Фудбал

Лоша шега е ова

Во Африканскиот Куп на Нации каде е во тек нокаут фазата, Мароко во осминафинале играше на пенали со Бенин. Во последната серија се најде еден “паметен“ Мароканец кој истовремено го слуша мечот на радио и наеднаш почнува да се радува. Тој уствари го издава голот и цел кафиќ урла и слави пласман во четвртфинале без да го види пеналот.

Клоп се враќа од одмор и ја поздравува цела база

После ваков однос на Клоп со сите вработени во клубот, од хигинечарки до највисоките во хиерархијата, чудо ќе беше Ливерпул да не станеше европски шампион. Јирген бил на одмор каде што бил, се враќа, и добредојде му посакува целата база.

Кој вика дека од аут не се шутира во гол?

Јука Коике или како и да се вика Јапонецов, смета дека аут линијата и не е така невозможна локација за шутирање во гол. Не им е лесно на овие во ФИФА што гласаат за гол на годината.

Не го викајте Дани, туку господинот со 40 трофеи

Бразил го совлада Перу со 3:1 во финалето на Копа Америка и со тоа стигна до првиот трофеј во ова натпреварување по 2007-ма, вкупно деветти во нивната историја. Што бек ќе беше дечкото кој им гази по десно.

Само од Ибра може да се чујат вакви изјави

Од него треба да се направат топ 10 изјави, ма какви топ 10, топ 100, да се скоцкаат на ЦД и да се продаваат. Тоа би била златна компилација која може да се направи само од будалетинка како Златан. Крајот е врв.

Понуда на денот на Марио Балотели

Италијанскиот напаѓач му вика на Наполитанец: Ќе ти дадам 2.000 евра ако скокнеш со мотор во вода. Овој ги зема парите без думање и ги брои, а Супермарио си запали цигарче очекувајќи исход од циркузантската кладба. Нормално дека сите го снимаат сеирот. Да го видиме крајот.

Меси многу чудно го доби вториот црвен картон во кариерата

Во мечот за 3 место и бронза на Копа Америка, Аргентина го победи Чиле со 2-1, но мечот остана во сенка на исклучувањето на Меси кој мирен каков што секогаш е на теренот, налета на најголемиот дибек во јужно-американскиот фудбал и пошироко, Гари Медел.

Двете резервни клупи на дербито на Манчестер

Последното градско дерби меѓу овие два градски ривали го доби Сити со 2:0. Од тој меч поминаа два месеци и кусур, ама на некој уште му боде очи фактот, какво богатство чекало шанса од клупа.

Како Лотито ја отпеа химната на Лацио

Снимкава е од 2014-та, а он е претседател на клубот од 2004-та. Кај што не знае да пее, па уште и две реченици не можел да запамти. Дудук.

Рибарот Климе од Атлетико

Диего Коста знае да биде гад на терен, ама знае и да откачи. Како му завлече мислиш дојрански крап ќе извади.

Ќе те барам, ја слушам песната на Боатенг

Дечкото толку го боли увце за зелениот терен што пропушти прилика да се докаже во Барселона која, пази, го донесе скроз заборавен, од италијански Сасуоло, му даде шанса, ама овој ни тренирал како треба ни бутур па го вратија без поздравување. Што му останува сега, ќе снима спотови и песни.

Убаво се средил Деле Али на одмор во Грција

Не се знае што и колку испил, ама се гледа дека јако се здробил. Финалистот од ЛШ е на одмор со девојка му на Миконос, која се разбира не може сама да го крене во вакво стање. Се налевал на 33 степени, што е претопло за Грција.

Челенџот со капачето стигна и до Ибрахимовиќ

Новиот планетарно раширен челенџ #bottlecapchallange стигна и до Ибракадабра, кој го реши од прва со кунг-фу удар и му ја даде штафетата на Пол Погба.

Обезбедувањето на претседателот на Бразил криво што судијата не гледал ВАР

Аргентинците уште не можат да го преболат поразот од вечниот ривал Бразил, но за едно се сигурно во право: главниот судија на мечот мораше да погледне видео повторување на две многу спорни ситуации.

Делириум во фан шопот на Јуве во Милано со Буфон

Откако се сретна со навивачите и ги мина медицинските прегледи во Торино, Џиџи имаше голем пречек и во Милано каде Јувентус отвори нов фан шоп. Нема да ја носи единицата, туку една друга бројка по која е препознатлив од минатото.

Него најдовте дресот да му го згрешите?

Да не заминеше во САД, немаше МЛС лигата да биде тоа што е сега. Со него има многу евроголови и забава. Дечкото е роден шоумен на терен, а овој пат хуморот го приредија други. Тој само направи шоуто да биде поинтересно.

Како Ерик Абидал плеша фудбалче во пензија

Да тој Ерик Абидал што играше како бек во Барселона и што успеа да го победи ракот. Се повлече од фудбалот во 2015-та како играч на Олимпијакос. Денес на 39 години е Меси во напад.

Филџонсоновски лизгачки старт

Китон Парк од Њујорк Сити ФЦ ги памти будалаштините на стоперот на Манчестер Фил Џонс кој со глава ја мрдаше топката паднат на земја.

Сите 77 гола од слободен удар на легендата Жунињо Пернамбукано

Светски рекордер по број на голови од слободен удар. Европа го запозна преку настапите за Лион каде летово се врати како помошен тренер на неговиот сонародник Сивлињо (да, левиот бек на Барса од времето). Па, дами и госпда, уживајте:

Број 1 потег на број 1 голманот во свет

За кого и да навиваш, не можеш да не го сакаш Џиџи Буфон. Брани од 1995-та, година во која некои од сегашниве пилиштари кои ги направија богаташи, не биле ни родени. И тоа брани бе, а веќе 41 има. Денеска направи вистински потег. Се врати онаму каде што припаѓа. Во својот дом.

„На стадионот беше најдобриот играч на светот, мило ми е што Роналдо дојде да го види“

Атлетико Мадрид плаќа 120 милиони евра за најголемата надеж на португалскиот фудбал и најголемиот талент во Европа во моментов кој има само една сезона сениорски фудбал и затоа овој трансфер е големо изненадување.

Е што ти е крива вилицата на Фирмино сега

Откако им даде гол за 2-0, Фирмино ги работеше Аргентинците на средина од терен, а кроз нозе му ја протна на Лаутаро кој му се заканувал дека ќе му ја скрши вилицата. (пратете го вториот дриблинг)

Ривер Плејт ги засолни бездомниците на стадион за да не смрзнат

Додека ние се потиме на 38 степени и киваме под тоа климите, во Аргентина времето е отидено во друга крајност. Во сред јули се борат со зимски температури и спасување животи.

Кристијан, дете, што му направи?

За оние кои не слушнале, Кристијан Пулишиќ е Американец со хрватски корени. Роден е во Пенсилванија во 1998 година. Има 20 години а веќе е голема ѕвезда за која Челси му плати 64 милиони евра на Дортмунд. Кристијан е лидер на репрезентацијата на САД, носи број 10 и синоќа со два гола ги однесе Американците во финале на Голд Куп. А дриблингот што му го направи на Девон Вилијамс од Јамајка е за рипит 20 пати.