Фудбал

Едноставноста на африканскиот фудбал

Нема уште допрено до нив канџата на модерниот фудбал кој граби само профит и ништи сè друго.

Издрибла петмина противници и даде царски гол

Молде од Норвешка го победи унгарскиот Кишварда со 3-0 и практично го реши прашањето за пласман во следна фаза. Шпицот од Брег на Слонова коска, Давид Датро Фофана кој има само 19 години, постигна прекрасен гол. Пред да го матира голманот Одинцов, издрибла пола противничка екипа.

Најубавиот гол во еврокуповите е во стилот на Шаќири со Англија

Зрињски од Мостар, претставник на БиХ во квалификации за Лига Конференции, победи со 1-0 против Тобол во првиот меч. Победничкиот гол го постигна Нико Јанковиќ во 76’ минута директно од корнер, како Шаќири против Дејвид Симан.

Барањата и молби за дрес мора да прекинат, Ајакс им забрани на навивачите такви банери

Трибините сè повеќе личат на аеродроми каде со банер се чека некоја непозната личност да излезе.

Најглупите два жолти и црвен на сезоната

Црвена звезда со 5-0 го растури ерменскиот шампион Пјуник во 3. квалификациско коло за Лига на шампиони, но мечот ќе се памти со сигурност и поради една неверојатна глупост. Стандардниот лев бек на Звезда, Милан Родиќ при резултат 5-0 на само 10 минути пред крајот, во само дваесетина секунди направи два тотално глупави прекршоци поради кои доби два жолти и автоматски црвен картон.

Голманот со пантерски рефлекси во Бразил

Во се-бразилски дуел од четвртфинале на Копа Судамерикана, славниот Сао Пауло со 1-0 ја победи Сеара во првиот меч пред реваншот. Победничкиот гол го даде Никао во 70’ минута ама играч на мечот беше гостинскиот голман Жоао Рикардо Риери со неколку фантастични одбрани со кои го остави својот тим со големи шанси за реваншот.

Ла Лига објави видео со најлудите одбрани на Столе Димитриевски

Македонскиот репрезентативен голман за кого Ла Лига во објава на видеото напиша дека станува збор за „Ѕидот“, ќе ја почне петтата сезона во дресот на Рајо Ваљекано а вкупно четврта во најдобрата шпанска лига - Примера.

Уште од мал учен да биде Јап Стам

После викаат родители се спречкале на детски натпревар. Па се спречкале.

Лучо Суарез Ел Пистолеро пак заигра за најсаканиот клуб

Само неколку дена откако се врати во матичниот клуб од родниот град, Луис Суарез, легендарниот центарфор кој блескаше во Гронинген, Ајакс, Ливерпул, Барселона и Атлетико Мадрид, дебитираше по втор пат за својот Насионал Монтевидео каде го пречекаа како најсакан играч.

Белгискиот непознат клуб го шашардиса Ренџерс

Ројал Унион Сент Жилоа или попознат само како Унион е белгиски клуб кој после цели 48 години се разбуди од нисколигашки сон, одигра сензационална сезона во која беше прв буквално цело време до последните кола во плејофот кога Клуб Бриж им ја украде титулата во Белгија.

Не заслужи Левандовски така да го испраќате

За сигурно еден од најдобрите фудбалери во историјата на Баерн Минхен, човек кој со стотици голови на Баварците им донесе титули во Бундеслига, во германскиот Куп, во Лига на шампиони, во Светско клупско првенство и УЕФА Супер Куп, не заслужи ваков однос. Прво од клубот веќе пар години не му даваа можност да се проба во друга средина, а сега и навивачите во Минхен го провоцираа новиот играч на Барселона со извици: Hala Madrid!

Алиоски потпиша со гигантот Фенер, па ги учеше Турците како да се изговара името

Стандардниот лев офанзивен бек на Македонија, Езџан Алиоски направи фантастичен трансфер откако по Лидс и Саудиска Арабија доаѓа во гигантот Фенербахче и ќе работи под водство на врвниот португалски стручњак Жорге Жезус. Џани веќе се претстави во новиот клуб и објасни како правилно се изговараат неговото име и презиме.

