Во денови на прекрасен и возбудлив фудбал во Катар, на два дена пред финалето Франција - Аргентина, на 16 декември 2022-ра, од Италија пристигна неубава вест. Почина Михајловиќ на 53 години. Три години биеше лавовска битка со леукемијата. И даде два слободни удари, но третиот пат не успеа да ја победи.