Навивачите на Феенорд го поддржале играчот и го охрабриле за време на домашниот меч со Венло кога ја пееја песната You''ll Never Walk Alone (во моментот на смртта на синчето, Џонс играше за Ливерпул) и целиот стадион светеше од светла од мобилните телефони.
🌟 | You'll never walk alone! @Brad_Jones1#feyvvvhttps://t.co/yJcU9A9apN pic.twitter.com/DiQPaTCIDp
— FOX Sports (@FOXSportsnl) November 18, 2017
Синот на Џонс имал трансплантација на некои витални органи, но три недели после операцијата лекарите му соопштиле на семејството дека болеста не е спречена.
„Ми дадоа многу позитивна енергија. Ливерпул ме поддржа и ми даде целосна слобода. Престанав да играм едно време и долго време бев со син ми во Франција. Лука издржа дури и подолго отколку што очекуваа. Во болница обележи два родендени иако ние после првиот роденден на Лука не очекувавме ништо добро. Искрено се бореше“, вели Џонс.