Навивачи

Македонското знаме се развеа и на финалето на Лига на шампиони

Фан клубовите на Ливерпул и Реал Мадрид од земјава имаат стотици членови кои неуморно ги бодрат своите тимови секаде низ Европа. Така беше и во Киев каде се развеа нашето знаме.

Браво бабе, до 100 години да навиваш вака

Дрес на Јуве, шал на Јуве, знаме на јуве, бела коса, црни кондури, па уште и црно бели чорапи. Години? Накај 80. Три, два, еден, сега. Царица е.

Јувентус Битола Балкан има да ви каже нешто

Секоја чест за гостинската победа на Наполи против Јуве во 90-та и за јуначкиот пресврт на Интер против Лацио вреден ЛШ, ама Битолчани стварно имаат добра поента.

Колку може да полуди човек за 4-то место

Стварта е во тоа што ова не е обично 4-то место, туку она за ЛШ меѓу Лацио и Интер. Гостите до 77-ма минута беа отпишани бидејќи тогаш беше 2:1, а табелата Лацио 75, Интер 69 бода. Но во следните 4 минути, Лацио доби црвен и прими два гола, а Интер со ист број на бодови поради подобар меѓусебен дуел отиде во елитното натпреварување по пауза од 6 години. Чисто ако некој не го конта радувањево.

Шкендија очигледно не ја признава Македонија како држава

А ќе дојде јули-август, па пак ќе се дурат како убаво го пречекале Милан или некој друг гигант и тоа благодарение на учеството во македонската лига која е полноправна членка на УЕФА и ФИФА.

За оние што велат само на Балканот има стока хулиганска

Прво закажале „ферка“ на однапред договорено место. Таму дошле 60-ина хулигани на Базел и 90 на Цирих засилени со германска банда навивачи на Карлсруе. По тепачката, овие од Базел не можеле да се смират па решиле да им ги кршат возилата на противниците кои едвај спасија жива глава.

Добро, вие Буфон го испраќавте или Силвестер Сталоне?

Јес да легендарниот Џиџи е мускулест и разбацан ама арт-тимот на навивачите на Јувентус малку претерале кога ја цртале шеталицата со негов лик.

Како Вилијан го покри Конте со емотикони на славеничката слика

Иако соиграчите го избраа за најдобар играч на сезоната, бразилскиот репрезентативец не ужива доверба кај тренерот Антонио Конте и наскоро би можел да замине од „Стемфорд Бриџ“ ако овој остане.

Сеирот на навивачите на Рома за поразот на Лацио

Симоне Инѕаги не успеа да ја круниса сезоната со пласман на Лацио во Лига на шампиони. Во само три-четири минути добија црвен картон, примија два гола и Интер после шест години оди во ЛШ. Тоа беше причина тифозите на Рома да играат мајтап.

Навивач на Марсеј се истепа со телевизорот

Овој навивач на Олимпик Марсеј многу тешко го поднесе или поточно не го поднесе поразот во финалето на ЛЕ од Атлетико. Телевизорот така добро го среди, што сега не проаѓа и кај „старо купујем“. Му влезе со дрво, со нога, па и со глава, а додека се караше со камерата неколку пати стана за да го докрајчи. Мора да го видите и крајот.

Љубовта меѓу Хуанфран и навивачите на Атлетико

Пред две години Хуанфран не го даде решавачкиот пенал во историското финале на Лига на шампиони против Реал Мадрид, после што им се извини на навивачите. Тие го поддржаа и него и целиот тим. Синоќа одново отиде кај нив, овојпат како победник во Лига Европа.

Професор Пениси делел совети за руските жени пред Светското

Во Аргентина избил голем скандал откако тамошната фудбалска федерација им поделила прирачник на фудбалерите, стручниот штаб и навивачите за тоа како да се однесуваат во Русија. Во часописот пишува и како да им се додворуваат на Русинките.

Марсеј, па остатокот од земјата

Навивачите на Олимпик Марсеј, единствениот француски клуб кој донел европски трофеј во земјата, го сметаат својот град за престолнина. Не го можат Париз ниту пак ПСЖ и вечерва се спремни да побудалат од среќа ако го победат Атлетико Мадрид во финалето на Лига Европа.

Играчите на Спортинг нападнати од хулигани, Ристовски е добар

Вчера 50-ина маскирани хулигани, приврзаници на Спортинг влегле во тренинг центарот и ги нападнале играчите и тренерите меѓу кои има повредени.

„Везув посипи ги со оган“

Најгрдиот и најдискриминирачки извик кој може да се чуе на трибините во Италија за Наполитанците гласи: "o Vesuvio Lavali col fuoco". Такво нешто вчера извикуваа навивачите на Сампдорија, а во обид да ги спречи се појави и претседателот на клубот Масимо Фереро, но и тој си доби среден прст.

Ова се вика љубов кон својот клуб

Дојдоа во Серија А тотално неочекувано од градче со 60.000 жители, како третолигаш 13 месеци претходно. Се удавија на табела со рекордни 12 порази по првите 12 кола. Но тоа сега не е важно, важно е дека ги имаат најдобрите навивачи кои на последниот меч на домашен терен сезонава (победа против Џенова 1:0) ги испратија во втора лига како херои.

Нема палење скара на Светско во Русија

Во градовите домаќини на Светското првенство 2018 ќе биде воведен противпожарен режим - одлучило Министерството за вонредни ситуации на Русија чиј главешина е Владимир Пучков.

Хотелиерите во Киев за Лига на шампиони бетер од скопските

Срамниот обид за поголема заработка на дел од скопските сместувачки капацитети пред мечот од Супер Купот меѓу Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид е „мала маца“ во споредба со она што деновиве се случува во Киев.

Гробарите викнаа оркестар да свири посмртен марш

Една од фракциите на навивачите на Партизан за време на мечот на нивниот клуб против Напредак на својата трибина викнале оркестар којшто од 4’ минута го засвиреле посмртниот марш. Дали како шега поради името на групата Гробари, дали од некоја друга причина не е познато.

Ова го нема ни на Светско ни во Лига на шампиони

Пиротехниката на стадион му дава посебна драж на секој меч, ама ова во Алжир е нешто повеќе од лудо и спектакуларно. Се работи за 55.000 навивачи кои не слават никаква титула, туку пласман во втора лига. 

Добра идеја за празните македонски стадиони, ФФМ да купи звучници

На мечот од Копа Либертадорес меѓу Алијанца Лима од Перу и Палмеираш, домашниот тим ја немаше потребната поддршка на стадионот „Алехандро Виљануева“ во Лима. Од разни причини навивачите не дошле на дуелот па управата решила да импровизира. На крај изгубија 1-3 од Бразилците.

Каков е овој силеџиски џандарски потег врз навивач?

Пазете ја ситуацијава. Навивач на Арсенал си поминува најнормално и наеднаш јаде пендрак во глава, како да е најнормално. ВО ГЛАВА. Одвратна сцена пред стадионот на Атлетико Мадрид.

Трагедијата на финалето од ЛШ и 6-годишната казна за Ливерпул

На финалето од ЛШ во 1985-та се случи една од најголемите трагедии во историјата на спортот. Јувентус за првпат стана европски првак но резултатот остана во сенка на големата трагедија.

Клоп се врати за да им се поклони на навивачите

Гостинските навивачи обично ги држат на трибина и до 1 час по завршувањето на мечот поради безбедносни причини. Тоа не е проблем за Јирген Клоп кој има сенс како треба да ги испочитува навивачите. Од секогаш бил цар овој човек.