Фудбал

Голманот на Шкендија за 2 секунди два пати ја промаши топката

Тетовчани или поточно нивниот голман Костадин Захов му подари бод на Работнички во куп натпревар кој заврши 1:1, затоа што киксираше како никој друг. Па во корна да ја рогнеше ќе беше подобро од ова.

Голот на Дел Пјеро со кој ги победи логиката и физиката полни 25 години

За оваа мајсторија се вели дека е единствена затоа што нема друг гол сличен на овој. Алекс го паметиме по кифлите од игра и слободните удари, ама ова е нешто сосема поинакво, а го изведе на 20 години кога колеги му беа повозрасните Баџо и Виали.

Аферата со тешкиот преварант што ја збуни цела Данска

Данскиот фудбалски прволигаш Виборг се обратил во полиција, откако потпишале договор со 25-годишен Холанѓанец, кој никогаш претходно не играл фудбал и кој ги измамил. Целиот скандал го откриле два дански медиуми кои решиле сериозно да ја истражат целата позадина.

Твитерот на ФК Каменица Саса станува сè подобар

Откако Осогово докажа дека и како македонски клуб може да се биде цар во интернет просторот, признаен и од една Рома, по одлични стази чекори и второлигашот Саса од Македонска Каменица. Се гледа дека и тие се талентирани за хумор, без кој нели што ќе ти е Твитер.

Како човек да му верува на Мурињо

Жозе Мурињо, пред гостувањето на Олд Трафорд со Тотенхем за Кореецот Сон изјави: „Сакам да му честитам на Сон, што трет пат по ред го избраа за најдобар играч на Азија. Заљубен сум во тој дечко! Замислете ги луѓето кои биле со него четири или пет години, фантастичен дечко!

Манчестер Сити се отвори со убави голови

Конечно голеада на момците на Пеп кои трудно тераат со формата. До синоќа беа со една победа на последните пет средби. Го нечекаа Барнли и го декласираа на гости 1:4.

Цела игра им ја држи Лукаку

На прва изгледа дека е бавен, ама и не е до толку, колку што физикусот ве тера така да мислите. Не е само поентата во тоа што е втор стрелец во Серија А со 10 гола, туку во начинот на кој се снајде во играта на Интер.

И Роналдо доби награда, ама ја чекаше како да е Путин

Кристијано Роналдо синоќа беше прогласен за трет најдобар фудбалер во светот на церемонија во Париз каде не се појави. Истовремено во Милано се одржуваше друга церемонија на која се појави, ама не како што се очекуваше или како што тоа го прават сите други.

Дрогба користи мобилен стар 5 години кој чини 16.000 денари

За време на гала вечерта за доделување на наградата „Златна топка“ во Париз, легендарниот фудбалер го имаше моментот на вечерта кога откри една интересна анегдота.

А има некој што не гласа за Меси и Роналдо?

Веќе една деценија го држат приматот и ги собираат наградите со исклучок на ланската кога доминацијата барем за момент им ја прекина Лука Модриќ. Ама без разлика на тоа што се најјаки, има ли земји кои не мислат така?

Еклатантен пример зошто Холандија е друг свет

Марко Ван Бастен, жива легенда на холандскиот фудбал, еден од најголемите после Јохан Кројф, во едно студио каде работи како стручен коментатор, од само нему познати причини рекол: „Зиг Хајл“, познатиот нацистички поздрав. Го суспендираа од работа, му одбија плата, го избришаа од ФИФА20.

Огнометот на Сардинија, одговор на тие што ја негираат Серија А

Во последниот меч од 14. коло на Серија А, синоќа Каљари и Сампдорија одиграа луд меч кој заврши 4:3. Од 69’ до 76’ минута паднаа 4 гола, а победникот го одлучи Чери со гол во 90+6’ минута.

Зошто шпицот на Лестер Ихеаначо има чудни точки под презимето?

Екипата на Лестер во моментов е второ место во Премиер лигата, а „лисиците“ го играат можеби најубавиот фудбал во цела лига, поубав дури и од времето кога со Раниери сензационално ја освоија титулата. Келечи Ихеаначо им е еден од поинтересните играчи.

Реакцијава на Симеоне само потврдува каков монструм од играч е Лео Меси

Атлетико е Атлетико со Ел Чоло. 90 минути гризе, игра цврсто и одлично им парира на Реал и Барса низ годиниве. Ама и 120% да дадат од себе, пак е џабе кога треба да се чува најдобриот.

Добро вие фудбал играте или пинг понг?

Погледнете ги царевиве во Полска каква акција врзаа. Ако не сте доручкувани може да ви се слоши. Полека, не мора да броите колку пати ќе ја удрат.

Се стутка целиот и му ја даде

Порто славеше синоќа против Пакос Фереира со 2:0. Вториот гол е дело на Ѕе Луис кој изведе една многу тешка акробација за да ги направи ножичкиве. Како ли му успеа ова? Ко ќофте се собра.

Зошто УЕФА направи каша попара со ждрепката за Европско 2020

Како никогаш досега, со новите претумбувања на системот на квалификации и главната ждрепка, европската фудбалска унија го збуни обичниот љубител на фудбалот кој сериозно треба да се помачи, за да сфати кој што како и зошто.

Кај се видело бе голман да изведува аут?

Остај што го изведува, туку погледнете како го изведе и до кого. Киксов кој не може да се објасни се случува во Јужна Кореја. Абе имаше играч пред тебе кој ти ја бараше, каде ја даваш таму?

18-годишен голман на Сасуоло бранел во петок за младинци, па во недела против Роналдо и Јуве

Фудбалот и спортот воопшто се режисери на многу фини приказни. Викендов видовме две бајки, едната во Лондон, другата во Торино. Заедничко и за двете е што во главни улоги се голмани.

Понеделничка мотивација со деца кои пејат за Вардар

Одлична е идејата да се учат децата на спорт уште од мали за да не закржлават, а уште подобра е кога идолите ќе им ги донесеш на час. Дечињава од основното училиште Рајко Жинзифов се тип топ спремни со денешната лекција, погледнете, сите станаа да одговараат пред Попов и компанија. 

Џиџи, време е за пензија мајсторе

Во неделното матине, Јуве го пречека Сасуоло и спасуваше бод. Гостите прво израмнија во 23’ минута, па во 47’ минута поведоа 1-2 преку Капуто по две грешки на Буфон во една акција.

Има ли место меѓу кандидатите за гол на сезона за овој спектакл?

Викендов во трета германска лига се играше дербито меѓу второпласираниот Хале и првиот на табела Дујзбург. И 89 минути немаше ќор гол за пред крајот Теренс Бојд да го постигне можеби најубавиот гол во цела Германија во есенската полусезона. Победнички за три бода.

Кристијано бе?

Каква ситуација на мечот Јуве - Сасуоло на 2:2. Дибала шутира во гол, Роналдо му ја брани, ама несакајќи се разбира. А имаше опции, само не му проработи инстинктот. Како на пример да ја сврти со петица или да ја оставеше, можеби па немаше да ја фати голманот. Кој знае.

Е мој ВАР, зар вакво голиште да поништиш

ПСВ Ајндховен тргна јако во Ередивизија, мелеше сè пред себе, но во овој дел од сезоната како да клапнаа па врзаа многу порази и нерешени средби и Ајакс им избега, верувале или не, цели 13 бода. Викендов играа против Емен на гости и спасија жива глава (1:1). Во 19’ минута домашниот играч Глен Бајл погоди точно од средина на теренот ама му го поништија голот поради фаул после ВАР.