Фудбал

Двете најголеми промашувања на Ел Класико

Барселона и Реал Мадрид одиграа дерби за аналите, со невиден пресврт уште во прво и вкупно 7 гола. Мечот со конечни 4:3 можеше да биде уште поефикасен, бидејќи видовме куп зрели шанси и поништени голови. Погледнете ја утката на Рафиња во 74-та за 5:3, а потоа и онаа на Виктор Муњоз во 89-та за 4:4. Лудило.

Како навивачите на Барселона го реметеа Винисиус?

Барселона сезонава на Реал Мадрид на 4 ел класика му даде 16 гола. Ако тоа не е најдобар доказ за односот на силите сезонава, тогаш не се знае што е. За Барса лек не најдоа ниту големите ѕвезди Винисиус, Мбапе, Белингем, Лука Модриќ. Бразилецот синоќа после мечот бил провоциран од навивач на Барселона кој му мавтал со топка за плажа како алузија на „Златната топка“ по која Винисиус толку плачеше.

Анри и Јамал си разменија дресови после Ел Класико

Едниот пензионирана легенда, другиот легенда во доаѓање. 30 години се разлика. Средбата се случи после дербито Барселона - Реал од кое снимка ако начекаме, пак би го гледале цело.

Какво голчиште паднало во Аргентина!

Еден од потрофејните клубови во Аргентина, Индепендиенте добро игра и во новата сезона на Примера Дивизион па после 16 кола е трет со 29 бода, шест помалку од лидерот Росарио Сентрал и два помалку од Ривер Плејт. Синоќа со 1-0 го совладале истоимениот ривал Индепендиенте Ривадавиа а стрелец на спектакуларниот гол бил младиот Сантијаго Габриел Монтиел.

Спектакл кој ќе се памети, Барселона го растури Реал по четврти пат сезонава

Барселона сезонава е празник за очи. После двете екстра луди полуфинања во ЛШ со Интер кои ги одигра 3:3 и 4:3, одигра неверојатно Ел Класико на кое победи со 4:3. Бадијала хет-трикот на Мбапе. Рафиња и Јамал везат. Разликата сега е 7 бода.

Што е со пасов дете?

Барселона има предност од 4:2 по 45 минути игра, ненормален и до сега невиден резултат на Ел Класико после едно одиграно полувреме. Можеа да бидат и повеќе, ако Рафиња не промашеше зицер со глава. Погледнете каква топка му сервираше Јамал. Не е нормален малиот.

Историјата не памети вакво Ел Класико, 6 гола паднаа во прво полувреме

Нестварно дерби играат Барселона и Реал Мадрид во меч кој може да биде клучен за титулата. Со двата гола на Мбапе во првите 14 минута, кралевите имаа 0:2. Каталонците вратија дрско, безобразно и невидено до сега, со дури 4 гола до 45 минута. Што ли ќе гледаме во второ?

Славје на Алијанц арена за титулата и збогување со Томас Милер

750 натпревари, 247 гола, 176 асистенции, 13 првенствени титули, 2 Лига на шампиони, 2 Клупско светско, 6 Купови на Германија, 2 Супер Купови на Европа и 8 Супер Купови на Германија. Toa e Томас Милер.

Падна најбрзиот хет-трик во Ла Лига за само 3 минути и 57 секунди

На три кола до крајот на сезоната, Атлетико Мадрид и официјално завери учество во ЛШ, откако го совлада Реал Сосиедад со 4:0. Историски натпревар за Александер Серлот, кој ги помести границите во шпанскиот фудбал и го запиша најбрзиот хет-трик. Норвешкиот напаѓач стрелаше во 7`, 10` и 11` минута и не застана на трите гола. Во 30-та минута постигна и четврти.

Па еднаш и судијата да даде гол

90 минути, секој натпревар, трчаат, посматраат, судат, се расправаат, трпат мајки шаки, а контакт со топка нула. Во Холандија еден се запиша на листата на стрелци.

Не се воодушевуваат сите од Јамал

И многу поткасти и мислења не се на арно. Ја чувте ли вие приказната за „битангата“ Јамал?

