Фудбал

Михајловиќ и „Само она може у живот да ме врати“

Скоро 30 години како е излезен од Србија, ама српското не излегува од него. Синиша лежерно по дома го оптеретува Јутјубот со Љуба Аличиќ.

Судија во Естонија свирна полувреме на сред изведен пенал

Минатиот викенд лидерот во фудбалската лига на Естонија, Левадија играл на гости кај Паиде. Со два гола на Грузиецот Закари Бегларашвили Левадија водела 0-2 а на крајот од првиот дел гостите дури и добиле пенал кој тргнал да го изведува шпицот Хенри Аниер.

Немој ти на мене не играм добро

Натпреварот од француската втора лига меѓу Ле Авр и Тулуз кој заврши без победник, ни донесе една несекојдневна сцена. Фудбалерот на домаќините Халид Бутаиб од Мароко откако беше изваден од игра, тргна накај трибина да се објаснува со навивач по што за малку и ќе се затепаа.

Ремек дело на колото во Шпанија го имаше капитенот на Бетис

Бетис ја урна Гранада на гостински терен и тоа со луд гол на капитенот Серхио Каналес кој некогаш играше во Реал Мадрид. Десетката на гостите од Севиља направи соло продор каков што му успева само на Меси.

Во таа лева нога имаше повеќе магични трикови отколку во џебот на кловн

Леонардо Нашименто де Араухо. Бразилецот кој правеше чудесни дриблинзи во дресовите на Фламенго, Сао Пауло, Валенсија, Кашима Атнлерс, ПСЖ и Милан. Освои многу трофеи, највреден секако е златниот пехар со Бразил на Светско првенство 1994 во САД. А негов најубав гол во кариерата? Во дресот на Кашима во Јапонија.

Тројца фудбалери на Њукасл му го бараа дресот на Роналдо, добија ист одговор

Португалецот имаше второ блескаво деби на „Олд Трафорд“ и со гол беше творец на триумфот против Њукасл (4:1). После мечот му аплаудираа сите, цел стадион, противнички навивачи, му честитаа судии а дури тројца противнички фудбалери му го побараа дресот ама добија ист одговор: морам да го вратам кај економот.

И со одврзани врвки ќе ви дадам гол

Го повреди коленото, го пропушти европското и еве го со гол уште веднаш на кам бекот во Серија А. Со голот против Лацио, неверојатниот Златан е стрелец во 24 фудбалски сезони, а од акцијата има еден детаљ кој го потенцираа и од Милан.

Понеделнички еврогол во Премиер лига

Во последниот меч од 4. коло во англиско, имаше 16 минутна голеада во второто полувреме со четири погодоци. Барнли поведе 0:1 и ги налути домаќините од Евертон кои испукаа три комада за 6 минути. Внимавајте добро на голчиштето на Андрус Таунсенд.

Најчудните методи за мотивација од тренер во Америка

Шон Елиот е тренер на тимот по американски фудбал Џорџа Стејт Пантерс. Има тотално луди методи на работа и спартански принципи на мотивација на своите играчи. Ама слабо ја почнаа сезоната со 2 порази на 2 меча. Којзнае можеби ова проработи еден ден.

Еден баш чуден автогол падна во Данска

Дуел меѓу екипите Јамербугт и Коге во втора лига на Данска. Домашните победија 4:3 а во тоа им помогна и Максимилијан Зауер со многу смешен автогол во стилот на расни напаѓачи.

15 секунди од белгискиот фудбал кои нема да се повторат

Ќе ви треба едно 5-6 пати да ја изгледате сценава од мечот меѓу Мехелен и Остенде и пак нема да ви биде јасно како е ова можно. Па од кафана да станеа, подобро ќе изиграа. Крајот е стварно пијана работа.

