Фудбал

Камерунецот кој даде гол за Швајцарија против Камерун и не славеше

Необичниот и чуден пат на симпатичниот Брел Емболо, 25-годишен корпулентен и снажен шпиц на Швајцарија.

Врвниот дриблинг на Антони

Бразил демонстрираше зошто е фаворит број 1 за злато. На отворањето против Србија кариоките славеа 2-0 а селекторот Тите можеше со врзани очи да го бира составот и да не погреши. Таков ростер Бразил немал одамна. Во вториот дел влезе и техничарот Антони од Манчестер.

Голчиштето на Ришарлисон е вежбана работа на тренинг

Заврши првото коло на Мундијалот во Катар и ако треба да се бира најатрактивниот погодок од првите 16 средби, тоа е дефинитивно мајсторијата на Ришарлисон. Напаѓачот на Тотенхем го има вежбано тоа на тренинг.

Дуелот на Нејмар по кој му виси Мундијалот и како му изгледа зглобот?

Бразил ја совлада Србија со 2:0 и направи важен исчекор во битката за нокаут фазата. Но цел Бразил стравува дали ќе може Нејмар да игра повеќе во Катар.

Реакцијата на Тите и Пикси кога Бразил поведе против Србија

Со пристапот, концентрацијата и пред сè дисциплината во играта, Србија ветуваше дека ќе извлече поволен резултат против фаворитот Бразил. Но тоа темпо го издржаа две третини од мечот, потоа бедемот попушти, а Пикси збесна на клупата.

Страшна акробација на Ришарлисон, Србија немоќна против Бразил

Селекцијата на Бразил ја оправда фаворитската улога против Србија и ја доби со 2:0. Двоен стрелец на мечот е Ришарлисон кој головите ги даде во вториот дел во рок од 10 минути. Момците на Пикси околу еден час, одлично се држеа против опасниот противник.

Проектилот на Валверде кој за влакно не ја торпедираше Јужна Кореа во 90-та минута

И покрај фаворитската улога, Уругвај против Јужна Кореа одигра само 0:0, што е четврти компир на ова Светско. Суарез, Нуњез и Кавани немаа оружје во напад и најјакиот обид на мечот го имаше одличниот Федерико Валверде, кој веќе стана препознатлив во Реал Мадрид по ваквите удари.

Гласните жици на шпанскиот коментатор после 7 гола

Шпанците тргнаа фуриозно. Со 7-0 ја потопија Костарика во првото коло. Шпанскиот коментатор, како и секој друг од шпанско говорно подрачје, со долго викање го прослави секој гол. Урлаше, па прашање е дали ќе го коментира следниот меч ако му останале гласни жици.

Стартните 11 за Јужна Кореа со италијански коментатор

Мечот Уругвај - Јужна Кореа е еден од последните во првото коло на Мундијалот во Катар. За коментаторите малку потежок во однос на изговорот. Италијанскиот коментарот се реши за читање по брза постапка.

Дете од Србија дава прогноза за вечер за бразилскиот „ЕСПН“

Спремен со точен резултат и стрелци. Плус и за Нејмар има нешто да каже. Прав патриот.

Камерунец од Швајцарија со еден гол му пресуди на Камерун

Швајцарија со 1:0 го совлада Камерун во последниот ден од првото коло на Мундијалот во Катар. Стрелецот на голот изгледаше како да е пишман што мораше токму него да му се падне да ја реши.

Што кажал селекторот на Канада што толку ги навредил Хрватите?

Канада, селекција која после цели 36 години се пласираше на Светско првенство и ја крена нацијата во еуфорија, имаше неславен старт на Мундијалот. Иако имаа повеќе од игра и шанси, добија и пенал но не го искористија, на крај изгубија од Белгија со 1-0. После мечот селекторот на Канада Џон Хердман ги бодрел играчите со мотивациски говор, ама се занел па кажал:

Рики во ултрас издание под Западна трибина

И капитенот на Македонија, Стефан Ристовски беше дел од големото славје на Вардар и Комити. Тој е дете на Вардар, каде играше во периодот 2008-2010 пред да замине во Италија. Во еден момент го зема микрофонот и им диригираше на Комити како прав водач, а потоа се изгушка со Гачевски, како и со сите други играчи на Вардар кои дојдоа под трибина.

Како селекторот на Саудиска Арабија ги мотивираше играчите на полувреме

Говор по кој Саудијците во второ полувреме за 5 минути направија пресврт и ја победија Аргентина.

Купишта легенди на едно место за Вардар

За големиот празник 75 години Вардар и 35 години Комити, на Градски синоќа не можеа да се добројат славните фудбалски имиња кои добија благодарници. Од повозрасните Кочо Димитровски, Сократ Мојсов, Васил Рингов, Драги Сетинов, Вујадин Станојковиќ, Илија Најдоски па сè до помладите Александар Васовски, Влатко Гроздановски, Никола Глигоров, Славчо Георгиевски, Никола Ѓошевски...

Чудесните, луди одбрани на јапонскиот голман

Шуичи Гонда е триесет и тригодишен репрезентативен голман на Јапонија кој цела кариера брани во домашни клубови. Својата слава ја доживеа во историската победа против Германија. Бранеше лудо, имаше серија од 4 одбрани за 20 секунди и е најзаслужен што Јапонија направи пресврт.

Како самураите ја шокираа Германија

Германија со студен туш го отвори Мундијалот 2022. Иако водеа од 33' минута со гол на Ѓундоган од пенал, Јапонија во вториот дел за само осум минути направи целосен пресврт.

Германците испратија порака од Светското

Повеќекратниот светски првак Германија го започнува Мундијалот со меч против Јапонија. Пред почетокот на средбата, германските репрезентативци на групната фотографија со раце ги покрија устите во знак на протест што ФИФА не дозволи капитени на одредени селекции да носат ленти во боите на виножито. Многу ја погодија ФИФА со ова мора да се признае.

Како се следат часови за време на Светско?

Слушаш математика, хемија, физика, а ги гледаш Меси, Роналдо, Мбапе. Светско од лето во зима преместија, еден зимски распуст не можете да поместите малку порано? Океј, тогаш да се концентрираме на следните два (фудбалски) часа по 45 минути. 

Репрезентацијата на најмирољубивата земја на Светско - држава без војска

Во 2014-та на Светското во Бразил, Костарика беше најпријатно, најубаво изненадување. Во страшна група со Италија, Англија и Уругвај, Костариканците завршија први со 7 бода и стигнаа дури до четвртфинале каде изгубија на пенали. Играат и сега во Катар.

Неколку прашања за Ибра за Светското

Златан има став и не отстапува од него. Најмногу сака да го гледа на Светско и навива за неговиот соиграч од Милан со кого освоија скудето.

Кога Хрватите покажаа заби на Светско со дебакл над Германија

Како млада и тазе држава по распадот на Југославија, Хрватска одигра историски Мундијал во 1998 и го освои третото место. Впечатоците од тие незаборавни мигови ги раскажуваат Игор Штимац и Ѕвонимир Бобан.

Шеќер и вода за саудискиот коментатор

Човекот кој на државниот саудиски канал ја пренесувал историската победа против големата Аргентина, буквално полуде на вториот, победнички гол на Саудиска Арабија.