Фудбал

Играчите на Чезена баталија фудбал и се пуштија да помагаат во поплавите

Силен 36 часовен дожд го погоди северниот италијански регион Емилиа Ромања. Ситуацијата била драматична. Има 14-15 жртви и 36.000 жители со уништени домови. Помош на луѓето со оштетени куќи им дал и цел фудбалски тим на Чезена.

Фото на денот

Гачевски, Серафимов, Вецески, Глишиќ, Мишковски, Николовски, Јусуфи, Десниќ, Јаневски, Размоски, Цветаноски, Јовчев, Величковиќ - Радуловиќ, Дошев, Велковски, Цветков, Митев, Жоглев, Мицевски, Стојилевски, Папули, цел стручен штаб предводен од Бобан Грнчаров, спортскиот директор Александар Бајевски и се разбира Комити. Тоа е екипата.

Вардарова фешта на плоштад, хероите поминаа низ триумфална

Тоа што од непознати и апсурдни причини ги ставија да играат во Кавадарци, не ги спречи славјето да го продолжат во центарот на Скопје. По големата поддршка на самиот бараж меч против Скопје за влез во Прва лига, Вардарци имаа пречек на плоштад. И тоа шампионски, со отворен автобус поминаа низ триумфална. Заслужено со оглед на сите срања низ кои поминаа.

Вардар е пиреј, сакаш колни го, корни го, ќе оживи

После долг и макотрпен пат, фудбалскиот клуб Вардар, носен на раце од своите Комити, успеа во намерата да се врати онаму каде што му е место: во првата македонска фудбалска лига. Црвено-црните имаа голема поддршка во текот на овие две години во втора лига, а кулминацијата блесна во бараж мечот за пласман во прва лига. Во Кавадарци против ФК Скопје: победа од 3:0.

Готово е, ФК Вардар успеа

Фудбалерите и стручниот штаб на Вардар се спортски херои на годината. Се фатија за ѓаволски тешка работа која ја вршеа 15 месеци без пари и со дрска и јуначка упорност поминаа низ сите тешки препреки за да и покажат на Македонија дека на бастионот не му е местото во втора лига.

Него да одморевте со знамето?

Битка меѓу две скопски екипи од ваква важност да се игра во Кавадарци е апсурд по сите параметри. И коментаторите констатираа дека инфраструктурните капацитети на стадионот не задоволуваат за еден ваков натпревар. Причината е едноставна, знамето смета, не може да се гледа убаво на тв. Кај оди ултраси и камери на иста трибина?

Еруптираше вардаровиот вулкан во Кавадарци, црвено црните поведоа против Скопје

Нецели 4 минути им беа потребни на фудбалерите на Вардар да го отворат резултатот на бараж пресметката против Скопје вредна промоција во прволигашкото друштво. Стрелец Дарко Размоски. Комити се во делириум.

Фудбалерите на Сити во тренинг центарот ја дочекаа титулата

Откако Арсенал неочекувано загуби кај Нотингем Форест со 1:0, фудбалерите и стручниот штаб на Манчестер Сити во својата база го следеле мечот на тв, па по последниата судиска свирка, се израдувале на веќе и математички обезбедената титула. Денес играат со Челси од 17:00 и денес ќе биде централната прослава со навивачите.

Последниот европски трофеј на Јувентус

Со елиминацијата од Севиља во полуфинале, Јувентус остана без голема можност да го разбие проклетството во европските финалиња кое им трае веќе 24 години. Последниот трофеј во Лига Европа им е во 93-та, а во Лига на шампиони 96-та. На меѓународна сцена последен пат се радувале во Интертото Купот 1999. Во ЛШ имаат серија од 5 загубени финалиња 1997, 1998, 2003, 2015, 2017.

Итриштина од човек уште од млад и вечен закачко

27 февруари 2005, 42 годишниот Жозе го освојува првиот трофеј со Челси, кој му го донесе Кежман со гол во 112 минута во финалето од Лига Купот против Ливерпул. Уште на старт го избегнува наметнатиот медиумски притисок од островот, со мангупска изјава во негов стил и топката ја префрла кај стариот волк кој е 22 години постар од него. 2023-та: 26 трофеи од кои 5/5 европски и обезбедено шесто финале.

Абрахам и Михтарјан може да станат први во историја со пехари од ЛШ, ЛЕ и ЛК

Дваесет и пет годишниот англиски центарфор Тејми Абрахам ја има таканаречената спортска среќа, каде и да игра, да освојува трофеи. А не важи за светска класа шпиц, но веќе освои Лига на шампиони и Лига Конференции, сега го чека финале на Лига Европа.

