Фудбал

Реакцијата на навивачите на ПСВ кога Ајакс прими гол во 99-та

Имаме снимка од Ајндховен која долго ќе се врти. Откако ПСВ во претпоследното коло си ја заврши работата со победа против Хераклес од 4:1, навивачите ги вклучија телефоните и го следеа мечот Гронинген - Ајакс каде резултатот беше 1:2. Погледнете им ги реакциите во 99-та минута. До солзи се радуваа на израмнувањето. Прајслес.

Болоња го победи Милан во финале и го освои првиот трофеј после пола век

Фудбалерите на Болоња се апсолутен хит сезонава во Италија откако синоќа го победија Милан со 1-0 на преполниот „Олимпико“ во Рим во финале на Куп на Италија и го освоија првиот пехар од 1974-та година!

Драматична завршница во Холандија, Ајакс прими гол во 99 минута и си ја уништи сезоната

На едно коло до крајот на сезоната, во холандскиот шампионат се случи луд и неочекуван пресврт. Ајакс е во шок, ПСВ е пред славје.

20 годишен анонимус го одложи славјето на Барселона во 95-та минута

Реал Мадрид ја доби Мајорка со пресврт и ја остави разликата со Барселона на -4. Гостите поведоа во 11 минута, Мбапе израмни во 68-ма минута и кога секунди ги делеа Каталонците од заверување на титулата, конечните 2:1 ги постави дефанзивецот Јакобо Рамон и тоа со деби гол на својот втор настап во Лига. 

Маркус Турам си пазари на велосипед низ Милано

Неискомплексиран дечко. Заработува милиони евра, а и натаму е скромен како кога бил мал и не толку познат. Маркус Турам е еден од најзаслужните што Интер игра историска сезона, што се бори за шампионско скудето и ќе игра финале на Лига на шампиони. Тој е меѓу најдобрите стрелци и асистенти во екипата и е прав лидер на нераѕурите.

Тричко - класа, стил и срце на терен

20 години кариера во 11 клубови во 6 држави, 566 настапи и 214 голови, плус 67 репрезентативни меча и 7 гола. Милионски трансфер во Белгија, титула со големата Легија Варшава, легенда на Кипар, пласман со Македонија на Европско. Тивок и скромен јунак со преку 200 гола во кариерата.

Тренерот на Манчестер Јунајтед ќе купи карти за финале за 30 вработени

Додека ПСЖ со гордост соопштува како клубот ќе води преку 600 лица блиски до фамилиите на играчите, тренерите и вработените во сите сектори во клубот, Манчестер Јунајтед мака мачи да ги задоволи барањата на нивните вработени за финалето на Лига Европа против Тотенхем.

Тренинг на Малме со рандом дресови

Ова не потсети на една сцена кога Коби Брајант отиде на сопствен натпревар со дрес од Мајкл Џордан.

Лудница со гол во продолженија и Сандерленд е во финале на бараж

Откако Шефилд Јунајтед глатко го совлада Бристол Сити и во два натпревари од полуфинале на баражот во Чемпионшип му даде шест гола (два пати по 3:0), се чекаше вториот финалист. Сандерленд на гости го совлада Ковентри 1-2 минатата недела а синоќа се играше реваншот. Гостите во 76-та минута дадоа гол за израмнување на вкупниот резултат 2-2 и донесоа права драма. Во продолженија, во 120+2' минута Даниел Балард постигна гол за 1-1, вкупен резултат 3:2 и пласман во големото финале на Вембли. Лудница на трибините!

Медиумските обврски на Аморим откако е тренер на Манчестер Јунајтед

Не е лесно да си тренер во Премиер лига. Нон стоп под лупа на новинари. Буквално. Погледнете колку работа имал пред камерите Рубен Аморим изминативе 6 месеци во Манчестер Јунајтед. Само во Премиер лига, имал обврска да се појави пред камерите 100 пати во 25 кола. На прес конференција пред и по секој натпревар, а истото да го направи посебно за клупскиот канал. Плус 175 интервјуа после секој натпревар на носителите на правата на Премиер лигата. А да е само тоа. Скоро 500 интервјуа дал од ноември до сега или просечно скоро 3 на ден.

Решил Меси да земе малку воздух на балкон

Под балконот вонредна состојба. Инаку се работи за хотел во Сан Хозе.

И ние сакаме ваква атмосфера на Градски

Аргентинците се број 1 навивачи во Јужна Америка за создавање лудница, ама и Бразилците не се лоши. Мечов е финале меѓу Ремо и Пајсанду. Грми трибината.

