Навивачи

Едно баш надреално видео од аргентинската прослава

Иако од прославата во Буенос Аирес најчесто стигнуваа видеа за блесави глави кои скокаат од мостови и семафори, таму нормално имаше и прекрасни прослави кои никогаш никаде ги немало за победник на Светско првенство. Ова не е нормално.

Катарец после Светско ко средношколец после летен одмор

Катарците цел месец уживаа во шареноликоста на Мундијалот за чие домаќинство нивната земја одвои милиони, милијарди долари. Светското помина супер интересно, без ниту еден најмал екцес така што во вода паднаа сите најави на англиските медиуми. А обичниот Катарец сега после толку врева, музика и журка, ќе се потсеќа на турнирот.

Јошко Гвардиол дошол на прослава со Фиатот на татко му

Аргентина имаше незамислив пречек во Буенос Аирес каде преку 4 милиони луѓе паѓаа во транс. Мароканците беа покултурни, пристојни, уредно ги дочекаа најголемите херои на Мундијалот. Во Хрватска исто супер прослава, со тон бакљи, огномети, веселба за историското трето место. Неколку дена подоцна Јошко како што ветил, дошол во родното место на неговите родители.

Евакуација за Аргентинците во хеликоптери, навивачи им скокаа од мост во автобус

„Ваква народна самоорганизирана мобилизација во само неколку часа 5 милиони луѓе да излезат на улица, светот не видел никогаш, ниту во војна, ниту во револуција, ниту во било каква друга прослава. Ова е историска народна мобилизација во Аргентина, а воедно и во светот. И тоа само поради една причина: Фудбал“, пишува спортскиот новинар Игор Филевски, кој интензивно известува на Фејсбук за славјето во Аргентина.

Кулминација на аргентинската прослава

Не знам што да направам друго, да земам на шипка да се качам гола, тоест на бандера. Некој да пуштеше скала за да ја придржи?

Дедото кој ја гледаше Аргентина на излог од продавница

Фудбалската страст во Јужна Америка се смета за посебна и неспоредлива со Европа и другите континенти. Вакви примери само кај нив може да се видат.

Агуеро чукаше на тапан од култен аргентински навивач кој ги гледал сите Светски од 1974-та

Во најубавите моменти во историјата на аргентинската фудбалска репрезентација, додека се славеше третата светска титула долу на теренот со играчите беше и Кун Агуеро, довчерашен репрезентативец кој удираше на тапан од еден култен стар аргентински навивач.

Да издвоиме двајца Аргентинци од прославата

Едниот преживеа, другиот веројатно. На едниот му фали поголем дрес или помала килажа, а на другиот памет.

Мароко стигна до полуфинале, а најисмејуваниот навивач си ќари нова вилица

Навивачите се декор без кој не може да се одржи едно Светско првенство. На Хрватицата Ивана и фалеа уште лајкови и фанови, а на Мохамед нови заби. И двајцата среќни и задоволни заминуваат од Катар.

Да видиш ти во Аргентина каков лик се појави на прославата

Во ек на мирно Светско првенство во Катар, вакви се бараат, а не тоа гадостите со Французите и Мароканците кои ќе се заколеа синоќа во неколку француски градови. Пазете ја оваа појава во Аргентина откако заверија финале.

За кој си на Светско? За тој што ќе победи

Во прво коло Саудиска Арабија ја победи Аргентина, арно ама Аргентина ќе игра во финале. Да провериме убаво во архивите може типов бил во Палермо и Дуисбург и навивал за Македонија.

Трето полувреме меѓу Французи и Мароканци, има и жртва

Од славјето за пласманот на Франција во финале и бесот поради елиминацијата на Мароко, произлегоа многу инциденти и тоа во неколку француски градови. Во нередите загина 14 годишно дете.

Буенос Аирес во транс, на бандери се пентареа

По осум години, Аргентина се враќа во мундијалско финале, шесто во историјата, второ со Меси. За светскиот трон мечтаат уште од 1986-та со Марадона. Главниот град синоќа се тресеше. Еуфоријата им е до плафон.

Импресивна баклијада на Ајдуци за 100 години Беласица

Гордоста на Струмица, клубот за кој душата ја даде бате Ване и во кој Горан Пандев ги направи првите фудбалски чекори, слави голем јубилеј од 100 години. Навивачката група Ајдуци приредија голем спектакл на стадионот Младост.

Стај си друг дрес будалче, глеј колку се

Аргентина ја елиминираше Холандија во четвртфинале, а Бразил е елиминиран од Хрватска исто така во четвртфинале. Со оглед на огромното јужноамериканско ривалство: 1. Зошто овој стои така гордо? 2. Добро помина.

Навивач на Аргентина кој повеќе не треба да се снима по дома

Нејасно е дали е ова од очај за голот на Холандија во 111-та минута или од радост за последниот пенал вреден полуфинале. Како и да е, ова требало да остане меѓу него и жена му. Или уште подобро и таа да не знае.

Хрвати на кран се качија да слават

Хрватите се во транс откако на пенали ја елиминираа селекцијата која според многумина беше фаворит број 1 за светскиот трон. Најуникатната прослава ни доаѓа од Загреб. Ни пишаа дека ова не било кран, туку пумпа за бетон. Сеедно.

Како Митрогол беше пречекан на дербито Ѕвезда - Партизан?

Црвена Ѕвезда и Партизан синоќа за прв пат имаа соочување во Евролигата кое го добија црвено белите. За Александар Митровиќ кој е навивач на Партизан, имаше спектакуларен пречек во комбинација со хитот „Mitro’s on fire“. Цела сала грмеше.

Шпанците креваа знаме во ексклава Мелила, ама Мароканците вечерта славеа

Мелила е мало место во Мароко кое е фактички шпанска ексклава, односно шпански град. Тука се наоѓа најозборуваната граница односно најфреквентното место на кое мигранти од Африка пробуваат на секаков начин да стигнат до европско тло.

Лудило во Мароко, сè живо слави по улици

Селекцијата на Мароко е единствена која оствари сензациски резултат во нокаут фазата на СП, сите други фаворити поминаа. За нив ова е шесто учество на Мундијалите и прв историски пласман во четвртфинале каде ќе се сретнат со Португалија. Победата над поранешниот светски првак се славеше на големо и тоа не само во Мароко, туку насекаде каде што живеат Мароканци.

Како се славела победата на Копакабана?

Во понеделникот вечер Бразил со 4-1 ја испраши Јужна Кореја и во еуфорија оди во четвртфинале на Хрватска. Головите на Нејмар, Винисиус, Ришарлисон и Пакета биле славени и пред видео-бимовите на Копакабана, срцето на кариоките.

Не за џабе рекле и будалиот бега од пијаниот

Репортер од израелски телевизиски канал, како и неговите колеги од сите страни од светот, културно и уредно пред стадион прави репортажа со случајни минувачи. Начекал англиски навивачи и најфино ги прашува: „Доаѓа ли дома“? како алузија на песната дека фудбалот (пехарот) се враќа дома во Англија. Ама тие во еден момент му урлаат во микрофон: „Слобода за Палестина“ па кутриот не знаеше што да прави.

Културен навивачки аргентински рецепт против нервозен Австралиец

Водиш 2:0, ги елиминираш од Светско, навиваш, не се закачаш и уште толку го дотепуваш.