Во Гинисовата книга на рекорди има тотално неверојатни подвизи, а она што му се случи на легендарниот аргентински шпиц во 1999-та година ќе се раскажува од колено на колено.
Не Томазо Роки, ниту Паоло Ди Канио, туку Мауро Ѕарате. Каков потенцијал имаше ова дете, за жал неискористен до крај. Се прошета во многу клубови откако го напушти Рим, ама некако остана во сенка. Од лани е во Бока Јуниорс, погледнете какво маестрално голчиште даде.
Кај губеа 3:0, па уште земаа во 95-та да се чаталат. Варгас се посрамоти, а Перу за прв пат после 1975-та година ќе игра во финале на Копа Америка. За противник го имаат Бразил на Маракана.
Фудбалерите на Интер ќе ги спрема Антонио Пинтус, човекот кој во врвна форма ги доведувал Зидан, Кристијано Роналдо, Дел Пјеро, Виали, Дешам, Ѕола, Модриќ, Марсело и многу други. На почеток плачат од пеколниот ритам, после му се заблагодаруваат.
Кога човек што не следи фудбал ќе ти каже дека тоа го сфаќа како игра во која 22-ца будали трчаат по една топка, веројатно мисли на овој брилијантно завршен корнер.
Амбициите за напредок на Кристијано Роналдо немаат крај. На неговите 34 години со таква кариера и богатство друг да е, нема да мрдне од јахта цел одмор. Кристијано се одмораше, ама паметот пак му бега кај индивидуалните тренинзи без кои не може да живее. Му помагаше Франсис Обиквелу, специјалист за трка на 100 и 200 метри кој има освоено 15 медали и поставено европски рекорд на ЛОИ во Атина 2004.
Додека новинар му поставува прашање на Златан Ибрахимовиќ, камерман, режија, студио, соиграчи, тренери, сите очекуваат да слушнат што следно ќе развали Ибра. Човекот е луд заебант и нема утка во одговорите.
Две и пол минути во срцето на тенисот со 8 кратниот освојувач на Вимблдон кој е тука и на скоро 38 години кои ќе ги наполни на 8 август. Колку голем спортист е, а колку е едноставен и непосреден. Прави скроз релаксиран муабет, како да нема камера пред него и во фаца му се гледа дека нема чалам без разлика што помести граници во овој спорт.
Како што одминуваше Копа Америка, Лионел ја крена својата форма, но кога најмногу му требаше поддршка од соиграчите, таа изостана. Против Бразил се обидуваше, ја земаше топката на 25 метри од својот гол со цел да им покаже на дрвцата како се прави тоа, но сам не можеше нормално.
Мексиканците едвај го скршија тврдиот орев Хаити во полуфиналето на Голд Купот, откако Раул Хименез на стартот на продолженијата постигна гол. А во 105’ минута од првото продолжение во игра влегува Луис Монтес и за неколку минути промашува епска шанса.
Ветеранот игра втора младост. Со капитенска лента околу раката го предводи Бразил чија химна синоќа со Аргентина ја пееше на цел глас да се наежи човек. А со топка во 19’ минута направи дар-мар меѓу гаучосите и со поглед во друга страна го проигра Фирмино кој асистираше до Габриел Џесус.
Првиов некои го сметаат за најдобар фудбалер на денешницата, ама другиов е најскап голман во историјата кој уво не го боли што Меси е толку јак. Го сотре во три нокаут фази по ред со три различни дресови и тоа без примен гол.
Хуан Фоит е уште неиспечено 21 годишно бекче со 12 настапи во Премиер лигата за Тотенхем и 5 за Аргентина. Ама пред себе имаше инспирација наречена Кутињо кој го направи мајмун.
Штета е ваков талент да ги нема сите услови за да ја развие својата дарба. Градење топка оценка 10. Преглед на игра исто 10. Најдобриот дефанзивец ни доаѓа од Гоа, Индија.
Спортскиот времеплов на денешниот датум 2 јули не однесе на едно финале кое како вчера да беше, а тоа да ти поминале 19 години. ЕП 2000 во Холандија и Белгија. Убави фудбалски времиња, море преубави.
Во 2003 година Павел Недвед ја доби Златната топка која што УЕФА ја доделува за најдобриот фудбалер на годината. Чехот играше неверојатен фудбал и со право беше избран за број еден играч на континентот. Денес после промоцијата, новото засилување на Јувентус Рабио шетал низ музејот и застанал до златната топка па го прашал Павел дали е вистинска?
Марката Пума и шпанската Ла Лига ја промовираа новата фудбалска топка со која ќе се игра шпанскиот фудбал во новата сезона. Ама промотивната кампања беше крвава.
Летово Јувентус е најактивен играч на трансфер пазарот. Клубот го смени тренерот, потпиша со Арон Рамзи, со левиот бек на Рома Лука Пелегрини и со одличниот Адриен Рабио. Наскоро во клубот би можел да дојде и ултра талентираниот штопер Де Лихт.
Никој не знаеше што мустра е се додека не се отвори во Премиер лигата. Дојде во Челси како ептен изненадувачки европски првак со Порто и уште на неговата промоција почнаа циркузите. Поминаа точно 15 години откако сам за себе си кажа дека е таков каков што е и сега.
На промоцијата во Јувентус, Маурицио Сари очекувано дојде костумосан во одело и вратоврска, што за момент значеше промена на сопствените принципи на тренерот кој пак ќе се врати на своето.
Ако некој Твитер профил се разликува драстично кај фудбалските клубови, тоа дефинитивно е оној на Рома. Ги бива за хумор, правење спрдњи, ама и за доста сериозни теми, како оваа што ја почнаа летово.
Шест годишниот договор на Дејвид Мојс со Манчестер Јунајтед истекува денеска. Арно ама тој беше отпуштен пред 5 години, 2 месеци и 8 дена. Полоша замена за Фергусон ни на биоскоп. Грев.
На 1 јули 2009-та стартуваше ерата на Бернабеу наречена Кристијано Роналдо. 10 години подоцна во најкуси бројки таа може да се раскаже вака: 438 натпревари, 450 гола, 15 трофеи, 4 Златни топки, 1 легенда.