Фудбал

Најјакото голчиште кое го прими Сити сезонава го даде 19 годишен Парагваец

Шампионот на Англија си дозволи реми 1:1 против Брајтон, кој пак со овој бод и математички го обезбеди учеството во Лига Европа, на едно коло од крајот на сезоната во Премиер лигата. Обрнете внимание на шутот на Хулио Енсисо, роден 2004-та. Страшен гол му даде на финалистот во ЛШ.

Тренер во Јапонија не го играл Иниеста, Андрес во солзи си заминува

Некогашниот најдобар фудбалер од среден ред на светот, човек кој во 2010-та со златен гол ѝ донесе светска шампионска титула на Шпанија со која освои и Европско првенство и жива легенда на Барселона, пет години е во јапонскиот Висел Кобе.

Цел Бернабеу му даде поддршка на Винисиус, од играчи до навивачи

Со головите на Бензема и Родриго, Реал Мадрид го совлада Рајо Ваљекано 2:1 во 36. коло од Ла Лига. Мечот мина во знак на Винисиус кој седеше во ложа.

Убиствен инстинкт на Лаутаро Мартинез кој му донесе нов трофеј на Интер

И покрај тоа што делуваше млитаво и несигурно на Мундијалот, аргентинскиот напаѓач сепак одигра одлична клупска сезона и со помош на неговите два гола од кои еден мајсторски, Интер го освои Купот на Италија.

Грне: Вардар е чиста љубов која ни со пари не се купува

„Сѐ најлошо што може да постои во фудбалот ние го доживеавме и преживеавме. Немавме топки, вода и услови за тренинг. Сѐ беше мачење. Секоја мака, секоја нервоза, дали ќе тренираме или не, а имаше денови кога не трениравме, после ова вредеше“.

Ал Наср ја сврте од 0:2 на 3:2 со убав гол на Роналдо

Домаќините имаа негатива од 0:2 после 40 минути игра, но успеаа да се вратат со три гола од 44-та до 59 минута. Кристијано Роналдо лесно го доби дуелот против двајца и со одличен шут од работ на шеснаесетникот го реши мечот за конечни 3:2. На две кола до крај Ал Итихад останува лидер на табела со 3+ пред Ал Наср.

Каква фешта во италијанска трета лига со луд пресврт

Драмите во англиските дивизии за пласман во погорна лига во овој период од годината, не се ништо полуди од оние во италијанската фудбалска пирамида. Таму во баражот во Серија Ц за пласман во втора лига, Фоџа го изгубила првиот меч од Аудаче Черињола со високи 4-1. На реваншот им требало чудо. Водат 1-0 од 78-ма минута и даваат уште два гола, пазете: во 93-та и во 96-та минута за конечни 3-0 и вкупен резултат 4-4 па со гол на гости одат во четвртфинале од баражот.

Станал локален јунак на Исланд по овој гол од пола терен

На мечот од рана фаза на Купот на Исланд, Викингур Рејкјавик го совладал тимот на Грота со 2-1. Единствениот гол за гостите го дал Арнар Хелгасон во 20’ минута, еврогол од половина терен.

На Џиџи многу му значи Парма, не можеше да гледа пенал

Во последното коло од италијанската втора лига Серија Б, Парма со 2-1 ја совлада Венеција. Неколку кола претходно „млекарите“ обезбедија пласман во баражот за Серија А кој важи за еден од најтешките во цела Европа. Џиџи Буфон се врати на голот по кратката пауза и првиот погодок на неговиот тим од пеналот на Фран Васкез немаше сили да го погледне.

Па налет и пенал и гол, подобро да му ја пуштеше

На големиот футсал турнир Копа Америка во Парагвај, на мечот меѓу Аргентина и Бразил кој завршил 3:3, на крај имало пенал серија. Бразилскиот голман Диего Ронкаљо во еден момент одбранил страшен шут од Аргентинецот Лукас Боло ама поарно да примел гол после ова.

