Ролеркостер натпревар меѓу Манчестер и Борнмут со 8 гола, два од слободен

Манчестер Јунајтед и Борнмут понеделнички го заокружија 16. коло од Премиер лигата, спектакуларно со натпревар, кој не ти дозволува да смениш канал. Заврши 4:4 со три пресврти: 2:1, 2:3, 4:3. На слободниот удар на Маркус Таверние, Бруно Фернандеш одговори со уште поатрактивен слободен. Манчестер е шести со 26 бода, колку што има и Кристал Палас. Борнмут е на 13-та позиција.

16 декември 2025 - 07:49