Фудбал

Му стапна на столчето на Ханси Флик, па доби опомена

Барселона има бесен старт на сезоната со 6 победи на 6 меча и со гол разлика 22:5 во шпанска Ла Лига каде се први со 18 бода. Реал Мадрид заостанува 4 бода на второто место. За време на последниот натпревар кај Виљареал (1:5), 16-годишниот талент Тони Фернандез кој е резерва на клупа, ладно си стапнувал на столчето предвидено за тренерот Ханси Флик. Германецот го откри.

Како коментатор од Северна Кореја реагираше на гол за светска титула на неговата земја?

Северна Кореја ја совлада Јапонија со 1:0 во финалето на Светското првенство за жени до 20 години. Коментаторот мислиш на парастос го пратиле.

Мбапе до голманот: „Џабе ми верглаш, ништо не те разбирам“

Еспањол во саботата вечер поведе прв на „Сантијаго Бернабеу“ против Реал Мадрид по автоголот на Тибо Куртоа во 54’ минута. Тоа како да го налути домаќинот кој од 58-ма до 90-та минута постигна 4 гола и славеше убедливо 4-1. Килијан Мбапе го даде последниот погодок, од пенал. Пред пеналот голманот на Еспањол Жоан Гарсија пробал да го изиритира Французинот а овој му одговорил: „Збор не те разбирам, џабе збориш“.

Простачко однесување на Халанд

Ерлинг Халанд дефинитивно изгледа на неискалено, недозреано и невоспитано детиште со сељачки манири. Прво му се чепати на противнички тренер, а потоа место да му даде објаснување на Габриел Жезус за идиотските манири на сред натпревар, од нигде никаде го пцуе во фаца ко кочијаш. Разочарувачки однос на играч кој е или претендира да стане светска ѕвезда.

Ветераните во свој стил - Гереро, Енди Керол и Подолски уште решетаат

На дуелот Гурник Забже - ГКС Катовице, Лукас Подолски постигнал два гола, еден во 4-та минута, друг во 64-та минута а неговиот тим победил 3-0. Подолски има 39 години.

Им го закачи од 70 метри а?

Само еден погрешен пас, погледнете што може да донесе и тоа на центар на игралиште во 88 минута. Еврогол за најавни шпици на Тор Јакобсен и 3 бода за Минхен 1860 на гостувањето против Арминија Билефелд.

И Пеп знае да изгуби нерви

Манчестер Сити по којзнае кој пат во изминативе години не му дозволи на Арсенал да земе 3 бода на Етихад и да се израдува на голем триумф. Верувале или не „топџиите“ не победиле на стадионот на Сити уште од 18-ти јануари 2015-та година, речиси пред цели 9 години! И сега секунди ги делеа од победа, но им ја зема Џон Стонс со гол во последни секунди.

Стигна топката од Премиер лига за Офсајд

Нè поздрави Филипе Кутињо. Нас како редакција и вас како читатели. Поздравот ни стаса преку Анета Перевска, некогашен првотимец во нашата екипа. Добивме и подарок, кој Бразилецот ни го потпишал додека беше член на Астон Вила, па да се пофалиме, бидејќи не е дека секој ден ни стасуваат на работа сувенири потпишани од ѕвезди.

Голот на Милан во 89-та минута за огромен триумф во дербито со Интер

Поради нешто послаб почеток на сезоната на Милан, медиумите веќе го отпуштија новиот тренер Фонсека. Како што обично бива во современиот, модерен фудбал, тренер нема шанса ни пар недели да издржи ако му се навртат лешинарските медиуми. Фонсека го издржа целиот притисок и Милан со 1-2 го совлада Интер. Стоперот Габија даде гол во 89-та минута за триумф и прекин на предолгата серија победи на Интер од 6 триумфи по ред уште од 2022-ра!

Диего Коста го пратиле да игра со младинци, па и таму се степал

Има 35 години. Играше во Португалија за Брага, играше за Атлетико Мадрид 7 години во два мандати и постигна повеќе од 55 гола, играше во Челси каде за три сезони на 89 настапи даде 52 гола. Играше во повеќе бразилски клубови ама џабе му е се. Таков идиотски однос ретко кој фудбалер или општо спортист има. Го пратиле да игра за тимот на Гремио до 20 години, со младинци. И таму се степал.

Дојдете кај чичо Филипе да си поиграме

Го подзагубивме од радар Филипе Кутињо. Лани заигра во Катар, а од летово е член на Васко де Гама каде ја почна кариерата. Не ги оправда оние 105 милиони евра кои Барселона ги плати за трансферот од Ливерпул, ама и не помина лошо на Камп Ноу. Четири сезони- четири трофеи, а потоа тројна круна со Баерн. Да видиме како се забавува во Бразил.

