Фудбал

Мајкл Џордан на Монако - Барселона

Што да гледаш попрво на стадиониот „Луј 2“ во Монте Карло, Лига на шампиони, Монако - Барса или иконата на кошарката, Мајкл Џордан? Погледнете ја оваа неповторлива фаца која зрачи со енергија и 6 прстени со Чикаго поради кои останувавме без спиење. Фрчеа телефони, слики, селфија, автограми.

Барселона поразена со играч помалку, Атлетико до цел плен во последни секунди

Фудбалерите на Атлетико Мадрид со 2-1 го совладаа РБ Лајпциг со гол во последните моменти од мечот на стоперот Хозе Марија Хименез. Елиф Елмас доби прилика во самиот финиш и одигра десетина минути. Барселона цели 80 минути играше со играч помалку и изгуби 2-1 од Монако.

Интересна сцена на крај меѓу Халанд и Ачерби

Иако има 36 години, Франческо Ачерби успеа да го сопре 12 години помладиот и моќен Ерлинг Халанд. Се помајтапија на крај. Халанд: „Знам дека ми го сакаш дресот, постојано ми го тегнеше во игра“. Ачерби: „Два сакам“. Халанд: „Два? Абе оди еби се“.

Црвена звезда и Бенфика точно на ист датум имаат одиграно луд меч во Белград

Вечерва од 18:45 на стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград ќе се одигра дуелот меѓу Црвена звезда и Бенфика во рамки од 1. коло на Лига на шампиони. Овие два ривали последен пат се сретнале во 1/16-финале на некогашниот Куп на европски шампиони и одиграле луд натпревар.

Бомбата на Скилачи против Уругвај на Мундијалот 90

Италија 1990 важи за култно светско. Бразил ги имаше Ромарио, Дунга и Бебето, Колумбија Рене Игита и Валдерама, Аргентина ја предводеше Марадона, силната Германија стана првак со легенди како Матеус, Бреме, Клинсман, а ние ги имавме Панчев и Станојковиќ кои со Југославија загубија од Аргентина во четвртфинале на пенали. Но шоуто го украде Тото Скилачи, кој стана прв стрелец со 6 гола и беше прогласен за најдобар играч.

Голманот на Тотенхем му должи вечера на Бен Дејвис

Паралелно со ЛШ, и синоќа имаше англиски Лига Куп. Тотенхем го доби Ковентри на гости со 1:2, а при резултат 0:0, сè и сешто се случи пред голот на гостите.

Шпицата на БиБиСи за ЛШ со јаки фаци

Не им е лош изборот на играчите и головите, нели?

Голчиште ипол на Миранчук против Интер Мајами

Алексеј Миранчук, кој го паметиме од Аталанта, од пред неполни два месеци е член на Атланта каде потпиша за 13 милиони долари. Деби голот во МЛС против Меси и Суарез за конечни 2:2, создаде спектакл на трибините.

Шампионска свадба

Младоженецот решил да настапат како прави шампиони со невестата, со препознатливата химна од фудбалска Лига на шампиони.

Шансите на Гундоган после кои Пеп се држеше за глава

Интер успеа да го сочува голот на „Етихад“ и со 0-0 и освоен бод заминува од Манчестер. Илкај Гундоган, повратникот од Барселона ги имаше најзрелите шанси за домашниот тим и тоа буквално во финишот од мечот.

Голманот на Жирона направи кикс, недозволив за ЛШ

Сензацијата во шпанскиот фудбал минатата сезона, имаше 90 минути изненадувачко реми на гостувањето во Париз, но радоста им ја расипа голманот Газанига кој прими смешен гол кој му е препишан како автогол. Бојан Миовски не доби шанса за деби во ЛШ.

Бедна голгетерска вечер во ЛШ, Жирона и Миовски дебитираа со пораз во 90-та минута

После бомбастичниот старт со голеада и тоа од вкупно 28 комада, втората ноќ од првото коло во Лига на шампиони заврши разочарувачки со вкупно 13 погодоци. Два меча завршија 0:0, меѓу кои дербито Сити - Интер, Селтик пукна петарда, Борусија беше убедлива на гости, а Бојан Миовски го преседе првиот меч од ЛШ на клупа.

Кога Панчев се нашол на погрешно место во погрешно време, а конкуренција му бил Тото Скилачи

Помладите генерации малку знаат за времињата на Дарко Панчев во Серија А и неговиот клупски колега Скилачи кој почина денеска на 59 годишна возраст. Да потсетиме.

