Прва, не втора, не трета, не селска лига. Прва аргентинска лига. По натпреварот меѓу Баракас Сентрал и Патронато кој завршил со победа на домаќините од 2-1, гостинските фудбалери со сета сила ѝ се пуштиле на полицијата незадоволни од, пази, судиски одлуки. А овие ни пендрак да извадат.