Со ЛА Галакси во 2011 и 2012 година стана шампион како фудбалер. Со Мајами, како сопственик.
Но, уште поважен и поспектакуларен е неговиот бизнис проект по завршувањето на фудбалската кариера.
Откога се пензионираше ја искористи уникатна клаузула во договорот да може да создаде свој тим и создаде своја франшиза со која ќе се прошири Лигата, за само 25 милиони долари.
(Тогашната такса за создавање на нова франшиза изнесуваше 100+ милиони долари.)
Бекам, во договорот со ЛА Галакси и Одборот на МЛС ја имаше токму таа клаузула за попуст.
Токму тоа и го искористи. Направи проект, Интер Мајами.
Одборот на МЛС го одобри неговиот план во 2018 година, со што Бекам и официјално го стартуваше Мајами.
Пет години подоцна, во 2023 година, Бекам го шокираше светот со потпишување на Меси, зголемувајќи ја вредноста на клубот, во истиот момент.
Пред освојување на шампионатот, вредноста на Мајами беше проценета на околу 1,2 милијарди долари.
Скок од 25 милиони на повеќе од милијарда долари, за само 7 години постоење.
Од денес, таа вредност ќе расте уште повеќе.