Фуенлабрада е град или предградие на Мадрид. Оваа средина има посебно место во срцата на сите навивачи на Партизан кој во време на силни санкции, воена состојба во земјата, во сезоната 1991/1992 добива шанса своите домашни натпревари да ги игра во Фуенлабрада, место на 30 км од Мадрид со 200.000 жители.
И како за крај на септемвриските квалификации, во Европа за ЕП 2024, во Јужна Америка за СП 2026, пуштете погласно пред да го пуштите клипов за да има поголем ефект и слушнете колку моќно звучи ова. Аргентинските навивачи се од друга планета.
Англиските навивачи знаат да почитуваат, па така после триумфот против Шкотска 1:3 пееа песна за стоперот Хари Мегваер кој повторно по којзнае кој пат си даде автогол. Мегваер веќе неколку години е на сериозен удар на социјалните мрежи но навивачите му дадоа поддршка.
Натпреварот меѓу Романија и Косово во рамки од 6. квалификациско коло за Европско првенство беше прекинат во 23' минута откако домашните навивачи извадија парола: „Косово е Србија“ во боите на српското знаме после што гостинските фудбалери го напуштија теренот. По краток прекин мечот продолжи. Ведад Муричи доби црвен картон во 42' минута а Романија на крај победи 2:0.
Хрватска и покрај бројните шанси, само со 0:1 ја совлада Ерменија на гости во 4. коло од квалификациите. Стрелец на погодокот беше Андреј Крамариќ во 14' минута. Овој меч го одбележаа големи навивачки нереди на трибините и прекин во 35' минута поради дрон.
Во групата Б од квалификациите за Европско првенство, Холанѓаните на гости ја совладаа Република Ирска после пресврт 1-2 во Даблин и сега имаат 9 бода после 4 одиграни меча. Пред, за време и после мечот, препознатливите „лалиња“ правеа прекрасна атмосфера во главниот град на Ирска. Коди Гакпо и Вегхорст постигнаа голови за три важни бода во трката за Евро2024.
Српскиот прволигаш Вождовац го има најнеобичниот стадион во регионов - на кров на голем трговски центар. Буквално додека луѓе си пазарат, пијат кафе или се веселат во ресторан на горниот кат, најгоре се игра прволигашки фудбал пред трибини.
Повеќекратниот француски шампион и еден од најтрофјените клубови во оваа земја Лион минува низ сериозна криза. Во новата сезона последни се на табела после 4 кола. Имаат 3 порази и 1 нерешена со гол разлика 3:10. Ако ништо не се смени ќе се борат за опстанок сезонава. ПСЖ во неделата за 45 минути им даде 4 гола (Мбапе 2), после што водачот на ултрасите од групата Bad Gones им одржа лекција пред цел стадион.
После шест одиграни кола во австриската лига, Хартберг е на 4. место со 8 освоени бода. Имаат по 2 победи, 2 нерешени и 2 порази. Имаат и супер интересна претседателка на клубот која синоќа пред крајот на мечот со Волфсберг на гости на кој победиле 0:3 им дала паричка на навивачите да се почастат по некое пиво.
Фудбал фактори (The Football Factory) од 2004 и Хулиганите од зелената улица (Green Street Hooligans) од 2005 ден-денес важат за ремек дела на британската кинематографија. Љубителите на овие два филма секогаш пред важни ждрепки се потсеќаат на две епски сцени. Факинг Милвол!
Навивачите на Рома се во транс поради новото засилување кое доаѓа на позајмица од Челси и со кое Мурињо добива опасен тандем во напад составен од Дибала и Лукаку. Ама немаа осет за време на пречекот и направија штета. Инаку белгискиот напаѓач пристигна со приватниот авион на газдата на Рома, Дан Фредкин, а пилот беше токму Фредкин.
Железната лејди Тачер ги среди со закони, ама на Островот ете остана старото добро правило „остани на свое место“. По некоја незадолжителна тупаница без кроволочен порив за убивање со студено оружје. Сè да остане во граници на машка глупавост.
Ама во Норвешка. Во тамошниот град Берген, фудбалскиот клуб Бран и неговите навивачи кои се противат на употреба на ВАР системот, направиле мал уметнички објект во кој навивачите може да гласаат за ВАР - ДА или НЕ. Се гласа така што се фрла пластичниот отпад. Инаку гласањето било после мечот Бран - Олесунд кој завршил 5-1 и на кој два гола на домаќините им биле признати после гледање ВАР.
Малага се наоѓа во криза. Не купија ниту еден играч, плус сезонава ќе играат во трета лига. Ама да им ги видите навивачите, ќе помислите дека се на Манчестер Сити после освојување Лига на шампиони. Му се залепија на рандом лик на аеродром, веројатно турист и го пречекаа како големо засилување. Цепки.
Ние во основно на пример имаме бегано од часови за да го гледаме Вардар против Бордо. И со самото тоа што бевме на стадион на тие години ни беше филм. Овие имаат друга перцепција за фудбалски натпревар. Снимката е од Лестер - Кардиф.
Пресметките меѓу Динамо и АЕК неодоливо нè потсетуваат на натпреварите кои модрите ги одиграа во 1997 година против Партизан, шампионот на земјата која со бомби и гранати не зави во црно. Тие натпревари беа повеќе од фудбалски, се играа под невиден притисок, играа не само за победа, туку и за национална гордост, притисокот беше огромен. Слична е ситуацијата и овој пат, пишува новинарот Даворин Оливари.
По лежерната победа од 3-1 во Истанбул, Фенербахче и синоќа на реваншот во Словенија го совлада Марибор со 0-3 и со вкупен резултат 1-6 оди во плејофот за Лига Конференции. Мечот беше во прекин поради нереди на трибините.
Откако деведестина нивни другари од трибината завршија по озлогласените грчки затвори поради големите нереди кои ги предизвикаа во Атина, вечерва на северната трибина на „Максимир“ на мечот Динамо Загреб - Атина, Бед Блу Бојс оставија на средина неколку празни столици и го закачија знамето со натпис: „Север со отсутните“.
Дефиницијата за грчки затвор како пекол на земјата е позната на многумина, па така и на хрватската јавност која бара ослободување на притворените хрватски хулигани кои направија жестоки нереди во Атина во кои загина 29-годишен навивач на АЕК.
Страстите по жестоките нереди во Атина каде навивачите на Динамо Загреб во коалиција со оние на Панатиниакос (Гејт13) направија хаос во кој загина 29-годишен Грк, сè уште не се смируваат. На суд секојдневно полицијата носи уапсени хулигани од Хрватска, а пред судот протестираат стотина навивачи на АЕК кои се пречкаат со обезбедувањето.
Олимпија Асунсион со 3-1 го згроми фаворитот Фламенго од Бразил и со вкупен резултат 3-2 се пласираше во 1/4 финале на највредниот турнир во цела Јужна Америка. Навивачите во главниот град на Парагвај направиле спектакл синоќа.
Ножеви, палки, ракети, динамити, фантомки, камен...се забележуваат на фотографиите кои ги носеле битангите на гостувањето во Атина, мислиш во војна отишле, а не на фудбал. Инаку уапсени се околу 100 навивачи, скоро сите Хрвати.