Со два сјајни гола против Шведска на „Френдс Арена“ во Стокхолм, Кристијано Роналдо стигна до 100. и 101. гол во националниот дрес. После мечот бил расположен да зборува на разни теми а најинспиративен бил кога го прашале за Дејан Кулушевски.
После две кола во Лига на нации, Франција има 6 бода по триумфите над Шведска (0:1) и синоќа над Хрватска (4:2). Натпреварот во Париз по неколку нешта се совпаѓа со финалето на овие две селекции на Мундијалот во Русија.
Кристијано Роналдо не играше на отворањето на новото издание на Лига на нации против Хрватска (4:1) поради мала повреда и неизвесно беше дали ќе игра против Шведска во второто коло на гости. На крајот дојде, виде, сам ги победи и си замина.
Селекцијата на Белгија го наполни Исланд со 5:1 на синоќешните средби во Лига на нации, а најголемо внимание привлекоа погодоците на Батчуаји и Фридјонсон.
Трета фудбалска лига на Полска. Натпревар меѓу Блекитни Старгард и Сувалки. Гостинскиот голман Хиероним Зоч решава на еден слободен удар да излезе во живиот ѕид а негов соиграч ја спасува топката од гол линија.
Откако ја растурија Хрватска со 4-1 на стартот на новото издание на Лига на нации, Португалците како актуелни европски шампиони и прваци во Лига на нации, вечерва гостуваат кај Шведска. На самиот истек на првиот дел Кристијано Роналдо го даде својот 100. јубилеен погодок за својата земја. Еврогол. А во 73' минута зголеми на 0:2 со можеби уште поубав гол.
По триумфот над Ерменија, македонската фудбалска репрезентација одигра задоволувачко реми на гости против Грузија, во второто коло од новата сезона во Лига на нации. Последните половина час ги одигравме со десет играчи откако Висар Муслиу доби незаслужен црвен картон.
Понекогаш не е фората само да ја пукнеш од 30 метри за да биде еврогол, туку треба и уметност, како примеров со Романецот Александру Максим против Австрија. Потсетува малку на потегот на Карел Поборски на ЕП 1996.
Поради конфликт со управата за што отворено зборуваше во интервју за сајтот Goal.com, Лионел Меси некое време не е задоволен од претседателот на Барселона Бартомеу и има голема желба да замине. Ама договорот не му дозволува.
Некогашниот прволигаш и учесник во еврокупови Карпати од Лвов веќе неколку години мака мачи во пониските лиги. Сега е второлигаш, а на мечот со Подоље од Хмелницки ај што изгубија 0:3 туку и имаа интересна одбрана на еден напад.
На 7 септември 2005-та, еден несреќник од Андора фати да му се смее на Руд затоа што промаши пенал на мундијалски квалификации во група каде бевме и ние. Конечен резултат? 4:0 за Холандија, два гола за холандскиот голгетер.
Да, најважен му е дефинитивно пеналот против Марсеј, вреден пехар во ЛШ, но на неговиот роденден се навраќаме на една соседско политичка битка која Панчев ја доби и пред камерите и на терен. Ги затна Грците со два мајсторски потези.
Денес легендарниот турски фудбалер кој освојуваше еврокупови уште во минатиот век, полни 40 години. Пред месец дена стави крај на својата долга и богата кариера.
Една од најголемите желби во животот му била дедо му да дојде да го гледа на дербито против Реал Мадрид на „Камп Ноу“. Дедо му кој како мал секојдневно го возел на тренинг и назад до дома. Ова е фудбалската приазна на Марк-Андре Тер Штеген.
Елиф Елмас треба да се среќен што има репрезентативни обврски, бидејќи на еден од последните тренинзи на Наполи, на Гатузо му се падна да биде во средина.
Големото ривалство меѓу ЛА Галакси и Лос Анџелес продолжува во МЛС. И без Златан Ибрахимовиќ кој растураше во американската лига, Галакси со 3-0 ги столчи ривалите. Последниот гол на мечот беше преубав. Автор Себастијан Леџет во 83' минута.
За фудбалер во пензија ова е велелепно, па дури и неверно дека е Патрис Евра во прашање, бидејќи откако се повлече, само се снима и глупира по дома. Не бе сериозно, Роналдињо да не е ова?
За време на пријателската меѓу Гронинген и Арминија Билефелд додека трае Лига на нации, Арјен Робен во 17' минута покажа зошто навивачите толку многу се израдуваа на неговото враќање во фудбалот.
Натпреварот Soccer Aid е еден од најголемите хуманитарни настани во годината. Фудбалски ѕвезди и лица од шоу бизнисот играат на најдобрите стадиони и собираат средства за хуманитарни цели.
Македонската фудбалска репрезентација со победа над Ерменија 2:1 (2:0) го отвори новото издание на Лига на нации и во добар амбиент ќе го чека второто коло против Грузија на гости.
Ја нарекуваат најмоќната жена во светскиот фудбал, а имајќи ја предвид нејзината улога и одговорност, таа е речиси анонимна. Лицето и го гледаме, но гласот не и го слушаме, а во позадина е опасно добра за работа.
На 4 септември 1994-та, Рома предводена од Карло Мацоне во прво коло ја пречекаа Фоџа на Земан. Во игра се појави едно младо дете по име Франческо кое на крајот на тој месец наполни 18 години. Кој би рекол дека 24 години подоцна ќе се пензионира во истиот дрес како икона на клубот и прв стрелец во историјата со 307 погодоци.