Како се повреди Ноер во 4-та минута на екскурзија на сред терен

Мануел Ноер синоќа влезе на вечната Топ10 листа на голмани со најмногу настапи во Лига на шампиони. Забележа 141 натпревар во елитното друштво. На мечот со Динамо Загреб уште на сам почеток во 4-та минута излезе на сред терен како што само тој знае и се повреди при еден дуел. На полувреме го извадија од игра при резултат 3:0 а неговата замена Свен Улрих прими 2 гола за само 2 минути и резултатот беше 3:2.

Каква фора им направи Бекам во студио

Кејт Абдо на СиБиЕс им го најавува Бекам на верните мускетари Анри, Карагер и Мика Ричардс. И тие превозбудени а не знаат дека ги чека уште појак момент.

Голманска играчка-плачка

Во 2. коло од уругвајската Примера Дивизион, трофејниот Пењарол на гости со 1-2 го совладал Мирамар Мисионес. Во 71-ва минута од мечот при водство на Пењарол 1-2, гостинскиот голман Вашингтон Агуере (31) решил да ги позафркава домашните фудбалери и навивачи. Нормално, за малку ќе изедел ќотек поради тоа. Судијата по гужвата поделил три црвени картони: два за домашните фудбалери и еден за гостински.

Млад англиски тренер поради Брегзит нема да биде тренер во Реал Мадрид

Триесет и осум годишниот Енди Менган од Ливерпул во кариерата играл за многу англиски нисколигаши како центарфор. По крајот на играчката кариера станал тренер. Неговиот талент за напаѓачите го препознал Давиде Анчелоти, син на големиот Карло и негов помошник во Реал Мадрид.

Снимка од моментот кога Роналдо дознал за нападите во САД на 11-ти септември

На 16 години, во академијата на големиот Спортинг Лисабон, младиот Кристијано Роналдо во една соба на телевизија гледа вести на СиЕнЕн за моментот на нападите во САД на 11-ти септември 2001-ва.

Анри, Карагер и Мика Ричардс за тоа кој е најубав гол во историјата

Почна Лига на шампиони а почна и врвното студио на Си-Би-Ес со прекрасната Кејт Абдо и стручните коментатори Тиери Анри, Џејми Карагер и Мика Ричардс. Синоќа паднале на муабет за тоа кој е најубав гол во историјата на фудбалот.

Џорџо ти е господин човек

Легендарниот италијански фудбалер, после 23 години богата играчка кариера со многу трофеи, вчера почна со работа како економист во Јувентус. Гледајте што е култура бре и почит кон новинарите. Не само што им пријде со насмевка, туку имаше поздравувања, гушки и бацки. Со среќа друже на работа.

Го прашуваат Пеп дали е изненаден што Халанд даде 99 гола на 103 меча

Пеп Гвардиола е ретко досаден на прес конференциите и речиси никогаш не е стерилен во одговорите. Така и беше и овој пат кога го прашаа за лудата статистика на Халанд.

Цел стадион на Галата со аплауз за луд гол на противникот

Галатасарај продолжи во одлична форма да игра во турската Супер лига. Синоќа со 3-1 го победи Газијантепспор и има 5 победи на 5 меча во турското првенство. Со 17 бода се први. Но момент на мечот бил евроголот на гостинскиот фудбалер Фуркан Сојалп од пола терен за што добил аплауз од цел стадион.

Голчиштето на колото во ЛШ е дело на дефанзивец на Спортинг

Првото коло од новата сезона во ЛШ само во првиот ден понуди дури 28 гола на 6 средби. Додека очите од 21 часот беа вперени кон средбите во Милано, Мадрид и Минхен, најатрактивниот гол падна во Лисабон на средбата меѓу Спортинг и Лил која заврши 2:0. Бомбата е на 20 годишниот Белгиец, Зено Дебаст. Голманот не мрдна.

Кенан Јилдиз стана најмладиот стрелец за Јувентус во Лига на шампиони

Легендарниот Алесандро Дел Пјеро долги години беше рекордер како најмлад стрелец на гол во Лига на шампиони за Јувентус. Алекс постигнал погодок на 19 години, 4 месеци и 13 дена. Синоќа во триумфот на Јувентус од 3-1 над ПСВ Ајндховен, младиот Турчин Кенан Јилдиз постави нов рекорд: најмлад стрелец во Лига на шампиони за бјанконерите со само 19 години, 4 месеци и 13 дена. Јуве има блескава иднина.