Спалети влета на девојачко

Супер спонтана и симпатична средба на Лучано Спалети и едно расположено женско друштво собрано за убав повод. „Сега ќе ме има секаде па жена ми ќе ми се налути“, се пошегува стратегот на Наполи. „Ти да не си спритзизерот“, му вели една од насмеаните девојки. 

Јокиќ се потсети на култната објава: „Сака ли некој на баскет“?

Најдобриот играч на светот во моментов според многу параметри, на прес-конференција после уште ден триумф над ЛА Лејкерс и вкупна победа од 4-0, беше расположен за муабет со новинарите.

Павков му ја спушти, Трајковски ја заврши и му донесе бод на својот тим

Македонскиот репрезентативец го спаси од пораз Ал Фејха во првата лига на Саудиска Арабија, две кола после оној еврогол од 40 метри.

Кој вели дека од љубов не се живее?

Додека Сергеј Самсоненко беше таму, сè беше идеално. Кога Русинот си замина, сè се распадна. Клубот на крај го помагаа Комити, нешто побогати симпатизери на клубот, но и поранешни асови. 12 месеци им должеа плата. Како и да е, успеаа. Вардар е симбол на Македонија и македонскиот фудбал. И жив е.

Ново голчиште на Суарез за Гремио

За легендарниот напаѓач на Ливерпул и Барселона, не се ништо 36-те години. Во 2023-та веќе има 14 гола на сите натпреварувања од кои неколку му се евроголови. Со Гремио славеше 3:1 против Интернасионал. Погледнете на каков начин го отвори резултатот по само 7 минути игра.

Комичен момент на Вест Хем - Лидс, Алардајс му нудеше 5 фунти на судијата

Лидс Јунајтед проба со пар тренерски смени да ја размрда екипата и во финишот од сезоната да избегне испаѓање во втора лига, но веројатно тоа сценарио не им бега. Во неделата изгубија 3-1 на гости кај Вест Хем а на мечот имаше смешна сцена кога гостинскиот тренер Сем Алардајс нашол банкнота од 5 фунти па на комичен начин му ја нудеше на четвртиот судија.

Како изгледаше шампионската прослава на Манчестер Сити

На својот стадион „Етихад“ во неделата Манчестер Сити со прилично комбиниран состав го совлада Челси со 1-0 и после мечот ја прослави деветтата шампионската титула во својата клупска историја.

Што сè се случи во 107 минутната тензија и драма на Местаља?

Расистички навреди, провокации, тегнење, удирање, црвен картон, ВАР и на крај победа на Валенсија над Реал. Во главна улога Винисиус кој го изеде најдебелиот крај.

Играчите на Чезена баталија фудбал и се пуштија да помагаат во поплавите

Силен 36 часовен дожд го погоди северниот италијански регион Емилиа Ромања. Ситуацијата била драматична. Има 14-15 жртви и 36.000 жители со уништени домови. Помош на луѓето со оштетени куќи им дал и цел фудбалски тим на Чезена.

Фото на денот

Гачевски, Серафимов, Вецески, Глишиќ, Мишковски, Николовски, Јусуфи, Десниќ, Јаневски, Размоски, Цветаноски, Јовчев, Величковиќ - Радуловиќ, Дошев, Велковски, Цветков, Митев, Жоглев, Мицевски, Стојилевски, Папули, цел стручен штаб предводен од Бобан Грнчаров, спортскиот директор Александар Бајевски и се разбира Комити. Тоа е екипата.

Вардарова фешта на плоштад, хероите поминаа низ триумфална

Тоа што од непознати и апсурдни причини ги ставија да играат во Кавадарци, не ги спречи славјето да го продолжат во центарот на Скопје. По големата поддршка на самиот бараж меч против Скопје за влез во Прва лига, Вардарци имаа пречек на плоштад. И тоа шампионски, со отворен автобус поминаа низ триумфална. Заслужено со оглед на сите срања низ кои поминаа.