Како вчера да ја видовме мајсторијата на 16 годишното момче од Евертон кое како голем талент потоа го засили тимот од „Олд Трафорд“. Тој има веќе една деценија стаж во Манчестер Јунајтед, доволно време за да стане еден од најважните играчи за историјата на клубот.
Поранешниот италијански судија, Пјерлуиџи Колина предлага нови мерки во фудбалот, за да нема моменти кога едниот тим неправедно има играч повеќе на терен.
Викендов фудбалерите на Ливерпул играат важен меч против Челси кој може да биде и клучен за освојување на титулата. Посебна поддршка ќе имаат од децата од нивниот подмладок, затоа што во случај на триумф капитенот им ветил дека ќе ги носи во Мекдоналдс.
Некои спортисти си ги имаат промашено професиите. Еден од нив е и Французинот од Арсенал, Абу Диаби за кој фудбалот очигледно е премногу опасен спорт и поголемиот дел од кариерата ја помина надвор од терените заради повреди. Би му препорачале балет, ама и таму ќе се повреди. Ти си дечко само за шах во парк со пензионерите.
Првиот португалско-италијански шампионски дуел го добија фудбалерите на Бенфика, но со ветувачки резултат за Јувентус. На вториот полуфинален дуел од Лига Европа, Севиља славеше очекувана победа над Валенсија.
Најголемиот императив оваа сезона за Бенфика и Јувентус е освојувањето на двојната круна, но само една од овие две екипи ќе оди во финале и ќе има можност да биде помеѓу ретките екипи кои во еден тежок и згуснат модерен распоред се радувале на двата пехари.
Жозе Мурињо често се служи со провокации, а неговата дефанзивна тактика против Атлетико беше мотив за кој стигне да се пошегува малку и на негова сметка. Неговиот популарен автобус овој пат го имаме во нова форма, на логото на неговиот тим и тоа во изведба на нивниот официјален спонзор Корал.
По стилот на игра велат дека ќе биде новиот Френк Лампард, а потегот му го споредуваат со оној на Џанфранко Ѕола. Како и да е, Левис Бејкер направи врвна мајсторија на меч помеѓу екипите на Челси и Арсенал за играчи до 21 година.
Бразилски весник објави неколку необични барања од страна на репрезентациите кои ќе учествуваат на Светското првенство. Едно од нив е од Португалија која побара четири телохранители само за Роналдо.
„Старата дама“ финалето на домашен терен ќе го брка преку Лисабон каде му гостува на тазе португалскиот шампион. Со големи мотиви кај Севиља се очекува да отпатува и Валенсија која четвртфиналната фаза ја мина во голем стил со пресврт и петарда во мрежата на Базел.
Наркоманите кои навиваат за Барселона сега имаат шанса да добијат два во едно. Шпанската полиција заплени чоколатца во форма на амблемот на Барселона кои се полни со психоделични печурки.
Легендарниот Роналдињо не престанува да воодушевува и на 34 години во дресот на Атлетико Минеиро. Тој на натпреварот против колумбискиот Атлетико Насионал во рамките на Копа Либертадорес демонстрираше како се изместува противнички играч.
Фудбалерите на Баерн Минхен целосно го освоија „Сантијаго Бернабе“ на втората полуфинална ноќ од Лигата на шампионите, но големата офанзива не им донесе погодок. „Кралевите“ го решија мечот со голот на Бензема во првиот дел од мечот.
Четврта сезона по ред Серија А нема свој претставник во полуфиналната фаза од најквалитетно клупско европско натпреварување, но тие најдоа некаква поврзаност на нивната лига со Симеоне, Мурињо, Гвардиола и Анчелоти.
Не е одличен тркач од половина терен само најскапиот фудбалер во светот. Таков е и Бразилецот Леонардо кој настапува во Тајланд и кој претрча со се топка колега на нашиот Марио Ѓуровски од тимот на Муанг Тонг.
Уште само 50 денови до почетокот на Светското првенство во Бразил. Ситно! 20-от Мундијал ќе ни понуди многу возбудувања како и претходните 19 на кои видовме премногу убави голови. Ова се најдобрите пет во историјата на Светските првенства.
Челичниот Аргентинец кој две децении се пробива како воз низ секоја можна одбрана во Серија А, вчера го најави неговото пензионирање. За неговата иднина не треба да се даваат прогнози, тој очекувано останува како важен дел од семејството на клубот.
450 гледачи имаа можност во живо да го видат овој епски лоб удар кој се случува еднаш на 100 години. Најлошата голманска проценка која ни доаѓа од Литванија ја имате и вие на мегдан.
Не бевте во можност да го гледате првиот полуфинален натпревар меѓу Атлетико Мадрид и Челси? Не берете гајле, ништо не сте пропуштиле. Овој краток цртан ќе ви го долови целиот натпревар.
Титаните на европскиот фудбал кои заедно имаат освоени 14 круни во Лигата на шампионите вечерва ќе го имаат првото соочување во второто полуфинале. Тоа што не сакаме и се надеваме дека нема да се повтори, се вчерашните 90 неинтересни минути на „Висенте Калдерон“ без постигнат гол.