Полските хулигани важат за едни од најопасните на континентот. Кога некоја екипа од оваа земја гостува во друга, полицијата знае дека ќе нема раат неколку дена. Билдаат, имаат сопствени кик-бокс клубови во кои се претвораат во прави животни и се страв и трепет за противниците.
Тешко е да се даде еден и единствен одговор на што се должи резултатот од оваа анкета, ама едно е сигурно, Манчестер Јунајтед е еден од оние клубови сo огромен број на фанови кои се странци.
Во пресрет на големото лондонско дерби во Лига Купот кое заврши со инциденти и победа на Вест Хем над Челси од 2:1, навивачов на Сините им даде повод на навивачите на Вест Хем да пејат песни за Лампард во лоша конотација, а него да му се одјаде.
Навивачите на Шкупи, „Шверцерите“, на својот стадион во Чаир ја прославија победата над ривалот Шкендија во Тетово од 0:1 со тоа што правеа акција со зелка. По некои писанија на навивачките форуми, ваквата симболика имала врска со прекарот кои Чаирци им го наденале на навивачите на Шкендија.
За бројките околу посетеноста на стадионите во водечките топ 5 лиги пишуваме секоја сезона. Излезе статистика за стартот на новата во која Италијанците повторно треба да размислат кај тераат, а Германците со помош на својата одлична политика спрема навивачите не го даваат тронот.
Со цел подоро да се изборат за своите позиции, организираните навивачки групи во Британија би требало да почнат да ги следат ултрас движењата. Така би можеле да ја победат комерцијализацијата во фудбалот која е виновна за претерано скапите карти.
По татко Италијанка, по мајка Јапонка, израсната во Бразил, живее во САД, а навива за Барселона. Toa е накусо инфо за навивачката која има половина милион следбеници на Инстаграм, бројка која сигурно ќе стигне до милион.
Една кореографија вклучува разни елементи: балони, барјаци, пиротехника и најчесто најтешкиот дел популарната шеталица. Навивачите најчесто ја цртаат и за тоа им требаат денови и ноќи пред големите натпревари. Притоа треба да мислат и на други работи како пароли, нови знамиња и слично за целата кореографија да биде без грешка.
Управата на Херта Берлин забрзано работи на модернизација на клубот. Со цел да привлече нови гледачи носат розева и портокалова опрема, користат англиски јазик за слоганите и стануваат полигон за трендсетери што им смета на конзервативните ултраси.
По одиграниот дуел меѓу Брегалница и Пелистер во Кочани кој заврши 0-0, навивачите на Пелистер биле брутално претепани од полицијата која соопшти дека најпрво физички бил нападнат нивен колега. Нереди имало пред, за време и по одиграниот меч.
Во неделата во аргентинската лига се одигра градското дерби меѓу Росарио Централ и Њуелс Олд Бојс. Навивачите направија спектакл за кој живеат цела година.
По завршување на мечот Рома - Палермо (4-1) во неделата, навивачите на двата клуба преку високиот плексиглас си ги разменија шаловите, како во старите добри времиња на италијанскиот фудбал.
Навивачите на Сан Лоренцо дефинитивно ги имаат најмелодичните навивачки песни во латинска Америка. Покрај многу свои дела, Ла Глориоза знае и да направи препев од некој хит, па така сега актуелна им е DUELE EL CORAZON од Енрике Иглесиас која што грми на трибини.
Од преку сто фан клуба во светот, една од најверните бази Реал ја има во земјава. Овдешните поддржувачи на „Кралскиот клуб“ не пропуштаат прилика организирано да патуваат секаде каде што играат Роналдо, Рамос и другарите. На кратко ни раскажаа како поминале во Дортмунд.
Освен вообичаените вести кои доаѓаат од овој дел на светот, ретко кој знае дека таму се игра и добар фудбал пред полни трибини. Еден навивач на ирански прволигаш е слеп, но редовно ги следи натпреварите со помош на својот најдобар другар кој му ги коментира настаните на теренот.
Чекавме голови на дербито Ливерпул - Манчестер Јунајтед, а нив ги немаше „ни за лек“. Пред почетокот на мечот на „Енфилд“ традиционално грмеше You''ll never walk alone, а за тоа време една мачка се прошета по теренот. Режисерот ја примети и го забележа моментот.
Во саботата фудбалерите на Партизан играа против Вождовац, а пред мечот навивачите им дале да облечат маици со ликот на убиениот водач Александар Станковиќ. Ај што фудбалерите комотно ги облекоа, туку синоќа истото мораше да го сторат и кошаркарите иако станува збор за криминалец кој требал да одлежи затворска казна од 5 години и 10 месеци.
По неколку години во пониските лиги поради банкрот, армејскиот клуб ЦСКА Софија повторно се врати во првата лига каде се сретна со вечниот ривал Левски Софија. Мечот заврши 1-1, а дербито го одбележи сценографијата на навивачите на Левски.
Во Премиер лига се треба да биде под конец и ако те фати грип и не си способен да одиш на стадион, може клубот да те казни и тоа на една година. Тоа му се случило на Кларк и сега син му се плаши да не го стегне депресија.
Еден од двата најголеми клубови од Мадрид од следната сезона ќе заигра на нов, модерен стадион. Веќе 4.500 сезонски влезници се продадени за следната година, а новиот дом на Атлетико Мадрид ќе собира околу 67.000 гледачи.
Клубовите со кои се поврзуваат најголемите диктатори најчесто со зацрвенети образи одбиваат да прифатат било каква поврзаност со нив, но општо е познато дека познатите светски диктатори сакале да гледаат фудбал.
Тимот на Славен Билиќ има беден старт во Премиер лигата и откако направи скор од 5 порази и една победа, вчера против Мидлсброу го одигра првото реми. Навивачите предизвикаа немили сцени и направија тепачка со гостинските навивачи, а кај еден фан е пронајден нож.
УЕФА го казни шкотскиот Селтик со 10.000 евра поради тоа што вееа палестински знамиња на меч против израелски клуб, а „Келтите“ тврдокорни по природа веднаш организираа акција за донирање парична помош на Палестина и собраа 172.060 фунти или 10 пати повеќе од казната на УЕФА. Колку го сакаат клубот покажаа и синоќа на мечот против Манчестер Сити во ЛШ (3:3).
Навивачите на Динамо вчера попладне нападнале група навивачи на Јувентус кои допатувале во Загреб. Меѓу сведоците на општиот хаос имало и Македонци кои отпатуваа да го бодрат Јувентус.