Фудбал

Пандев доби Златна Бубамара за спортска легенда, цел Борис Трајковски на нозе

Го најави Игор Џамбазов со песната „Ла Вида Томбола“ од Ману Чао посветена на Марадона. Ама направи измени во негов стил за да звучи во чест на Гоче.

Извлечена ждрепка за Лига Европа: Манчестер Јунајтед и Јувентус ги дознаа ривалите

По супер интересната ждрепка за 1/4 финале на Лига на шампиони, попладнево во седиштето на УЕФА, Нион, се извлекоа и паровите за оваа фаза во Лига Европа. Парови за гурмани.

Снајперот на Рашфорд за 27-ми гол сезонава

Манчестер Јунајтед се крена по дебаклот со Ливерпул и во Лига Европа убедливо го мина шпански Бетис (првиот меч 4-1 на Олд Трафорд, реваншот 0-1). Маркус Рашфорд буквално сам ја води екипата и со своите прекрасни голови го трасира патот до Лига шампиони и завршница од Лига Европа. 27 парчиња има досега на свое конто.

Да се потсетиме на најсмешната епизода со холандски голман

Дваесет и девет годишниот Марк Флекен е одличен холандски голман кој цела кариера брани во Германија. Од 2016-та бил во Дујзбург а во 2018-та премина во Фрајбург со кого стигна дури и до еврокупот па синоќа испаднаа од Јувентус. Е тој Марк Флакен еднаш за време на мечот Дуизбург - Инголштад не видел дека голот на неговиот тим е поништен поради офсајд, тргнал да се напие вода од шише и....

Сиваспор прими 4 од Фиорентина, ама евроголот е на Ердоган

Педро од Спортинг го има еден од најјаките голови за неделава на меѓународна сцена. Ама за почит  е и оваа бомба на Ердоган Јешиљурт против Фиорентина, кој само им даде лажна надеж на навивачите. Сиваспорт загуби во Конференциска лига 1:4 и е елиминиран со вкупни 1:5.

Жозе со штослеста зафрканција на сметка на испаднатиот Лацио

Италијанските клубови играат чудесна сезона во еврокупови и првпат после далечната 1999-та година, дури шест екипи останаа во Европа (Лига на шампиони, Лига Европа и Лига Конференции). Испадна единствено Лацио од АЗ Алкмар. Рома издржа кај Сосиедад, ја сочува предноста од првиот меч и оди понатаму. Во обраќање после натпреварот, Мурињо го пецна и Лацио како еден вид психолошка закачка пред римското дерби во недела.

Турска лакрдија на две средби, исходот е раскрварен нос и повредена глава

Навивачите на Фенербахче и Сиваспор синоќа беа ужасни домаќини на меѓународна сцена. Настрадаа Марко Дмитровиќ од Севиља (пак) и Алесандро Бјанко од Фиорентина.

Мајсторија од пола терен на Емирати

По регуларните 1:1 и вкупни 3:3, Спортинг го исфрли Арсенал од Лига Европа на пенали, а го постигна и голот на колото. Ремек делото е на 24 годишниот Педро кој го измами Арон Рамсдејл со скроз неочекуван волеј од 50 метри.

Лука (Виктор) Тони

Во Неапол владее Викторманија или поточно во цела Италија. Со неговата голгетерска форма и приморан имиџ на лицето влијае и кај старо и кај младо. Славниот италијански репрезентативец, Лука Тони со преку 300 гола во кариерата и светска титула 2006 е спремен за маскенбал.

Кај нас волови, кај нив кенгури

За време на четвртото коло од Купот на Австралија, синоќа во јужна Канбера се сретнале Тугеранонг Јунајтед и Канбера Олимпик. Гостите победиле 1-2 а кенгурите придонеле за добра посета на мечот.

Савичевиќ: Миха го исплакав сам во соба во Катар, срце ме боли затоа што беше добар и хуман човек

„Пред финалето во Бари премногу не оптеретија и тоа многу ни тежеше. Имавме чувство дека ако не го освоиме пехарот, кога ќе се вратиме во Белград ќе не носат на стрелиште да не убијат. Таков беше притисокот од новинарите и јавноста. Ние тоа финале го одигравме во грч“.

Модриќ vs Трент за воздишки на Бернабеу

Бројот 37 е само бројка која стои на Википедија за Лука Модриќ. Дечкото игра фудбал како што сака и со ваква форма комотно може да везе во ЛШ и на 40. Публиката веднаш реагира на неговите потези, како на оној против 13 години помладиот Тренд Арнолд.

