Фудбал

Убав гол на Меси, уште поубав на Грузиецот Саба Лобјанидзе

11 гола, 12 асистенции, 13 меча за Лео Меси сезонава, кој не успеа да го извади од пораз Интер Мајами во 17. коло од МЛС лигата. Загубија 1:3 од Атланта. Издвојуваме два гола од мечот.

Кавани ти вакво нешто да промашиш?

Бока Јуниорс го декласираше Национал Потоси од Боливија со 4:0 во Копа Судамерикана. Кавани беше еден од стрелците, ама го направи веројатно и промашувањето на кариерата, нејсвоствено за него.

Атина гореше - Олимпијакос до прв европски пехар

Олимпијакос ја совлада Фиорентина во финалето на Лига Конференции со гол во второто судиско продолжение, на само неколку секунди пред крајот и пред пенал рулетот. Стрелец е Ајуб Ел Каби кој сезонава постигна 11 гола во Лига Конференции и стана најдобар голгетер. Во Атина вриеше.

Новинар го потценувал Маркус Турам, овој му вратил со шмекерски потег

Дваесет и шест годишниот Французин Маркус Турам, син на легендарниот бек на Парма и Јувентус Лилијан Турам, сезонава беше меѓу најзаслужните за шампионската титула на Интер и одличните настапи во Лига на шампиони. Маркус постигна 15 гола, имаше и 14 асистенции и со Лаутаро Мартинез го сочинуваа можеби најдобриот тандем во Европа.

33 години од најважниот гол на Дарко Панчев и Ѕвезда

Црвена звезда и натаму останува единствен клуб од регионов кој стигнал до драгоцениот пехар во Куп на европски шампиони (денешна Лига на шампиони). Пред точно 33 години, на стадионот „Свети Никола“ во Бари, Црвена звезда на пенали го совлада француски Олимпик Марсеј а решавачкиот гол го даде Дарко Панчев.

Најсрамната местенка на сезоната ни доаѓа од Црна Гора

За успешно и тешко забележливо штелување на резултат, обично велат дека е доволно да знаат двајца дефанзивци или пак еден и плус голманот. Ама нема, ова е Балкан.

Чекај да видиш ти како од срце се радува тренер кога ќе обезбеди опстанок

Топ тема во Саудиска Арабија се Роналдо со Ал Наср и Ал Хилал со Митровиќ и Милинковиќ. А никој не зборува за Нуредин Зекри од Ал-Охдуд кој го спаси клубот од испаѓање во последно коло. Погледнете му го спринтот. Срцка.

Парола на денот

Аален како германски четвртолигаши освоиле државен Куп кој им носи квалификации во Купот на Германија, ама на навивачите не им чуе многу за овој успех, бидејќи се револтирани што испаднале во петта лига. На три меча по ред не навивале, а бојкотот го прекинале во финалето на кое им се појавиле со банер на кој пишува: „Ви благодариме губитници“.

Избран е најубавиот гол на сезоната во Шпанија

Шпанска Ла Лига и официјално го избра за најубав погодок на сезоната оној на 24-годишниот десен бек на Осасуна Хесус Арезо кој на мечот против Хетафе постигна луд победнички гол за 3-2.

Ќе биде тоа Премиер лига на ќелавковци

Со назначувањето на Енцо Мареска за нов тренер на Челси, најпознатите англиски клубови ќе имаат комплет ќелави тренери.

Чави: Не можев да работам во мир, низ лупа ме гледаа

По две и пол години работа како тренер, легендата на Барселона која во тешки финансиски услови и донесе два трофеи на Барса и внесе млада свежа крв во тимот, суетната управа непотребно го отпушти.

Ми го сними потегот а?

На последниот меч од сезоната против Монца, Душан Влаховиќ веројатно и сам себе се изненади со мајсторијата на клупа.

Меси збори си на свој јазик

Го викнале Лионел Меси да сними кратка, но се испостави незаборавна реклама за новиот филм „Бед Бојс“. Рекламата е со глумците Вил Смит и Мартин Лоренс, а Меси изговара пар зборови ама на лош англиски јазик. Меси откако дојде во Мајами минатото лето, веќе сними неколку милионски вредни реклами.