Феноменот Златан Ибрахимовиќ за три недели полни 40 години, а даде гол во 21-ва сезона по ред

По пауза од речиси четири месеци, Златан се врати на терен и беше автор на триумфот на Милан од 2:0 против Лацио. Швеѓанецот со балканско потекло привлече внимание врз себе со новиот имиџ - фризура со плетенка.

Блескаво деби на чудото од дете, Реал Мадрид се врати дома после 560 дена

Во супер меч во кој навивачите видоа дури седум гола, Реал Мадрид ја совлада Селта Виго со 5:2 после два пресврти и со триумф го одбележа враќањето во својот дом после дури 560 дена.

Поддршка за Парма од Македонија и во втора лига

Култниот италијански клуб за жал сезонава се наоѓа во второлигашко друштво, но тоа не е никаква пречка да не добие поддршка од тие што вистински го сакаат. Викендов гостуваа, тепаа убедливо со Џиџи на голот, а на трибина македонско знаме.

Спринт на Мурињо за победата во неговиот меч број 1.000

Фудбалерите на Рома синоќа го совладаа Сасуоло и заедно со Наполи и Милан се единствените екипи со 3 од 3 на стартот. За Жозе Мурињо победата значеше многу. Ја прослави во свој стил.

Фудбалер на Дортмунд се освежи со пиво фрлено од трибини

Баер Леверкузен и Борусија Дортмунд одиграа дерби за мерак. Славеа гостите со 3-4 во најинтересниот меч од почетокот на сезоната во Бундеслига. Халанд даде два гола а при прослава на едниот ги гаѓаа со пива од трибини, па англискиот репрезентативец Џуд Белингем фати едно во лет.

Бомбастичен гол на Лајпциг против Баерн

Баварците со 1-4 го прегазија најголемиот конкурент за титулата сезонава, РБ Лајпциг, ама единствениот гол за домашните кој го распали Конрад Лајмер беше за најавни шпици.

Нека трепка

Серија А излезе со еден статистички податок на кој нема Македонец кој не би се гордеел. Во друштво на топ 10 активни фудбалери во Серија А со најголем број на настапи, да ти бил и Горан Пандев и тоа на трета позиција.

Олд Трафорд се тресе, експлозија на Роналдо со два гола и победа над Њукасл

Појако враќање дома и не можеше да посака. Два гола, победа, скандирање на неговото име, мајка му на трибина, како и неговиот фудбалски татко Сер Алекс Фергусон.

Кам бек на Роналдо на Олд Трафорд со гол

Не само што го видоа во прва постава уште на првиот меч, туку веднаш даде гол и предизвика еуфорија на култниот стадион во Англија. По пауза од 12 години, Кристијано Роналдо се врати на Олд Трафорд со погодок против Њукасл.

Навивач на Лацио направи видео селфи со Мурињо

Тоа се тие градски ривалства во Италија, шеташ низ Рим и ако си почетник како Жозе, може лесно да го утнеш квартот или ресторанот. Но добро, сето ова излезе симпатично и од двете страни. Навивачот се пошегува, а Мурињо веројатно чекаше фотка и мислеше дека се работи за романист.

Против кои репрезентации давал голови рекордерот Роналдо, а против кои Меси?

Со нов хет-трик за својата Аргентина, Лионел Меси стана најдобриот стрелец на една репрезентација во историјата на Јужна Америка. Легендарниот Лео сега има 79 гола за репрезентација.

Целото интервју на Роналдо со Вес Браун

Во 2008-ма година стоперот кој по потреба играше и бек, во финале на Лига на шампиони му намести гол на Кристијано Роналдо против Челси во Москва. На пенали тогаш Манчестер Јунајтед ги совлада „сините“ а Роналдо и Вес Браун тогаш беа соиграчи а сега се во поинакви улоги.

Пишман е што му ја подаде

Колумбија - Чиле: 19-та минута 1:0, стрелец Борха. 20-та минута 2:0, стрелец Борха. 27-ма минута Борха во напад за хет-трик кој можеше да го оствари за 7 минути. Некогаш човек треба да е себичен.