Сити се пофали со две страшни интервенции на Вокер против Винисиус

Два дена откако малку спласнаа емоциите од врвниот фудбал на Манчестер Сити во средата вечер, клубот на Твитер објави видео со кое ја истакнува импресивната дефанзивна игра на Кајл Вокер против опасниот Жуниор. Човекот кој до пред некое време не беше стартер кај Пеп, се покажа како еден од најдобрите во двобојот со Реал.

Чудесен пресврт се случил во Шефилд, ќе се прераскажува со децении

Како што одминува сезоната и како се познати финалистите во еврокуповите, така во Англија се играат фамозните баражи за пласман во погорна лига. Она што синоќа се случило во Шефилд е за во фудбалски учебници.

Радоста и солзите на Мурињо

Рома пред Мурињо во 96 години одиграла само две европски финалиња. Дојде Мурињо и тоа го оствари во само две сезони. На свој начин, со бункер, ама и тоа се брои. Погледне го колку се радуваше.

Неверојатните, но залудни одбрани на Шчесни

Искусниот полски репрезентативен голман беше најзаслужен што Јувентус воопшто стигна до продолженија на бучниот „Санчез Писхуан“ во Севиља. Воичех Шчесни бранеше неверојатно и му овозможи на Јувентус со голот на Душан Влаховиќ да се избори за продолженија. Но таму Севиља им ги сруши надежите за големо финале.

Фудбалерите на Вест Хем во клинч со навивачите на Аз Алкмар во одбрана на семејствата

Нестварни сцени од полуфиналето во Конференциска лига меѓу Аз Алкмар и Вест Хем. Домашните навивачи ја срушија оградата и ги нападнаа семејствата на гостинските играчи. Ни полиција ни бутур. Самите играчи на Вест Хем тргнаа да се тепаат со хулиганите за да си ги одбранат своите семејства. Нереално.

Три италијански екипи во финале, Серија А царува во Европа

После Интер кој направи неверојатен подвиг и од сезона за заборав се разбуди и стигна до финале на Лига на шампиони, за титула во еврокуп ќе играат уште и Рома во Лига Европа и Фиорентина во Лига Конференции.

Гути во лутина: „На овој Реал му требаат итни промени“

Легендарниот фудбалер на Реал Мадрид, Хозе Марија Гутиерез попознат како Гути, како стручен коментатор редовно ги коментира фудбалските случувања во Шпанија и во Европа. Сега по дебаклот на Реал од Сити каде „граѓаните“ буквално го понижија „кралскиот“ клуб на реваншот со 4:0, Гути вели:

Некој седнал и откачил на монтажа со реваншот меѓу Сити и Реал

Претпоставките се дека е навивач на Реал, што не мора да значи и дека испил бокалче ракија. Односно две ако се суди по крајот.

Дуелот на Вокер еден на еден со Винисиус и коментарот на Анри

Ако Винисиус Жуниор во моментов е еден од најопасните, ако не и најдобар на својата позиција како крилен напаѓач по лево, тогаш што да се каже за дефанзивецот Кајл Вокер?

Пречката на Крос уште се тресе

Триесет и петта минута. Сити води 1-0, а Реал полека почнува да се ослободува од страшниот притисок на домашните и се обидува да развие своја игра. Тони Крос распалува една бомба од далечина и топката завршува во пречката. Да израмнеше, мечот можеби ќе тргнеше во друга насока.

Евра упадна среде програма и направи циркус

Веќе подолго време Анри, Џејми Карагер, Мика Ричардс и прекрасната водителка Кејт Абдо водат емисија директно од терените каде се игра Лига на шампиони. Синоќа после спектаклот на „Етихад“ нешто дискутираат и упаѓа Патрис Евра како непоканет гостин. Поранешниот заменик капитен на најголемиот градски ривал на Сити раскажува зошто се закачнал со некој од стручниот штаб на домаќините. Инаку Евра долго време го носеше дресот на Манчестер Јунајтед а скоро кажа многу провокации на сметка на Сити па не чуди зошто му замериле.

Трите јаки интервенции на Куртоа против Халанд

Само во првите 15 минути од полуфиналето Сити имаше речиси 80% посед на топка и 124 комплетирани додавања наспротив 13 на Реал. Го наполнија со 4 парчиња европскиот првак, а Куртоа му спречи хет-трик на Халанд кој пропушти три 100% шанси. 7:0 ќе беше огромно понижување.

Арапски коментатор се мајтапеше кога топката ја допре голманот на Сити

Актуелниот европски првак синоќа не знаеше кај е топката на Етихад и го одигра едно од најлошите полуфиналиња во историјата. Пазете го коментарот на Арапот кога топката во првото полувреме стигна до Едерсон.