Како се збогуваше Милан со Пиоли?

Во последното коло од Серија А Милан одигра 3-3 со Салернитана во меч кој немаше голема резултатска важност затоа што росонерите одамна го обезбедија второто место на табела зад шампионот Интер и осигураа директен пласман во Лига на шампиони. Навивачите и играчите се збогуваа со оние кои си одат од Милан меѓу кои и тренерот Стефано Пиоли.

А сте виделе ли вие старт со две нозе и две раце?

Запознајте го крамањонецот на денот, месецот и годината кој се крие во Бразил. Не се буни за црвениот, а после ваков малоумен старт, не треба да се буни и ако го стават на ладење едно 20 меча. Kромидарник со тапија.

Знаете ли со што се занимава сега Едгар Давидс?

Некогашниот главен пит-бул на светскиот фудбал, човек што бескомпромисно влегуваше во дуел секаде и со секого и беше врвен фудбалер во Ајакс, Јувентус и Барселона, веќе подолго време се занимава со фотографија. На прашање што му е најомилено да слика вели: пејзажи и портрети.

Браќата Канаваро го тешеа скршениот Ди Франческо

Во последното коло од сезоната во Серија А беше драма во борбата за опстанок. Со резултатите Фрозиноне - Удинезе 0:1 и Емполи - Рома 1:1, првите две екипи се спасуваа, а Емполи испаѓаше. Но во 93 минута се случи пресврт и Емполи ја победи Рома со 2:1, а солзите и разочараноста се префрли кај тренерот на Фрозиноне Еузебио Ди Франческо кој не можеше да се помири. Убав гест на стратегот на Удинезе Фабио Канаваро и неговиот асистент Паоло кои покажаа солидарност.

А и во Норвешка многу нетокму пресврт

Во 10. коло од норвешката втора лига Обос-Лигаен, Стабек го пречекал дома Егерсунд. Стабек од клупата го предводи американскиот тренер Боб Бредли кој со добар успех беше селектор на САД, го водеше и Египет а беше тренер и на Свонси и Ле Авр. Но ова што го доживеал викендов со Стабек не се памети во светскиот фудбал.

Бруно Фернандеш за Рики: Феномен

Тројната круна на Стефан Ристовски се слушна и во Манчестер Јунајтед благодарение на Бруно Фернандеш. Португалската ѕвезда и македонскиот репрезентативец се големи пријатели од времето во Спортинг каде заедно освоија три пехари. Бруно на Инстаграм ја сподели фотографијата од Рики кој позира со пехарите за време на прослава на плоштадот во Загреб. Скоро 9 милиони го следат.

Мангупскиот гол и фештата во режија на Икарди

Галатасарај ја запечати титулата број 24 во својата историја и тоа убедливо со 102 бода, 3 повеќе од Фенербахче. Мауро Икарди во елемент играчки и на терен и во диско.

Луд и драматичен бараж во Германија - вакво нешто не се памети

Минатиот четврток во првиот меч од германскиот бараж, Бохум изгуби дома 0-3 од Фортуна Дизелдорф која глатко победи пред реваншот на свој терен. Се било спремно за голема прослава на пласман во Бундеслигата, прв после неколку години.

Величествен пречек на Свен Горан Ериксон на Олимпико во Рим

Легендарниот шведски стратег беше специјален гостин на последниот меч на Лацио за оваа сезона. Го пречекаа со сите нишани. 50.000 навивачи привлече најавата за неговото присуство.

Во четврта македонска лига битката за прво место се води со полиција

ФК Ржаничино и ФК Гоце Делчев викендов се бореле за прво место, вредно промоција во трета лига. Гостите имале предност од 0:1 и им бил доволен само бод за да ја сочуваат првата позиција, но домаќините победиле со пресврт и завршиле први. Тоа значи дека Ржаничино оди во трета лига, а Гоце Делчев останува во четврта. На полицијата им се отворило работа.