Панчев: Ние направивме успех со наши домашни играчи и тоа е многу важно, а сите европски прваци од 60-те па натаму, кои освојуваа најмногу трофеи, тоа го постигнуваа благодарение на извонредните странци. Да ги немаа нив, немаше да освојат ниту 10% од трофеите. Она што го кажа Биниќ беше многу важно. До 27, 28 години игравме во Југославија и се формиравме како играчи во многу јака лига. Ако останеа сите, 100% ќе игравме уште финале во ЛШ, бидејќи бевме до толку воиграчи, што можевме со заврзани очи да играме.