Ериксон за последната средба со Бекам

Кога легендарниот шведски стратег, Свен Горан Ериксон имаше одбројани денови, Дејвид Бекам направи извонреден и пред сè многу човечки гест. Отиде да го посети лично.

Генијален корнер на Ал Итихад, Бензема прсна од смеење

Уште ваков корнер немавме видено. Што намера имаше братов? Резултат да не чуваше? Па 3:0 имаа во 95-та минута. Тројка да не шутне противникот? И Карим Бензема му се смееше на својот колега.

Куртоа збесна по Винисиус, а има и зошто

Знаат да ловат Шпанците пикантерии од терен и често пати објавуваат и коментираат разни ситуации, кои ние не ги гледаме во пренос. Една таква е од Ел Класико со Тибо Куртоа, кој го пцуеше Винисус. Бразилецот избрза, погреши со додавањето и за малку не примија уште еден гол.

Чуден податок за титулите на Роналдо

Откако си заминал од Манчестер Јунајтед, првиот пат, Кристијано Роналдо освоил само 4 лигашки титули изминативе 16 сезони. Некако неочекувано за него. Инаку ако се ѕирне во неговата витрина која содржи вкупно 33 трофеи, интересно тој во 23 години кариера има само 7 домашни титули. Три со Манчестер и по две со Реал и Јуве. Во Саудиска Арабија не му оди со трофеите.

Антони - детето од фавелата кое има необична приказна

Антони, главната ѕвезда на Бетис сезонава кој блеска во шпанскиот клуб, раснел во фавелата Осаско, една од најопасните во Бразил. „Пораснав во пеколна фавела и видов многу работи како дроги, грабежи, лешеви на земја. Уште бев дете и тоа имаше големо влијание на мене. Изгубив многу другари во текот на животот кои на крајот немаа исти можности како мене“, вели Антони во едно видео снимено од неговиот спонзор ПУМА.

За греота пеналов на Порто

Порто ја совлада Боависта со 1:2, ама пеналов што го направија е смејурии. Не сме виделе до сега волку несреќен пенал.

Го местат Грилиш дека игра офанзивно на Инстаграм

Швајцарската фудбалерка Алиша Леман го освои Скудетото со Јувентус, а топ тема е еден коментар под нејзината објава со фотографии од прославата. Наводно коментар и остава Џек Грилиш, апла директен и потоа станува гужва пред гол. Сите прашуваат каде е коментарот на Грилиш, кој патем е женет човек со деца.

Лука уште е ѕвер

За 4 месеци полни 40 години и ретко добива шанса во стартната постава, ама кога и да се појави на терен, веднаш ја прави разликата. Имаме две видеа. На едното крати топка и ја создава акцијата за третиот гол на Реал. На другото го седнува на газ Педри и повторно прави опасност пред гол. Играл, не играл, играчиште е и не знае за пад на формата.

Проблемот на Арсенал според Евра

Во Премиер лига се втори, во ЛШ испаднаа во полуфинале, а во двата домашни Купови беа елиминирани. И така секоја сезона, Арсенал ја завршува без трофеј како вечно втор. Патрис Евра удри по навивачите.

Сезона 2024/2025 со Ел Класико епилог како никогаш во 123 години историја

Ривалството датира од 13 мај 1902-ра, кога биле удрени темелите на едно од најјаките дерби натпревари на планетата. Оваа сезона ќе биде запишана со златни букви во архивите на Барселона.

Клипчето кое Хари нема шанси да го избрише од телефон

Се искина од давање голови. Има 337 клупски од кои 280 за Тотенхем и 71 за репрезентација. Дури шест финалиња има загубено овој човек во кариерата. Две во Лига Куп и едно во ЛШ со Тотенхем, едно со Баерн во Супер Купот на Германија и две со Англија на ЕП 2020 и 2024. И на крај дочека да се израдува на трофеј на 31 година, после 15 години кариера и куп врвни партии и голови.

Трент Александар-Арнолд исвиркан на „Енфилд Роуд“

Ливерпул веќе на свој терен ја прослави титулата пред повеќе од две недели кога и теоретски го обезбеди шампионскиот трофеј по триумфот со Тотенхем 5:1. Во меѓувреме нивното дете, Трент Александер-Арнолд соопшти дека дефинитивно заминува од клубот по крајот на сезонава и тоа како слободен играч без обештетување. Многу навивачи не го прифатија тоа баш најдобро па некои ги палеле дресовите со неговото име, а други го исвиркаа на дербито со Арсенал (2:2) во неделата на „Енфилд Роуд“.