Лацио играше во сјајна серија, добар отворен фудбал, со многу шанси и голови. Ама во неделата налетаа на мина. Иако водеа 1-0 на полувреме, до крајот аутсајдерот Салернитана им даде три гола и победи неочекувано убедливо. А момент на средбата беа двојните аршини на главниот судија Џанлука Манганело.