Навивачи

Навивач во Србија со сатар влета на терен

Екипите се Срем и Слога Вогањ, лигата е регионална, а падобранецот е веројатно некој локален лудак кој се прекачи преку ограда да дели правда со ладно оружје.

Ова лудило во Белград, го нема ни во НБА

20.041 гледачи против Барселона, 20.068 против Реал Мадрид што е апсолутен рекорд во Евролигата. Ако некој сака да ја доживее најјаката атмосфера на кошаркарски натпревари, нека оди на Партизан.

Во Египет смислија нов начин за навивачка критика

Во последното коло од групната фаза во африканската Лига на шампиони, египетски Замалек со 4-3 едвај го победил Ал Мерих од Судан. Гостите од 2-0 во еден момент направиле комплетен пресврт 2-3, а во тие моменти домашните навивачи смислиле идеален начин како да изразат незадоволство од играта.

Првоаприлската шега на Сити Парк Бојс се наоѓа пред општина Центар

Раководствата се менуваат и само ветувањата остануваат за КК Работнички дека ќе добие нова сала. На навивачите им е преку дур и им оставија штосна и иронична порака во пресрет на утрешниот дуел против Чаир.

Кога не си умен ќе јадеш ќотек од Столе

На Твитер се појави ново видео од инцидентот на дербито меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер. Капитенот до толку се налути за време на навивачката пресметка во која летаа на сите страни сè и сешто, што собори еден од Комитите на земја.

Чкембари: Оваа ракометна сезона за нас е завршена

Еурофарм Пелистер не застана зад своите навивачи после инцидентите на дербито во Скопје, туку напротив ги осуди со остар речник. Чкембари им одговорија со бојкот.

Да видиш Шкотите што славење удрија

Во вториот меч од нивната квалификациска група за Евро 2024, Шкотска со 2-0 ја победи Шпанија и ја оствари можеби најголемата победа во последните децении. Шкотите сега се први во група со 6 бода, пред Шпанците кои имаат 3. Во оваа група се уште и Норвешка, Грузија и Кипар. Во Глазгов синоќа големо и заслужено славје по триумфот со двата гола на фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Скот Мектоминеј.

Го сакаме Шегрт за нов селектор

Во саботата Таџикистан одиграл пријателски меч против репрезентацијата на Обединети Арапски Емирати на гости, на стадионот Ал Најхан во Абу Даби. Натпреварот завршил без голови, па оттука крајно симпатична е реакцијата на селекторот на Таџикистин, Хрватот Петар Шегрт.

Жестокото дерби донесе и неколку убави гестови на Комити и Чкембари

Лошо почна најголемото македонското ракометно дерби меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер во кое за среќа немаше повредени, ама и покрај хаосот забележани се фини примери како дел од навивачкиот кодекс, кои не ги прави секој.

Како почнаа инцидентите на ракометното дерби?

Опасно беше синоќа од трибини да се гледа пресметката меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер, бидејќи гостите гаѓаа во публика со факели. Се појави видео на кое се гледаат Чкембари кои како ураган влетуваат во својот сектор и веднаш почнуваат да дивејат. За сега нема информации за евентуални повредени.

Спектакуларно славје и атмосфера во Јане Сандански како во ЛШ

На дербито од Суперлигата во Јане Сандански немаше игла кај да се фрли, а атмосферата која ја направија Комити потсетува на големите битки кои европскиот првак ги биеше против Кил, Барселона, Кјелце, Веспрем. Црвено црните славеа 31:24, за фешта на играчите и навивачите. Го распослаа и големото знаме.

Хаос во Јане Сандански, Чкембари со факели гаѓаа во публика, Комити влетаа на терен

Дербито од Суперлигата меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер е во прекин во првото полувреме при резултат 13:10 за домаќините. Кога Чкембари влегоа во сала почнаа да фрлаат факели кон публиката. Комити испровоцирани влетаа на терен и почнаа да им враќаат и да ги гаѓаат со разни предмети.

Гемиџии Велес не испуштаат натпревар на Македонија

Македонската фудбалска репрезентација го стартува новиот квалификациски циклус за ЕП 2024. Со оглед на неатрактивниот противник Малта кој е аутсајдер во групата каде се уште и Италија, Англија и Украина, Градски и не е така слабо исполнет. Исток и Запад се затворени, а Југ и Север исполнети по 70-80%. Од малите организирани групи може да се забележат Гемиџии Велес, Неготиво и ФК ССК Бербери од Драчево.

