проституција, дилери и убиства. На крајот од калта го извадил менаџерот кој е најзаслужен што Ицо заигра и за Италија.
Сè е тоа супер што имате модерен голман од рангот на Мануел Ноер, ама ние имаме судија кои дава топки на тацна. Најсреќната асистенција на еден судија се случи во четвртата германска лига и оди вака.
Еден од подобрите напаѓачи на Уругвај, Дарио Силва се прослави во шпанската лига, посебно во Малага и Севиља каде постигна преку 40 гола на 115 меча. Во 2006 доживеа тешка сообраќајна несреќа после што му ја ампутираа ногата.
Лидс Јунајтед имаше предност од 0-1 од првиот меч на гости со Дерби. Синоќа на реваншот на домашен терен имаше преполн стадион, огромна поддршка и дури поведе со 1-0 . Ама на крај Дерби Каунти се издигна и на крај славеше со 2-4 за пласман во големото финале од плејофот за пласман во Премиер лига.
Во 33. коло од германската втора бундеслига играа Дујзбург и Хајденхајм. На домаќините за опстанок им игра само победа и три бода. Во 58’ минута при резултат 2-2, Дастин Бумхоер ја истакна кандидатурата за наградата „Дарвин“ за најглуп автогол. На крај 3:4 и Дујзбург во трета лига.
Антоан Гризман, светскиот шампион со Франција летово ќе замине во нов клуб. Ваква вест во последните 2 години сигурно сте прочитале 15-20 пати. Ама овојпат дефинитвно оди и на својот поранешен клуб му носи богатство.
Мајсторот се вика Табо Калинџе и игра за Орландо Пајртс во фудбалската лига на Јужна Африка. Со ваква техника би растурал на турнир во Миравци или Велебрдо.
Со сигурниот опстанок на Ваљадолид во најдобрата шпанска лига, легендарниот Роналдо како претседател на овој клуб, ја оствари целта заедно со управата, играчите, стручниот штаб и навивачите.
Во финишот од сезоната, тимовите кои веќе имаат обезбедено Европа или опстанок, им даваат шанса на оние фудбалери кои добиле мала или речиси никаква минутажа сезонава.
Френки де Јонг кој беше главен автор на бајката на Ајакс сезонава, со титула во холандското првенство се прости од навивачите и оди во Барселона. Го испратија како голема легенда на клубот иако има само 22 години.
Некогашниот познат романски судија во УЕФА Александар Тудор, денес работи како контролор на судење во својата земја. На мечот од втора лига меѓу Енергетикианул и Снагов (3:3) се качил на кров за подобро да гледа. Полицијата барала од него да се симне, да не настрада.
Манчестер Сити ја прослави титулата со своите навивачи на гостувањето кај Брајтон каде победи 1:4 и освои 3 клучни бода за пехарот. Во текот на прославата белгискиот репрезентативец Кевин Де Брујне имаше што да му каже на Пеп Гвардиола.
Се вика Мака. Ќерка е на најдобриот стрелец во англиската лига и најдобар фудбалер во историјата на Египет, Мохамед Салах. Во такви околности не може да не ја засака фудбалската топка.
Еден од најголемите фајтери, капитен на Рома и легитимен наследник на Франческо Тоти, ненадејно соопшти дека по крајот на сезоната во Серија А ќе замине од клубот за кого игра речиси две децении.
Англиските медиуми конечно дознаа за кого навива најпознатиот фудбалски судија Мајк Дин. Камерите го уловија Дин како еуфорично го слави триумфот на Транмере Роверс против Форест Грин со што влегле во баражот на Лига 2.
Челси против Баерн Минхен во Лига на шампиони. Мурињо суспендиран и нема како да влезе до соблекувална кај играчите пред важниот натпревар. Кабинерот го става во метална корпа за алишта.
Поради катастрофално водење на клубот од управата, целиот макотрпен труд на македонските репрезентативци паѓа во вода. Палермо сонуваше враќање во Серија А со Нестогол и Алекс, а денес стигна гром од ведро небо.
Официјалната домашна варијанта на дрес на Јувентус за новата сезона 2019/2020 ја претставија овој месец, но на интернет се зборува за неа уште од минатата есен. Навивачите поделени.
Фудбалерите на Лил многу поемотивно го прославија пласманот во Лигата на шампионите, отколку Пари Сен Жермен титулата во францускиот фудбал. Браво момци, заслуживте елитен фудбал следната сезона.
Македонскиот репрезентативец Енис Барди синоќа го постигна третиот сезонски погодок за Леванте (12-ти откако е во Шпанија) и дефинитивно му обезбеди опстанок на својот клуб.