Фудбал

Навивачите на ПСВ ја срушија оградата од радост

Во дерби натпреварот од 16. коло во холандската лига, ПСВ Ајндховен го победи Феенорд 4:3, а дуелот за малку ќе беше трагичен откако навивачите на ПСВ ја урнаа оградата за прослава на третиот гол на нивниот тим. За среќа никој не е повреден.

Како Де Хеа стана еден од најдобрите голмани во Премиер лигата

Модринката што му остана на шпанскиот голман на десната нога по одбранетиот шут на Марио Балотели на дербито против Ливерпул, според Питер Шмајхел е најдоброто чувство што еден голман може да го доживее.

Игра во средина: Арсенал и Ливерпул vs. Челзи

Арсенал и Ливерпул примаат повеќе голови откако се решија за конструктивна, а не деструктивна игра на теренот. Некогаш на средината доминираа повлечени играчи за врска како Виера, Пети, Алонсо и Маскерано, за сега одбраната на двата клуба не(до)волно да ѝ помагаат Лукас Леива и Микел Артета. Мурињо уште игра по старо.

100-то место за македонската фудбалска репрезентација

Избраниците на Бошко Ѓуровски 2014-та година ќе ја завршат на 100 позиција на ранг листата на ФИФА.

Навивачите на Сан Лоренцо заслужуваат титула

Сан Лоренцо го победи Оукленд Сити во полуфиналето од клупското СП и закажа дуел со Реал Мадрид во финалето во сабота од 20:30. Навивачите на аргентинскиот тим, Ла Глориоза во голем број допатуваа во главниот град на Мароко а песната се ореше уште на аеродромот во Маракеш.

На подавање му падна репчето

Синоќешниот дуел меѓу Ливерпул и Борнмут го одбележа моментот со 19 годишниот Бејли Каргил, на кој не му додржа дел од косата кој го ја носи како перика.

Марко Ројс казнет со половина милион евра

Фудбалерот на Борусија Дортмунд до сега добил пет казни за брзо возење, но дури сега го откриле дека нема возачка дозвола.

Оскар за најдобри фудбалски глумци во 2014

За наградата Fallon d'Floor (римејк на Ballon D'Or) или Златна глума на годината конкурираат: Арјен Робен, Џанкарло Гонзалес, Луис Суарез, Кристијано Роналдо и Бразилците Адријан и Фред.

Вечниот голман на стари години се проба и како напаѓач

Крајот требаше да биде по мечот Џенова-Лацио на 11 мај 2008 година кога се повлече со 44 години и 38 дена и стана најстариот играч кој настапил во Серија А и ЛШ. Но не сака да чуе за пензија и на 50 години брани за нисколигашот Кастелветро.

Баварската машинерија нема достоен противник во Германија

Со вчерашната победа од 2:0 против Фрајбург, Баерн Минхен на коло пред крајот од полусезоната има 42 бода, 12 повеќе од Волсфбург. Тимот на Пеп Гвардиола на 16 натпревари есенва прими само 3 гола и со тоа стана рекордер во Бундес лигата.

Зимска трка за првото место во Премиер лигата

Сезонава трката за првото место стана поинтересна отколку што се очекуваше. Челси ќе се обиде да ги одбие нападите на двата клуба од Манчестер, кои фатија приклучок со врвот.

Голот на Алмерија од 50 метри

Со вкупен резултат 6:4, Алмерија го елиминираше Бетис од Кралскиот Куп. Имаше 10 голови за 180 минути, од кој еден лоб од 50 метри.

Сте играле ли пинг-понг со глава?

Правилата се едноставни: Се игра како пинг-понг, но со фудбалска топка, и можеш да ја удриш топката во лет, без да мора да удри на масата. Службено името на спортот е Хедис.

Кавга за дресот на Анри

Најдобриот стрелец во историјата на Арсенал и француската репрезентација, вчера изјави дека фудбалската кариера одлучил да ја замени со коментаторска. За тоа колку беше добар на теренот, потврдуваат Матераци и Занети.

Шарени копачки се носат повеќе од традиционалните црни

Премиерлигашот Хал е најверен на старата школа, затоа што повеќе од половина играчи во екипата не сакаат да слушнат за шарените копачки, кои се омилени во Манчестер Јунајтед.

Стефан Ристовски доби нов газда во Парма

По повлекувањето на Томазо Гирарди, последнопласираниот тим во Серија А вчера и официјално доби нови сопственици, предводени од Албанец со италијански пасош, Пијетро Дока. Зад новото раководство стои руско-кипарска нафтена компанија која ќе треба да ги врати долговите на Парма.

Хет-трик на Пандев за 45 минути во турскиот куп

Горан Пандев чекаше и дочека прилика во Галатасарај. Во второто коло од турскиот куп, во дуел против третолгашот Балчова вечерва, Пандев најпрвин израмни на 1:1, а потоа со уште два гола го заклучи високото водство на Галата 1:5 по првото полувреме. Нaтпревaрoт нa крaј зaврши 1:9.

115 годишната историја на Милан

Го формирал англиски емигрант на денешен ден во 1899 година, а речиси две децении со него раководи моќниот претседател Силвио Берлускони кој е 21-от на таа функција. Милан во своите витрини чува многу пехари, а најдрагоцени се 18-те Скудета и 7-те европски титули од Лигата на шампионите.

Божиќен подарок за невработените навивачи на Селтик

Шкотскиот клуб соопшти дека ќе ги отвори вратите за сите невработените навивачи за следниот натпревар против Рос Каунти кој се игра во сабота, на 27. декември.

Фелш за двајца голмани

Голманот на Го Ахед Иглс, Мики Ван дер Харт немаше апсоултно никаква шанса да го одбрани шутот на Алберт Руснак од Камбур.

10 правила за правење интервју со Луи Ван Гал

Жозе Мурињо не е единствен тренер кој се чатали пред камерите. Доста специфичен со новинарите е и стратегот на Манчестер Јунајтед, кој може да го изнервирате само со прашање за евентуален трансфер на некој играч од неговиот тим.

Рафа Надал го носи чудото од дете во Реал Мадрид

Најновиот фудбалски бисер доаѓа од Мајорка, а на Сантијаго Бернабеу го сметаат за фудбалер на долги патишта. Поради забраната за трансфери, Барселона не можеше да го ангажира Марко Асенсо летово, а Реал ги претрка Челси, Арсенал и Манчестер Јунајтед.

Кога ќе ти преседне повикот за репрезентација

Пионе Систо има 19 години и игра за данскиот клуб Митјиланд. Потекнува од Судан, но од мал живее во Данска со неговите родители. По одличните игри за клубот, селекторот на Данска У21 реши да го повика во репрезентацијата. На прес конференцијата дојдоа татко и мајка му, кои го резилеа по традиционална основа.

Гиле џабе се радуваш Гиле

Само фудбалерот на Бастија мислеше дека топката влезе во гол.