Фудбал

Девојко, секоја чест

Инди Коуи е најпознатата фристајл фудбалерка на светот, а на тоа што го прави со топка често ѝ завидуваат многу машки колеги.

Треба ли казна за потегов на Вила - Сити?

Наместо да му ја врати коректно и ферски од аут топката на голманот, Руди Гештеде од Астон Вила со сета сила му ја фрли, се затрча кон голманот Џо Харт и заработи корнер. Тоа беше причина гостинските фудбалери да му се сипат на Гештеде.

Легендите на Манчестер Јунајтед во улога на навивачи

Аматерскиот клуб Салфорд сити направи сензација во ФА купот каде го елиминираше третолигашот Нотс Каунти. Едни од најсреќните на трибина беа Гери Невил, Пол Сколс и Ники Бат кои заедно со Рајан Гигс и Фил Невил се газди на клубот.

Римското дерби се живее пред, по и за време на цела година

26 мај 2013 година е историски датум за двата големи ривали од Рим кои за прв пат се сретнаа во финалето од Купот на Италија. Го реши Лулиќ во 71 минута, а како тренер го доби Босанецот Владимир Петковиќ, кој за италијанските медиуми зборува на таа тема во пресрет на утрешната пресметка.

Пријателите на Комити со фешта пред тренинг

Навивачите на Шалке познати како УГЕ (Ултрас Гелзенкирхен) кои се во одлични односи со Комитите, ги мотивираа играчите на последниот тренинг пред утрешното Рурско дерби против Борусија Дортмунд од 15:30 часот.

Мурињо не смее да седи ниту во клупскиот автобус

Тренерот на Челси денес нема да може да го води клубот од клупата против Стоук, откако ФА го суспендираше за овој меч поради тоа што два пати одбил да ја напушти соблекувалната на судиите после мечот со Вест Хем минатиот месец.

Како Алекс Фергусон стана тренер на Манчестер Јунајтед

Тоа беше време помеѓу две големи фудбалски трагедии, година и пол по несреќата во Нејсел и три години пред Хилсброу. Фергусон беше кусо време селектор на Шкотска, а потоа го бараа неколку екипи од Англија. Го направи вистинскиот избор.

Објавени кандидатите за наградата Пушкаш

ФИФА го скрати изборот за најубав гол на годината од илјадници голови на десет. Во најтесниот избор на кандидати влегоа голови постигнати од 27. септември 2014 до 23 септември 2015 година. На 30. ноември ќе останат само три најмногу гласани голови кои ќе се борат за наградата Ференц Пушкаш.

Се сеќавате ли на голманот кој може вака да асистира?

Не е Буфон, Чех или Ноер, туку Алиреза Беиранвад од Иран, кој во минатото изгледа фрлал ѓуле.

Криминалната страна на Карим Бензема

Интимното видео со кое Бензема го уценувал Метју Валбуена не е прво дело надвор од законот на центарфорот на Реал Мадрид. Во минатото имал престапи и често полицијата му ѕвонела  на врата.

Нема Ајфон 6, ќе ми се јавуваш од кај баба ти

Во подолги интервјуа за британскиот Тајмс и германскиот Кикер, Роналдо открива делови од биографијата која му ја состави реномираниот шпански новинар, Жулием Балагуе. Португалецот зборува за татко му, за син му, за Меси и за нарушениот однос со Мурињо.

Руски новинар го изнасмеа Јирген Клоп

Пред натпреварот Рубин Казан - Ливерпул кој Црвените го добија 0-1, еден руски новинар побарал од тренерот на гостите да ја открие формацијата и составот. Доволна причина Клоп да прсне од смеење.

Скендерберг го прегази Спортинг Лисабон

Фудбалерите на Скендербег го направија најголемото изненадување во Лигата на Европа откако со убедливи 3:0 го понижија португалскиот гигант Спортинг. Близу пласман во 1/16 финалето се Лацио, Базел, Сент Етјен и Тотенхем.

Фалкао дава само убави голови

Еден од најдобрите футсал играчи, Бразилецот Фалкао направи нова магија, овојпат на мечот Бразил - Замбија.

Ватфорд има мултинационален тим, а Тотенхем најмлад

Рекордерот во Премиер лигата со играчи од различни земји во својот состав има фудбалери од Алжир, Австрија, Бразил, Камерун, Колумбија, Еквадор, Англија, Франција, Грција, Холандија, Италија, Мексико, Нигерија, Северна Ирска, Шкотска, Шпанија, Швајцарија и Уругвај.

Голманот кој се дебелее по слави и свадби се спрема за Гинис

Ненад има 130 кила и од него се претпоставува дека нема појак голман на вага. Соиграчите не го зезаат дека е дебел, бидејќи по нивните грешки во одбрана, тој го спасува голот. Вториот по дебелина во Република Српска треба да јаде уште многу леб за да го стигне.

Харизмата на Буфон и германското невнимание

Во вторникот после мечот Менхенгладбах - Јувентус, Џиџи Буфон отишол под трибината кај навивачите на германскиот клуб, им ги подарил ракавиците, но за возврат не добил ништо по што сега се води полемика во Германија.

Најдобро изработените слободни удари

Не дека не уживаме во денешно време во ударите на Пирло и Пјаниќ, а претходно и во слободните удари на Бекам, Жунињо и Михајловиќ, ама ова си има посебна убавина, иновативност и многу вежбање на тренинг. Цареви се дечкиве, нема што.

Што прави периодов Роналдињо?

По краткиот престој во Мексико, Роналдињо премина во Флуминенсе и со клубот од татковината потпиша договор до крајот на 2016. година. Сепак веќе на 29 септември 2015 година после 7 мечеви во составот, со клубот се договори да го раскинат договорот.

Дибек

Во првенството за мал фудбал во Западен Сибир, на мечот Курган - Вираж, гостинскиот фудбалер Сархан Микаилов ја замени улогата на најголемиот ривал на Попај морнарот.

Македонија потона уште седум места на ФИФА листата

Македонската фудбалска репрезентација сега е на 139-та позиција на ранг листата на ФИФА, а нè поминаа земји како Чад, Јужен Судан и Казахстан.

Најдобрите 10 одбранбени двојки во Серија А во последните 30 години

По 11 минати кола Интер предводен од дефанзивното дуо Мурило – Миранда има најдобра одбрана со само 7 примени гола во италијанското првенство, каде низ годините играа едни од најсилните дефанзивци во светот.