Фудбал

Кога еден обичен мејл го спасил Ливерпул од банкрот и го направи тоа што е денес

Ако некоја од големите продуцентски куќи го снимала одблизу амбиентот во новиот англиски првак од 2010 до 2020, би можел да се појави документарец за Оскар. Денес ретко кој памети дека Ливерпул губеше од четвртолигаши и беше пред колапс.

Како се славеше на Енфилд Роуд доцна синоќа

И покрај сите препораки и мерки од медицинските лица, од здравствените власти, од полицијата па дури и од нивниот тренер, навивачите на Ливерпул не можеа да оддолеат и да не излезат на улица да ја прослават првата шампионска титула после цели 30 години!

Гол кој се гледа неколку пати, не само еднаш

Луд меч со дури 5 гола одиграа Брага и Виториа Гимараеш во Португалија. Во првите 45 минути паднаа 4 погодоци од кои оној на домашниот играч Тринкао за 2-2 во 42' минута се гледа неколку пати.

Фудбалерите на Ливерпул заедно одбројуваа до историскиот момент

Математиката синоќа беше јасна. Челси требаше да го совлада Манчестер Сити со што и официјално титулата е решена. Мечот заврши 2:1, а тоа значи Ливерпул 86 бода, Сити 63 или предност од 23 бода на 7 кола до крај. Играчите ја гледаа заедно и со душа го чекаа поледниот свиреж на Стемфорд Бриџ. Ова се снимки за историја.

11.016 дена меѓу шампионските титули на Ливерпул

Веднаш по завршувањето на мечот Челси - Манчестер Сити (2:1) кога стана јасно дека Ливерпул е нов шампион на Англија и тоа на цели 7 кола пред крајот, илјадници навивачи излегле на градските улици.

Првата реакција на Клоп по освоената титула на Ливерпул

Јирген Клоп е во клубот само пет години во кои се бореше и на крај ја достигна целта, но навивачите чекаа 30 години, исто како и клупските легенди Стивен Џерард и Кени Далглиш. Царот, се појави пред камера возбуден со солзи и им ја посвети титулата на нив.

Кое е 15-годишното дете кое заигра против Реал и постави рекорд

Реал Мадрид синоќа остана единствен клуб во Шпанија којшто ги забележа сите победи по рестартот на сезоната. Против Мајорка го остварија четвртиот триумф за десет дена но главен јунак на мечот беше еден млад фудбалер.

На Реал не му треба напаѓач, Рамос е врвен стрелец

Реал Мадрид го задржа првото место во Ла Лига откако синоќа со 2:0 ја совлада Мајорка. Во последните две кола победничките голови ги даде капитенот и штопер Серхио Рамос кој урна неколку рекорди.

Снајдер во Реал Мадрид го утнал друштвото

Холандскиот фудбалски ас кој заедно со Пандев ја славеа историската тројна круна во Интер, утре ќе ја објави својата автобиографија. За делот од кариерата поминат во Реал, има неочекувано признание за споделување со светот.

Кифлата на Трент Александер-Арнолд

Ливерпул од час во час е сè поблизу до 30-години очекуваната шампионска титула во Англија. Синоќа со 4-0 го преслушаа и Кристал Палас, на црвените им нема никој рамен, а десниот бек Арнолд со страшен гол го отвори резултатот.

Детето што ја однесе Ворксла во финале на Куп на Украина

Павло Исенко уште на 16 години се издвојува како еден од подобрите голмани во Украина. Дебитираше за првиот тим на Ворксла Полтава и со три одбранети пенали во полуфиналето на Купот, го однесе својот тим во финале.

Спортска среда со мераклиски голови

По три месечното фудбалско мртвило, сега човек не може да постаса со фудбали, бидејќи распоредот им е турбо и секој ден има што да се гледа. Синоќа во Серија А паднаа 14 гола на три средби. Ви издвојуваме топ 4.

Рамос ја здува од слободен удар?

Звучи неверно бидејќи скоро сите голови за Реал Мадрид му се од прекин со глава, најчесто од корнер, но синоќа против Мајорка бевме сведоци на негова бравура, која Трајковски ја виде од клупа. 118-ти гол му е ова во кариерата. Секоја чест мајсторе.

Златко сака да ви покаже како изгледа еврогол со волеј

Австриското дерби заврши со 9 гола и потоп на Салцбург против Рапид од 7:2. Еден од нив е дефинитивно гол на сезоната во нивното првенство, бидејќи за ова ремек дело на Златко Јунузовиќ нема конкуренција.

Грешко нема згрешено вака на Меаца

Промашување на колото и сезоната е недоволно за да се објасни оваа мистерија. Интер води 2:1 против Сасуоло, го има мечот в раце и готово е да го затвори со 3:1, но Гаљардини го прави невозможното и на крај заврши 3:3.

Тој што ќе известува потопен, тој да си го земеш

Евгениј Евневич, новинар на рускиот канал Матч ТВ пред мечот меѓу ЦСКА и Ахмат од Грозни, реши да ја истера професионалноста до крај.

Пред точно 10 години се одигра најдолгиот меч во историјата на тенисот

Три дена, 11 часа и 5 минути со крајни напори топчето го удираа Американецот Џон Инзер и Французинот Николас Мау. Ни самите ден-денес не знаат како издржале.

Најдобриот стрелец во Серија А има бавча, ама избрза со берба на доматот

Уште ова го немавме видено додека беа во карантин. Чиро Имобиле држи разновидна бавча во која има помош од жена му Џесика, ама со исклучок на тој големиот патлиџан печен за салата, другиве уште како зеленки ни стојат а?

Данска е тоа, се почитуваат правила и затоа има публика

Некој ќе рече има и на Балканов публика (Србија, Црна Гора и Хрватска), ама видовме по примерот на тенискиот тур Адриа Тур како тоа заврши. Зошто гледачи нема во Англија, Шпанија, Италија, а во Данска има лимитиран број?

Евроголот на Ердоган

Претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган неколку пати покажа дека има њух за топка, а на еден ревијален натпревар организиран од клубот Башакшехир Истанбул постигна еврогол.

Херојски гол на Ристевски во 94-та за победа на неговиот тим

Македонскиот репрезентативец е должен за одбраната на Ујпешт, но кога најмногу требаше се најде во напад и го реши мечот во последните моменти од средбата. Со тоа им донесе многу важен триумф во битката за опстанок.

За Меси ВАР како да не важи

При резултат 0-0 на мечот против Атлетик Билбао, во 69' минута Лионел Меси многу опасно стартуваше над Јерај Алварез, штоперот на гостите, ама ниту судијата реагираше ниту од ВАР собата му сугерираа да погледне видео снимка. За ваков старт неизбежно се дава црвен картон.

Ти убаво што влезе во гол, а топката?

По освојувањето на Купот на Италија, Наполитанците останаа трезни и со триумф од 0:2 стартуваа и во Серија А на гостувањето против Верона. Елмас остана на клупа, а срамот го изеде фудбалер на Верона.

Што мангуп е Дејан со левицата

“Македонското дерби“ во Серија А го доби Дејан Кулушевски кој ја запечати високата победа на Парма против Џенова на гости од 1:4. Еден час игра за Пандев, гол за младиот Кулушевски кој многу умешно го измами и чуварот и голманот.