Фудбал

ФИФА објави постер за Мундијалот, па го избриша поради Роналдо

Остануваат неполни 7 месеци до стартот на Мундијалот на 11 јуни. 42 селекции веќе се пласираа, остануваат 6 слободни места. Светската куќа на фудбалот промовираше постер со ѕвезди од сите репрезентации, но се соочи со лавина коментари на социјалните мрежи. Го заборавиле Кристијано Роналдо, а од Португалија го ставиле Бруно Фернандеш. Го избришаа после коментарите.

Нови срамни сцени во мак-фудбалот: редар на Шкендија нападна фудбалер на Брегалница

Во македонскиот фудбал речиси да нема коло да нема некој екцес. Сега повторно во Арачиново, познато место по инциденти и тепачки против гостинските екипи. За време на дуелот меѓу Шкендија Арачиново и Брегалница Штип на полувреме еден од редарите нападнал гостински фудбалер со клоца а набрзо другите интервенирале да не настане уште поголем хаос на теренот. Во моментов Шкендија Арачиново е прва на табела во Втора лига со 32 бода а Брегалница е втора со 27 бода.

Вардар меѓу непобедливите со Баерн, Порто и Бенфика

Заврши репрезентативниот фудбал за годинава. Се враќаме на клупски. Налетавме на јак податок за Вардар. Со Македонија се гледаме здравје во март догодина.

Варнер Брос тужи турски репрезентативец поради Хари Потер

Дваесет и седум годишниот крилен напаѓач на Фенербахче и репрезентациајта на Турција после врвните партии во Галатасарај замина во Бенфика каде се задржа само една сезона па се врати да игра за лутиот ривал Фенербахче. Сега се соочува со тужба од најпознатото светско студио.

Бирминген ќе гради чудесија од стадион со 12 оџаци

Проектот е замислен како нов симбол и „светилник на извонредност“ за Бирминген и регионот Вест Мидлендс, со цел да го трансформира градот и да направи дестинација која ќе функционира седум дена во неделата.

Еден од најјаките потези еден на еден на Алваро Рекоба

На денешен ден пред 26 години, дефанзивец на Лече „заврши на лечење“, откако се соочи со Рекоба во шеснаесетник. Репортерката вели дека Роналдо бил повлечен од игра поради замор, а Баџо и Виери биле повредени. Нема проблем, затоа тука е Уругваецот Рекоба, кој „го уништи“ противникот.

Само што го озборуваше, Депај му одговори со гол

Во дербито на вечерта во бразилската Серија А, Коринтијанс со 3-1 го победи Сао Пауло. При резултат 1-1, во 84-та минута коментаторот зборува за Холанѓанецот Мемфис Депај дека кога и да игра за холандска репрезентација дава голови, а дојде ли во Коринтијанс не може да даде гол и постојано е повреден. Додека го збори тоа Мемфис постигнува прекрасен гол за 2-1. На крај дадоа уште еден, втор на Јури Алберто во 89-та за конечни 3-1.

Еуфорија во чест на Перишиќ кој влезе во клубот 150

Хрватите се прошетаа во квалификациската група Л, каде завршија убедливо први со 7 победи и едно реми, како и гол разлика 26:4. Иван Перишиќ против Црна Гора стигна до голема бројка од 150 репрезентативни настапи. Пред него е само Модриќ со 194. Одигра четири Европски, а следната година ќе го игра и четвртото Светско. Јубилејниот настап се славеше во соблекувалната во Подгорица.

Го знаете ли вие Кафу од Тему?

Нема он зошто да трча. Другите трчаат за него. Само изгледа ќе треба да си најде појако друштво.

Среќен роденден легендо, и 100ка да си дочекаш

На 19 ноември 1935 во Кавадарци, (доцниме еден ден со честитките), роден е Андон Дончевски. Асоцијација за Вардар и македонската фудбалска репрезентација.

Пусти Столе едвај во такси влезе од шпанските новинари

Додека Македонија во Цирих го чекаше противникот во баражот за Светско, во Шпанија новинарите го чекаа Столе Димитриевски уште на аеродром. Причина? Тврдењата во подкастот на Лазаров, дека во Валенсија нема вистинска конкуренција, поради тоа што Жулен Агирезабала дошол како втор голман, но морал да брани 30% од мечевите, затоа што имал таква клаузула во договорот. Во спротивно, тимот ќе треба да плаќа пенали.

Како Македонија играла против Данска низ историјата?

