Навивачи

Навивачите на Лион пред време излегле од стадион, да не им избега последниот траект

Фудбалерите на Лион играат топло-ладно сезонава. Синоќа во 20. коло од француската Лига1 славеа 0-2 на гости кај Ајачио на Корзика. Интересен момент имаше во вториот дел. Навивачите само што го прославиле вториот гол за Лион кој го даде капитенот Александар Лаказет во 71’ минута, после само две минути морале да заминат од стадионот за да го фатат последниот траект кој вози од Корзика назад, за во понеделник да бидат на работа.

Епа Берлускони ако си стои на зборот

На една свечена вечера на екипата на Монца, претседателот на овој клуб кој за првпат во својата сто и десет годишна историја влезе во Серија А, Силвио Берлускони ладно во говорот им рекол: „Ако победите некоја голема екипа како Јуве или Милан, ќе ви донесам автобус полн проститутки“.

Навивач кој плаче за доживотна забрана на стадион зад гол

Уствари зошто само зад гол, кога не знаеш што може да ти направи ако седне до тебе и ти понуди пиво. Не го примајте никаде.

Забранет влез за мажи, па жени наполнија стадион во Бразил и направија шоу

Во Бразил минатата сезона имаше сериозни хулигански нереди меѓу навивачки групи, па властите морале да превземат поостри мерки за да спречат насилство. Поради една масовна тепачка предизвикана од навивачите, клубот Атлетико Параненсе бил казнет со забрана за влез на мажи на стадионот.

Навивачите на Манчестер Јунајтед го урнаа рекламното пано

Иако се очекуваше неизвесно полуфинале на англискиот Лига Куп, Манчестер Јунајтед лесно и глатко со 0-3 го растури Нотингем Форест на гости. На стадионот во Нотингем имаше пар илјади гостински навивачи кои при една прослава на гол го срушија рекламното пано пред нив.

Во духот на пријателската, да се гаѓаме со снег

Спарта Прага и Нирнберг искористија пауза во нивните првенства за да одиграат пријателски меч во главниот град на Чешка. Таму допатувале и педесетина германски навивачи кои се забавуваа со домашните со снег. Во еден момент еден навивач на Нирнберг реши да им донесе повеќе снег на другарите.

Македонско знаме во Мелбурн на мечот на Ѓоковиќ, ама и на Циципас

Сегде нè има, па и на Австралија опен. Игра во полуфиналето Новак Ѓоковиќ против Андреј Рубљов, се појавува Македонец. Еден ден претходно Гркот Стефанос Циципас се среќава со Јири Лехечка, и таму се појавува Македонец.

Најпатриотското македонско катче во Сиднеј

Вардар, Пелистер, Работнички, Силекс, Македонија Ѓорче Петров, Комити, Чкембари, Пандев, Стоилов, Седлоски, Скопско, Битолско, Даб... Дури и таблици ставил со македонски регистрации од неколку градови. Рапот во позадина му е капак.

Најубавата страна за нас на ова Светско

Ниту гледаат километража, ниту прогноза за времето. Јануари за нив е ракометен празник на кој се патува каде и да игра Македонија.

Навивачите па се срчнаа меѓу себе на трибини

СП 2023 во Полска и Шведска нека биде за заборав. Ракометарите доживеаа дебакл на сите три меча, а на срамот им се приклучија и неколку навивачи.

Навивачкиот музеј на Кипре кој живее за македонската репрезентација

Не постои навивач на Македонија кој не би посакал да му оди на гости на овој човек. Во музејот му влегле од екипата на Зевзекманија, па сè до новинари на Франс Фудбал. Кипре е жива легенда и не веруваме дека на некој друг му е вака по дома.

Германецот Бени и е верен на Македонија и во Краков

Дечкото бил на 116 фудбалски натпревари на Германија, но повеќе не ја бодри. Шетан е во 67 земји и се заљубува во Македонија и нашите навивачи, ги учи песните и редовно оди на гостувања. Почна со  фудбалски, а од лани го има и на ракометни. Каков лик.

Клоцање среде дерби во Премиер лига какво што немало одамна

Арсенал со 0-2 го совлада Тотенхем на гости во големото лондонско дерби и се одлепи на огромни +8 пред Манчестер Сити на табелата. „Топџиите“ остварија голема победа над омразениот ривал кој не можеше да се помири со поразот на крај па еден навивач го клоцна голманот на Арсенал Рамсдејл кој ја доби наградата за играч не мечот откако бранеше совршено.

Доминација на македонските навивачи во Краков

Нема ракометно првенство во јануари кое може да помине без верната македонска публика, која секогаш е во фокусот на камерите и фоторепортерите. „Таурон Арената“ крцаше со нив, а за атмосфера која ја прават пишуваше и организаторот Полска, кој ја нарече фантастична.

Жестокиот судир на автопат меѓу хулигани на Рома и Наполи

Пред мечот Сампдорија - Наполи на кој Елиф Елмас постигна гол од пенал за 0-2, навивачи на Рома и Наполи, се судриле на познатиот автопат во Италија, А1 близу градот Арецо. Тифозите на Рома дента со комбиња и автобуси патувале за Милано за меч со Милан (2:2), а навивачите на Наполи оделе за Џенова каде нивниот тим играше против Сампдорија.

Мароко, празно место па сите останати

Сафи или на арапски Асфи е град во западен Мароко на самиот Атлантски океан. Има околу 308.000 жители. Овој град е центар на рибна индустрија во Мароко. Од овој град е фудбалскиот клуб Олимпик Сафи кој во моментов е на 4. место во мароканската лига Про 1. На гостувањето кај Хасаниа Агадир навивачите на Олимпик Сафи направиле прекрасна кореографија и бакљада.

А после се сакате по дома?

Милан имаше водство против Рома од 2:0, ама во 87-ма и 93-та Рома стигна до конечни 2:2. На некој му текнало да сними и една ваква сцена за време на израмнувањето.

Тифозите на Интер на скутери до Монца

Фудбалерите на Интер на два пати водеа на гостувањето во Монца, но на два пати домаќинот се враќаше. Вториот пат израмнија во 90+3’ минута по автоголот на Думфрис и го спречија гостинот да ги освои сите три бода. Интересно пред мечот неколку илјади навивачи на Интер со веспи организирано патуваа во Монца (20-ина километри од центарот на Милано, 40-ина минути пат).

Симпатична пракса на редарите во Ленс

Ленс игра сјајна сезона а доказ за тоа е и убедливиот триумф против ПСЖ 3:1 на стартот на новата година. ПСЖ го доживеа првиот пораз после цели 32 меча во сите турнири. Ленс блескаше пред своите навивачи и сега му се приближи на лидерот на само четири бода разлика. Во неколку моменти од дербито, редари со подвижна мрежа одеа по гостинските фудбалери за да ги заштитат од предмети кои летаа од трибините.

Знамето на Џенова среде море поради кое се стигнало на суд

Ривалството меѓу најстариот клуб во Италија, Џенова, и нивниот градски ривал Сампдорија, датира многу одамна. Во реонот Бокадасе во Џенова, во морето скоро 50 години се веело знаме на фудбалскиот клуб Џенова.

А да им дадат Златен пехар и на навивачите на Англија?

Англиската фудбалска репрезентација никако не успева да освои едно Светско првенство, веќе од 66-та, ама затоа нивните навивачи успеаа. Знаете ли колку уапсени има меѓу нив во Катар? Нула. Да чита човек и да не верува.