Македонскиот репрезентативец, Езџан Алиоски и официјално ќе биде дел од Премиер лигата наредната сезона откако со Лидс ја завери челната позиција во Чемпионшип. Славјето е големо, а главен пред камери како и секогаш е нашето крило.
Милан игра во врвна форма по паузата и има скор од 6 победи и 2 нерешени, а синоќа ја декласираа Болоња со 5:1. Малиов ќе им го биде, има сенс за фудбал и веќе неколку пати покажа сезонава што мангуп е во шеснаесетник.
„Топџиите“ ги начекаа мамурни Ливерпул и Манчестер Сити па глатко ги победија. Едните со 2:1 во Премиер, а другите со 2:0 во полуфиналето на ФА Купот и по рекорден 21 пат се пласираа во големото финале на најстариот фудбалски турнир на светот. Може да ја спасат сезоната со трофеј.
Гвардиола не успеа да го стигне Арсен Венгер како менаџер кој освоил 6 ФА Купа во Англија, а не знаеме ни на што се должи тоа што зборуваше со замислен соговорник на клупата за резерви.
Академика Клинчени е на добар пат да остане во романската прва лига зошто во плејаутот игра добро. Синоќа освои 3 бода против првиот следбеник Волунтари, ама за она што го направија Евџениу Чеботуару и неговите соиграчи, нема коментар. Поглуп слободен удар немало долго време. А мора а го видите и вториот гол на мечот.
Светското првенство 1994 важи за еден од најлегендарните фудбалски турнири некогаш одиграни во историјата. Некои го паметат на прва по пеналот на Роби, некој по Ицо Стоичков, некој по Хаџи и лудите Романци, а некој по Ромарио и Бебето.
Слабата форма Лацио ја плати со пад на четврто место и сега Интер е втор со 6 бода помалку од Јувентус на 5 кола до крај. Во ерата на 3 бода за победа од сезоната 1994/1995, само еден клуб во Серија А успеал да ја анулира предноста на лидерот и да слави титула.
Да, убаво прочитавте во насловот. Во Патот до успехот гостува шпанската легенда која стигна до следниве успеси: 9 трофеи како играч на Реал, 8 како тренер на Реал од кои 2 во ЛШ, плус светска и европска титула со Шпанија. Каква чест.
Најдобриот млад фудбалер на сезоната во Европа (44 гола на 40 меча за Салцбург и Дортмунд сезонава), Норвежанецот Ерлинг Халанд со уште една фотографија покажа дека летово е спремен да помогне во домаќинството.
Првпат после 2014-та година пехарот наменет за шампионот или оној за освојувачот на Купот во Шпанија нема да го крене капитен на Барселона. Каталонците имаат фрустрирачка сезона во домашните натпреварувања, односите управа-терен не се сјајни, а не се ок ни оние на релација играчи-тренер. Барса синоќа изгуби дома од Осасуна со 1:2 и тоа со играч повеќе.
На Герет Бејл дефинитивно му дише главата. Колку и да е гневен кон некој или нешто во клубот за што прашање е и дали има право, ако е вистински професионалец ќе го одработи договорот до крај како што е редот, а не да се однесува како Балотели да му е брат.
Реал и Барселона се израмнија по вкупниот број на освоени трофеи во клупската историја. Верувале или не, со сите пехари кренати низ историјата во разно-разни натпреварувања, и „меренгес“ и „блауграна“ имаат идентичен број на трофеи.
Овој човек не знае по еднаш да ги освојува трофеите. Само три цели сезони е тренер на Реал Мадрид, инаку негов прв клуб во кариерата, а веќе сите ги дуплираше. За ЛШ пак да не правиме муабет. Пази ова: Во просек на секои 19 меча им носи по еден трофеј.
Во вечерта кога кралскиот клуб ја освои 34. шампионска титула, македонскиот репрезентативец постигна два гола и беше главен творец на триумфот на Леванте на гостувањето кај Селта Виго со 2:3. Барди го одигра 100. меч во Ла Лига и стана најдобриот странски стрелец во клупската историја со 18 гола.
Најсилен е, најкорпулентен и има 102 кила. Едноставно не личи на фудбалер, а уште помалце на напаѓач со таа негова билдерска конституција. Не може да се дорадува што за прв пат на 38 години ќе заигра во Чемпионшип со Викомб.
Збигњев Јаник им даде мотив повеќе на локалците од неговото место да дебатираат за фудбал, откако овој фудбалер на Блиск Кужнишко од 7-ма полска лига постигна голчиште против Полонија Тржебница.
Нов соиграч на нашиот Елиф Елмас би можел да стане еден млад Нигериец кој ги пореметува противничките голмани и кој има страшна животна приказна иако има само 21 година.
Италија добива нов класичен шпиц - сидраш. Федерико Бонацоли е 9-ка на Сампдорија. Има 23 години (роден 1997). Пред фудбалот да прекине поради пандемијата даде само 2 гола во Серија А, а сега по рестартот постигна 4 гола (3 во 3 дена) од кои 2 се прераскажуваат.
Една од екипите која фати одличен ритам после паузата е Милан кој е во одлична серија од 5 победи и 2 нерешени. Синоќа ја совладаа Парма со пресврт и триумф од 3:1. Голот на колото во Серија А го има Франк Кеси.
Адама Траое по којзнае кој пат го изора теренот, направи невиден слалом, а акцијата ја доврши Раул Хименез со школски волеј. Тоа беше 17-ти гол за Мексиканецот сезонава а има и 6 асистенции. Кој од кој поубав гол му беше лани и годинава.
Клубот Бодо Глимт има неверојатен, незапаметен старт во најдобрата норвешка лига. На 8 меча имаат 8 победи со гол разлика 32:8. Ако вака продолжат може да стигнат до историска титула. Синоќа со 2-1 го совладаа Кристианштуд, а победничкиот гол беше страва.
Едниот играше во Интер, другиот во Милан, а синоќа се појавија на терен како тренери на Болоња и Наполи 1:1 и во еден момент седнаа на иста клупа. Ете тоа е фудбалот кој го сакаме. Џентлмени.