Обезбедување влечеше мало дете, Меси реагираше и смири ситуација

Лионел Меси ја почна сезоната во одлична форма. Постигна прекрасен гол во убедливиот триумф на ПСЖ од 4-0 во Суперкупот против Нант па Парижаните освоија уште еден пехар. После мечот на кој два гола даде Нејмар, едно дете тргна да се слика со Лео, ама обезбедувањето реагираше бурно и го влечеше.

Ја побара за жена пред Жозе Мурињо додека се сликаа

Кога го сретна Жозе овој навивач на Рома како да се охрабрил повеќе да го извади вереничкиот прстен пред девојка му.

Судија џабе зеваше во ВАР на дерби во Романија

На големото дерби од романската фудбалска лига меѓу Стеауа Букурешт (ФЦСБ) и Универзитатеа Крајова 1948, судијата Адриан Којокару неколку минути зеваше во празно додека ВАР системот работеше како расипана ВХС касета.

Стефан даде волејчиште што не се дава два пати во кариера

Малку познат во европскиот фудбал зошто е роден во Чикаго, 21-годишниот Стефан Стојановиќ кој игра за Филаделфија Унион II во американската фудбалска лига постигна невозможен гол од волеј за победа во 90+1’ минута против Колумбус Кру II.

Пандев на големиот јубилеј - 100 години од основањето на клубот: „Беласица мора да ја чуваме уште илјада години“

Прославениот најдобар македонски фудбалер во историјата, во својот роден град и матичен клуб беше присутен за време на големата прослава на сјајниот јубилеј: 100 години Беласица Струмица.

Нејмар прави буквално што сака, па стигна и медали сам да дели

Фубдалерите на ПСЖ успешно ја отворија сезоната, откако во Тел Авив каде се играше францускиот Супер Куп, со 4-0 убедливо го совладаа Нант. Нејмар даде два гола, Меси еден и еден Серхио Рамос. Бразилецот на свечената церемонија реши во улога на Џани Инфантино сам да им ги дели медалите на соиграчите.

Го видовте ли најглупавото исклучување на сезоната?

Во првото коло на стартот од сезоната во англиската Лига 2 играа Бредфорд Сити и Донкастер. Мечот немаше голови ама имаше два црвени картони. Првиот го доби гостинот Ли Томлин во длабоко судиско продолжение од првиот дел во 45+5’ минута и тоа после два жолти за најголема глупост каква што не се видела.

Нашле да го закачаат Унаи Емери, им врати со среден прст

Виљареал под водство на големиот цар Унаи Емери е на англиска турнеја каде го победија Саутемптон а вечерва играат со Фулам на „Кревен Котиџ“. Група англиски навивачи кога го виделе Емери како излегува од клупскиот автобус, го закачнале за неговото Good Ebening наместо Good evening како што редовно викаше на прес-конференеции додека го водеше Арсенал на времето.

Реал му ја сокри топката на Јувентус пред 93.702 гледачи во САД

Европскиот шампион глатко со 2-0 го победи Јувентус во натпревар одигран пред дури 93.702 гледачи на прекрасниот стадион „Роуз Бол“ во Пасадена, предградието на Лос Анџелес во САД.

Како судија решавал провокации на времето во Југославија?

Тузланскиот судија Бекир Кравиќ на дербито меѓу Жељезничар - Црвена Звезда во најдобрата лига на поранешна Југославија, му удрил глава на Среќко Илиќ од Жељо и за таков гест бил ригорозно казнет. Видеото стигнало и до една култна емисија во Британија - Saint & Greavsie каде Иан Џон и Џими Гривс коментираале поштапалици од фудбалски терени.

Голман па ова во второ одделение се учи, не на стари години

Во 11. коло од аргентинската Примера Дивизион, Годој Круз и Велез Сарсфилд одиграа 1-1. Домаќинот поведе по само 2' минути игра преку Пјер Бариос а најголем виновник за тоа е 33-годишниот голман на Велез Лукас Хојос кој направи невидена грешка.