Фудбал

Видео од заедничките денови на Нејмар и Суарез во Барса

Луис го промаши клучниот пенал во четвртфиналето на Копа Америка меѓу Уругвај и Чиле и плачеше по крајот од мечот. Нејмар во меѓувреме јавно го поддржа со порака, а сè погласно се зборува дека Бразилецот ќе се врати на Камп Ноу од ПСЖ. Ама кој да знае...

Како Бенатиа им го оствари сонот на деца од Мароко

Паралелно со Копа Америка, во Египет се одржува уште едно континентално натпреварување, Африкански Куп на Нации. Една од 24-те учесници е Мароко, но проблемот е што не можат сите во Мароко да ја следат својата земја.

Какви бисери има Шпанија која по петти пат е европски У21 шампион

Супер Европското младинско првенство за играчи до 21 година во Италија и Сан Марино заврши, а впечатоци има многу. Како што има и еден куп бисери.

Торес погоди од центарот, а даде и два гола со глава

На страна шутов од средина на терен и прекрасниот погодок кој за жал му го поништи судијата, Ел Нињо постигна два ефектни гола во триумфот на неговиот Саган Тосу против Шимицу С-Пулс.

Згодната бразилска судијка би можела да суди и на Светско

Фернанда Коломбо ја освои јавноста со сјајниот потег на вадење марамче додека сите чекаа жолт картон, а досетливоста не е единствена нејзина најголема предност.

Не е дека Рабио доаѓа бесплатно, Французинот ќе заработува само од Роналдо помалку

Јувентус секако важи за крал на бесплатните трансфери, бесплатни во смисла да не плати обештетување на последниот клуб за кој играл фудбалерот којшто доаѓа кај нив.

Нова мајсторија и преубав гол на Иниеста во Јапонија

Висел Кобе со високи 5-3 ја совлада Нагоја во јапонското фудбалско првенство. По два комада дадоа Давид Виља и Иниеста, а овој вториот постигна гол со што ја збогати колекцијата убави моменти од неговиот престој во Јапонија.

Одбранет пенал и луда мексиканска радост

Мексико играше против Костарика во четвртфиналето на Голд Купот и после 90 минути и продолженија резултатот беше 1-1. Мексиканскиот голман Гиљермо Очоа го одбрани последниот удар од серијата на Кејшер Фулер и славјето за полуфинале можеше да почне.

Вакви пенали немало порано во маало

Треба да си многу добар, многу храбар и модерен за да ја изведеш вака, инаку како деца се знаело како, шпицот најсилно што можеш.

Како се расонува Френки де Јонг

Измеѓу така напорна сезона во која стана шампион во Холандија и финалист во ЛШ, а му следува предизвик наречен Барселона, засилувањето на Камп Ноу од 75 милиони евра вака се буди на Сејшелските острови.

Си биле 10 спортисти и заработиле 940 милиони долари за една година

Богатството на најплатените спортисти во светот отиде до бескрај и веќе нема граници кој колку пари прави, било да е од плата каде што работи или од реклами. Не за џабе старите трубат дека порано се играло од ќеиф.

Милан и официјално нема да игра во Лига Европа

Иако им следуваше како петтопласирани, сепак пристигна конечна одлука седумкратниот европски првак да не биде дел од европската сцена следната сезона.

Гасете нетот, голман се врати на гол со мотор

Небитно што ова е некоја маалска собиранка, идејата е тотално откачена. Истрча на корнер да им помогне на колегите и потоа најде превоз за да се врати назад со време. Голманска лудост број 1 на планетава.

Сјајната исповед на Кулибали, најбараниот стопер на денешнциата

Својот фудбалски и животен пат Калиду Кулибали го раскажа за реномираниот The Players’ Tribune за кого своите кариери ги раскажаа најголемите фудбалски и општо спортски ѕвезди.

Имате ли ваква будала во друштво?

Се собрало едно друштво да плеша фудбал на вештачка трева. Едниве грешат додавање на средина терен, се вртат позади и кај другиве го гледаат Марко ван Бастен.

Многу јака промоција на новиот дрес на Арсенал

Со одење на бербер, со типичен лондонски доручек, со акцент на тоа кој владее со северен Лондон итн. Во промотивното видео се сите ѕвезди на „топџиите“, од Озил и Обамејанг, до Лаказет и Алекс Ивоби.

Ја испука како од топ

Не бе на бек кога ќе му легне, легната е, плус малце му тапкаше и одеше накај него, најтаман посакувана топка. Шведската втора лига дефинитивно го има голот на сезоната.

Ненормален потег на 47-годишниот Зидан

Додека уште им трае летниот одмор во Реал Мадрид, Зизу искористил да скокне до Ла Кастелане (реон кај Марсеј) во кој Зидан почнал да игра фудбал како мал. А и повтори една финта што ја правел како мал.

Ако аматерски тим го има Пеп Гвардиола за тренер

Фудбалски клуб Вортинг, англиско фудбалско подземје. Играат на прва ко Барса, гајле немаат. Фудбал за око, игра лепршава ко Сити на Етихад.

Кога ќе тргне наопаку, тргнато е

Куп на Литванија: Шеулеи против Паневежис. Гостите победиле 1-6 а единствениот гол што го примиле бил по нивна грешка.

Пирло + Баџо = боли глава

Андреа тука има 22 години, Роберто 34, а дуелот е Јуве - Бреша одигран на Деле Алпи во 2001-ва година. Заврши 1:1, затоа што овие двајца велемајстори така сакаат. Каков е бре тој прием и дриблинг после таа асистенција. Брилијантно.

Колку е глупо ова кога топката ќе се предомисли

Зимбабве има поштена акција против Уганда и проигрување на место по кое ептен смрди на гол. Но во еден момент голманот се претвора во голем г`злак бидејќи на топката така и се сака.

Руни што направи човеку?

Секој што мисли дека ветераниве што одат да ја завршат кариерата во САД се истрошена роба, се лаже ептен. ДС Јунајтед на Руни го победи Орландо Сити на Нани со 1:0. Лејдис анд џентлмен, Вејн Руни:

Почнал со тенис, на фудбал го викале дебел, а сега го спремаат за новиот Кјелини

Кога екстра талентирано дете од 19 години со една перфектна партија ќе ти го уништи планот и целта на сезоната, што ти преостанува следната година? Да го купиш и да бидеш уште појак, исто како со Кристијано Роналдо.