Избран е најгрдиот стадион во Европа - загрепски Максимир е трет

По истражување на агенцијата Мани (Money), а спроведена врз основа на рецензии од Гугл, ТрипАдвајзор и Фудбал Граунд избрани се најгрдите стадиони во Европа според најслаби оцени и критики на овие платформи. Редовно има избори за најубави арени, а ова е сега листа на најгрди.

Лудорија од топовски удар во Јужна Америка

Паралелно со натпреварите во Лига Европа и во Јужна Америка се играше второто по ранг клупско континентално натпреварување. Од таму ни доаѓа еден од најјаките проектили на колото, месецот, па и сезоната. Егзекутор е Колумбиецот Џими Валојс од перуанскиот тим Сиенсиано.

Две минутна компилација со Јамал од двобојот со Интер

Детево демонстрира врвна класа на големи натпревари и на големи натпреварувања, а има само 17 години. Неизбежна е споредбата со Меси. Нешто најблиску до него од сите таленти на европската сцена.

И сега ова да го крстиме мајсторија или нафрлување?

Полуфиналните двојки во Лига Европа не донесоа неизвесен фудбал. Манчестер Јунајтед го шутна Атлетик Билбао со вкупни 7:1, а Тотенхем го реши Бодо Глимт со вкупни 5:1, откако синоќа славеше 0:2. Педро Поро ги збуни сите со голов.

Голеада на Олд Трафорд, по еден еврогол на двете страни

Многу слабиот Манчестер Јунајтед во Премиер лига, покажува сила во Лига Европа. После оние 0:3 во Билбао, го збриша шпанскиот претставник дома со 4:1 за вкупни 7:1. Две голчишта во фокусот на Лига Европа, на Микел Јаурегизар и Мејсон Маунт. Финалето во ЛЕ е англиско, бидејќи за противник на 21 мај во Билбао им се падна Тотенхем.

И Ривер го виде стилот на Сегундо Кастиљо

Еквадорецот Сегундо Кастиљо четири сезони играше за белградска Црвена звезда и остави голема трага со 48 настапи, 15 гола и освоени трофеи. Потоа играше во Вулверхемптон па во Мексико, на кратко во Саудиска Арабија па се врати дома во Еквадор. Сега е тренер на еквардорска Барселона СЦ која синоќа играше со Ривер Плејт во Копа Либертадорес и изгуби 2:3. Кастиљо веќе подолго време се облекува дречливо во апстрактни одела и чевли за на свадба.

Ново гол шоу на Антони, историско финале за Бетис

Фиорентина и Бетис преку 120 минутна битка го решија полуфиналето во Конференциската лига, откако во регуларниот дел се повтори резултатот од 2:1 за домаќинот. Играч на натпреварот Антони.

Кога Савичевиќ ги шашардиса Баварците во полуфинале со 16 успешни дриблинзи

Налетавме на јак евергрин од Црвена Ѕвезда во Лига на шампиони, а тоа е последната пречка на Ѕвезда пред финалето во Бари 1991. Клипот е само со велелепните потези на Дејо.

Интересен податок за Реал Мадрид и Барселона во ЛШ

Од 2007-ма година до сега, патот на победникот во Лига на шампиони бил следен: Или морало да елиминираат еден од Барса и Реал или пак Барса или Реал станувал шампион. Така било секоја година, така и ќе продолжи ако Интер го подигне трофејот. Ако слави ПСЖ, тогаш оваа серија прекинува после 17 години.

Скап затворски дриблинг

Притворен од нејасни причини, пуштен на слобода па пак вратен во келија.

Последното француско-италијанско финале во ЛШ

Битката ПСЖ - Интер ќе биде само второ финале во историјата на Лига на шампиони, со претставници од овие две земји. Првото се одигра во 90-те, исто во Минхен.

Фудбалер на Баерн Минхен ограбен во Париз

Саша Боеи е француски десен бек од Баерн Минхен. Има 24 години. Поради повреди најчесто беше отсутен, а во шампионскава сезона одиграл 12 меча и има една асистенција. Синоќа бил во Париз да го гледа натпреварот ПСЖ - Арсенал во полуфинале на Лига на шампиони. И мислел дека е во Минхен а не во Париз. Има среќа таа руља што не го соблекла до гола кожа ако се види што правеле низ градот синоќа.