Еврогол на Вардарци, тепачка на Лозари со управата и удрен судија

Судијата Александар Ставрев не дозволи 90 минути фудбал меѓу Тиквеш и Вардар и предвреме свирна крај. Победата оди кај гостите благодарение на евроголот на Закариќ. Настрада помошникот кој од публика го погодија со тврд предмет, а Спорт1 објави видео од тепачка на која се гледа како домашните навивачи напаѓаат двајца членови од раководството на Вардар.

Неубав потег на Халанд

Со голот на Џон Стоунс во 98-ма минута, Манчестер Сити се спаси од пораз од Арсенал и извади реми (2:2). Ерлинг Халанд после голот направи неспортски потег кој на големо се коментира во Англија.

Асистенција на Јамал за медал и седеечки ножички на Левандовски

Фудбалерите на Барселона многу моќно ја стартуваа новата сезона. Виљареал го потопија со 1:5 и сега имаат 6 од 6 со 22 постигнати гола или скоро 4 по натпревар. По два гола постигнаа Левандовски и Рафиља, а стрелец беше и Торе. Внимавајте добро каква асистенција испорача Јамал на свои 17 години и како се снајде ветеранот Левандовски во шеснаесетник.

Какви два гола даде 16-годишно дете на Хајдук Сплит

Хајдук Сплит го искористи срамниот дебакл на Динамо Загреб кој изгуби 4:1 од Славен Белупо во Копривница (Несторовски стрелец на убав гол за победникот). Сплитскиот клуб со идентичен резултат 4-1 ја совлада Горица после пресврт откако гостите први поведоа во 5' минута. Шест минути подоцна на сцена стапува малиот Бруно Дурдов, 16-годишно дете на Хајдук Сплит кој прво го израмни резултатот со прекрасен погодок а после во 55-та минута режираше пресврт со уште поубав гол.

Динамо Загреб декласиран и од Славен Белупо, супер гол на Несторовски

Бурата во Динамо Загреб не се стишува. По ремито со Ријека (1:1), поразот од Хајдук Сплит дома на „Максимир“ (0:1) и историскиот дебакл 9:2 од Баерн Минхен, „модрите“ претрпеа уште едно историско понижување. Изгубија 4-1 од Славен Белупо во домашното првенство што им е најтежок пораз во историјата од овој противник. Четвртиот гол за домаќините го постигна македонскиот центарфор Илија Несторовски кој даде супер погодок и потврди дека игра во голема форма.

Само во Африка го има ова

Немаат трева, ниту мрежа, за трибини да не зборуваме. Ама душата им игра фудбал. Генијалци.

Маестрална завршница на подзаборавениот Роки, најдобриот партнер на Пандев

Tомазо Роки е некако подзаборавен лик, но сигурно не и за Горан Пандев со кој перфектно беа воиграни во Лацио и растураа со голови. Налетавме на видео од натпревар против Интер. Погледното му го приемот и завршницата. Чиста 10-ка. Жулио Цезар брани.

Состојбата на стадионот на Клуб Бриж

Другпат пред да се исмеваме со состојбата на македонските стадиони и да ликуваме на таму некои други, да погледнеме како изгледа еден тоалет на стадионот на Клуб Бриж, „Јан Бредел“ во Белгија. Претставник на Белгија во Лига на шампиони. Во 1. коло играше со Борусија Дортмунд дома и загуби 0:4. Некој германски навивач ги прашал на Твитер „дали не им е срам од клозетиве“?

Секоја маалска екипа има некој ваков мајстор

Колку пати ви се случило да видите ваква дискрапанца, некој дебел фудбалер да има врвен осет за фудбал? Примете го додавањето на самиот почеток на старт на видеото.

Најлудите две одбрани во Лига на шампиони

Аталанта и Арсенал одиграа меч со многу шанси но без голови. Најголема прилика имаа домашните фудбалери во 50’ минута кога добија пенал. Центарфорот Ретеги изведе а шпанскиот голман од Арсенал Давид Раја му ги одбрани на два пати спектакуларно и пеналот и одбиената.

Со Милер на патос легнуваат играчите од смеа

Легендата на Баерн се сопна од белата трака поставена на тревата и толку од тренингот. Сите фатија да се смејат, од играчи од тренерот Компани. Томас на крај дури и рече дека ова ќе биде клип на месецот, печен за кликови.

Виктор мајсторе и во редакција останавме збунети

Со двата гола на Вирц, еден на Грималдо и еден автогол, германскиот првак Баер Леверкузен го потопи Феенорд и тоа уште во прво ги постави конечните 0:4. Виктор Бонифејс се истакна со нереален пас. Велемајсториште.

Маестралниот гол на Кокчу за Бенфика на Маракана

Бенфика го преброди тешкото гостување на стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград и со 1-2 ја совлада Црвена звезда. Гостите од Португалија славеа со два гола на турските интернационалци, Керем Актуркоглу и Оркан Кокџу.Покрај двата погодоци Бенфика немаше други шанси, а домаќинот стигна до само еден гол за да го ублажи поразот.