Македонската фудбалска репрезентација денес го дозна ривалот во полуфиналето на баражот за пласман на Светско првенство и евентуалниот противник во големо финале. Прво ќе мора со Данците во Копенхаген да се води силна борба.

Македонија на мегдан со Данска во полуфинале

Македонската фудбалска репрезентација конечно го дозна патот до Светското првенство, за кое ќе и бидат потребни две јуначки битки.

Меси доби посебна награда од Барселона и ја прими со насолзени очи

„Не сакав да ја напуштам Барселона. Се надевав дека ќе ја поминам целата кариера таму. Тоа е мојот дом, кој многу ми недостига. Се надевам ќе се вратиме, за повторно да живеам во градот што го сакам.“

Гол на Нејмар кој вешто избегна офсајд

На четири кола пред крајот од бразилската најсилна Серија А, славниот и трофеен Сантос е на само 1 бод над опасната зона која значи испаѓање во втора лига. Нејмар и Сантос во претходните 2 кола им земаа 4 бода на две екипи од Топ 4 кои се борат за самиот врв. Прво го совладаа Палмеирас и му ја отежнаа борбата со Фламенго за титула, а синоќа Нејмар со гол му донесе бод на Сантос против четвриот Мирасол.

Комедија на векот во македонската трета лига

Ренова и Вардар Брвеница го режираа видеото кое се очекува да стане вирално во македонскиот интернет и пошироко. Едниот се обиде да шутне, се лизна и му ја подаде на голманот, а пак голманот на Ренова...Инаку се работи за меч од 9. коло во Трета лига – Запад, кој заврши 2:3. Сценава е надреална.

Гол, солзи и збогум од репрезентацијата за Тему Пуки

Во репрезентативните битки овие денови, имаше многу солзи радосници за мундијалскиот пласман, но и тага кај еден од капитените. 35 годишниот Тему Пуки се прости од селекцијата на Финска на пријателска против Андора со многу емоции. Плачеше и тој, но и сопругата и мајката кои му ракоплескаа од трибина. Се повлече како прв стрелец на националниот тим со 42 гола, како и 132 настапи. Повеќе од него има само Јари Литманен (137). Дебитираше на 18 години.

Што е тоа меѓуконтинентален бараж за Светско првенство и кој ќе игра?

Познати се 42 од 48 сигурни учесници на Светско првенство 2026. Преостанатите ќе се дознаат по завршување на баражот. Во Европа ни е познато како функционира овдешното доигрување, а ФИФА веќе со децении организира и меѓуконтинентален бараж за некои далечни егзотични земји.

Се сретнаа Кристијано Роналдо и Доналд Трамп

На официјална свечена вечера во Белата куќа каде домаќин бил првиот човек на САД Доналд Трамп, а меѓу главните гости саудискиот принц Бин Салман и славниот Кристијано Роналдо, се зборнало и за фудбал.

Кристал Палас па сите други

Да смириме малце нервите со тоа дебаклот од синоќа. Погледнете колку е напреден Кристал Палас технолошки, во однос на размислувањата кон своите навивачи. Станаа првиот фудбалски клуб во светот, кој нуди постојана технологија за навивачите со оштетен вид, со цел да им го подобри искуството на натпреварите. 

42 познати учесници на Мундијалот од можни 48

На шест и кусур месеци до стартот на Светското во САД, Канада и Мексико, имаме 42 познати учесници, а слободни места имаше уште шест. Од екс ју земјите, за сега е само Хрватска. Словенија, Србија и Црна Гора ќе бидат гледачи, а Македонија и БиХ ја имаат последната шанса преку бараж.

Курасао и Хаити одат на Светско првенство!

Како и што најавувавме пред извесно време, репрезентацијата на Курасао успеа да испише историја и за првпат да се пласира на еден Мундијал. Стана најмала земја во историјата која некогаш се квалификувала за Светско првенство.

Австрија и го сруши сонот на Босна за Мундијал 2026, ќе мораат во бараж

Фудбалската репрезентација на Австрија обезбеди пласман на Светско првенство 2026 откако одигра 1-1 против Босна и Херцеговина на домашен терен во Виена и го сочува првото место.

Шкотска оди на Светско првенство после незамислива драма со Данска

Во светот има многу спортови и секој е убав на свој начин. Ама она што може да го исценира фудбалот, не може ниту еден друг спорт. Вечерва во Глазгов играа Шкотска и Данска. На Шкотланѓаните им играше само победа за директен пласман на Светско првенство. На Данците им одговараше и бод за да избегнат тежок и мачен бараж.