Кој знае кој ќеиф е кога ќе ти успее ваков гол?

Обично Златан ни е асоцијација на оваа супер атракција, ама се наредија и други мангупи со ваков нетипичен кунг фу потег во фудбалот. Овој пат делото е на Рафа Перез од Сан Лоренцо. Мераци.

Хулк постигна неверојатен еврогол со ножички

Атлетико Минеиро со 3-1 го победи колумбиски Милионариос во реваншот од Копа Либертадорес и со вкупни 4-2 оди во следна рунда. Паулињо даде два гола а Хулк во 88-ма минута направи шоу. Го даде можеби најубавиот погодок во неговата богата и долга кариера.

Реал Мадрид е класа и тоа го докажа по мечот со Ливерпул

Во духот на два големи трофејни клуба, откако Реал Мадрид го доби двомечот со Ливерпул и со вкупни 6-2 оди во четвртфинале, луѓето вработени на „Сантијаго Бернабеу“ ја пуштија на разглас химната на Ливерпул You'll Never Walk Alone. Каква чест за неколку илјади навивачи на црвените и за играчите и стручниот штаб.

Елмас, Наполи и Реал Мадрид одат понатаму

Фудбалерите на Реал Мадрид и Наполи и на домашен терен ги совладаа своите ривали по триумфите на гости во Ливерпул и Франкфурт пред неколку дена и го потврдија пласманот во 1/4 финале на Лига на шампиони.

Македонско знаме на ѕидот на Марадона во Неапол

Со Диего Марадона ги освоија единствените две Скудета (1987 и 1990), со Елиф Елмас се повеќе им ближи третото. Горан Пандев таму освои два пати Куп на Италија, како и еднаш Елмас. Сегде нè има.

Осимен веќе година ипол игра со маска и даде 30 гола, во Неапол веќе стана култ

Наполи ја игра најдобрата сезона уште од времето на Марадона. Неколку години по ред тимот од југот на Италија е при самиот врв во лигата но никогаш не успеа се избори до крај за скудето. Овојпат веќе спремаат терен за големи прослави.

Поздрав од Мурињо до Вале Божинов во бугарска Добруџа

Поранешниот центарфор на Лече, Фиорентина, Јувентус, Манчестер Сити, Спортинг Лисабон, Партизан, Левски и бугарската репрезентација, од пред еден месец е член на ФК Добрич од Добруџа, бугарски второлигаш и негов матичен клуб каде ја почнал богатата кариера во 1998-ма. Жозе Мурињо му праќа специјален поздрав на Божинов кој лани играше за Септември Софија а сега ќе трча во втора лига.

Како Џулија Робертс му го скршила срцето на Пеп Гвардиола

Најдобриот тренер на денешницата, очигледно пресреќен и расположен по историскиот триумф на неговиот Манчестер Сити над Ред Бул Лајпциг од 7-0, на новинарите на прес им откри една интересна тајна..

Не порасна човеков

Одигра над 1.100 меча, постигна преку 800 гола, освои 32 трофеи и се изнервира и ја рогна топката затоа што судијата свирна фаул и му спречи контра. За ова ли му даваат 600 милиони? Во Кривогаштани не се однесуваат вака. 

Ти да видиш во африканска ЛШ како голман казни свој навивач кој се симна на терен

Актуелниот првак на Африка, Видад Казабланка му гостува и го добива 0:2 Атлетико Петролеос од Ангола. Во еден момент, навивач веројатно незадоволен од перформансот на голманот на домаќините, Хуго Маркез, му се симнува и го напаѓа. После ова искуство, нема да му текне друг пат вака да се глупира. Маркез му влезе дрско со шамари, а потоа обезбедувањето како партал го исфрли од стадион.

Што е тоа пента-трик и кој друг освен Халанд остварил таков подвиг во Лига на шампиони?

Манчестер Сити пред неколку дена не успеа да победи и одигра само 1:1 кај Ред Бул Лајпциг во Германија. Затоа на реваншот го декласираа германскиот клуб со 7:0. Им дадоа три гола во прв дел и четири во втор. Волшебна вечер имаше Ерлинг Халанд.

Како изгледаше петардата на Меси во ЛШ?

Вчерашните 5 гола на Халанд против Лајпциг се неспоредливи со оние 5 на Меси кој стана прв во историјата со ваков дострел во Лига на шампиони. Четири на Норвежанецот му се одбиени и еден од сомнителен пенал, а Меси ги дробеше Германците како сака со лобови и дриблинзи. Ги постигна против Баер Леверкузен во осминафиналето 2012-та.