Не баш топол пречек за Севиља од страна на навивачите

Севиља игра очајна сезона и има 12 порази, а лани цела сезона ја завршија со четири. Навивачите се бесни и после поразот од Хетафе ги начекаа играчите на аеродром и не бираа зборови. „Ќе не пратите во втора лига кучиња ни едни“, извикуваа навивачите.

Наполи се гледал и во опасниот кварт, со видео бим на пружени алишта

Историскиот подвиг на Наполи кој се пласираше во 1/4 финале на Лига на шампиони бил проследен и на неколку точки во градот каде Амазон поставил видео-бимови во таканаречените фан зони во Неапол. Една од нив била и во реонот шпански скали (Le scale spagnole) познат по необични градби и безброј пружени алишта кои висат од балконите. Видео бимот бил свртен токму кон нив.

Како изгледаше војната во Неапол каде германски хулигани направија хаос

Наполи на Елиф Елмас се пласираше во прво историско четвртфинале на Лига на шампиони откако синоќа и во реваншот го совлада Ајнтрахт Франкфурт 3:0, па со вкупен резултат 5:0 оди во следна рунда. Натпреварот го одбележаа жестоки сцени на насилство во центарот на Неапол.

Навивачи на Ајнтрахт дојдени во Неапол, следи меч од висок ризик

И покрај строгата забрана од италијанските власти за гостинска публика на мечот од 1/8 финале на ЛШ меѓу Наполи и Ајнтрахт Франкфурт вечерва, стотина навивачи на германскиот клуб, заедно со пријателите од Бергамо пристигнале во Неапол со воз. Таму ги чекала опсада од полиција која ги спровела до градските хотели.

Навивачите на Ривер грмат на реновирана трибина

Во седмото коло од новата сезона во Аргентина, Ривер Плејт со 3-0 го растури Годој Круз. Два гола домаќините дадоа од пенал, еден од нив реализираше Лукас Белтран а навивачите уживаа зад еден од головите на стадионот кој неодамна беше комплетно реновиран и сега има зголемен капацитет.

Најјакиот тајм аут на навивач на Оклахома

Цела сала гледа во тебе, а ти си навивач кој дошол да гледа баскет и да ужива. Плус имаш притисок вреден 20.000 долари. Не оди ова така лесно. Од пола терен е шутот.

Како курдски тим бил пречекан во турска Бурса?

Во неделата, на стадионот Бурса Тимса Арена, Бурсаспор пред повеќе од 40.000 гледачи го пречекал третопласираниот тим во трета лига, Амед СК. Пред, за време и после мечот гостите кои се претставници на курдската заедница од градот Дијарбакир, едвај спасиле глава. На крај Бурсаспор победил 2-1, а Амед има исто бодови со вториот на табела, на место кое диектно води во втора лига.

Господски потег на навивачите на ПСВ за нападнаниот голман на Севиља

Српскиот голман Марко Дмитровиќ се соочи со непријатна сцена на гостувањето против ПСВ во Лига Европа откако беше нападнат од навивач. Но се снајде и брзо го реши. Навивачите на ПСВ решиле да си го обелат образот и да си го сочуваат угледот. Купиле цвеќе и отпатувале дури до Шпанија за да му се извинат. Каков гест.

Во чест на навивач во Италија кој поминал 900 км и сам го бодрел клубот

Сцени на голема љубов кон клубот ретко се гледаат. Особено како онаа од синоќа од градот Беневенто каде еден гостински навивач пропатувал неверојатно долг пат само за да го го гледа својот клуб кој на крај му подари победа и дресови.

Море враќајте се назад, пенали ќе има

Јаки сцени доаѓаат од Марсеј, каде синоќа се случи големо изненадување. Олимпик кој силно се бори за титула во француската Лига 1 со ПСЖ, синоќа изгуби дома од второлигашот Анеси на пенали и испадна од францускиот Куп. Анеси е десетто пласиран во втората Лига 2, а синоќа водеа 1-2, па Марсеј израмни со гол во 90+7’ минута во длабоко судиско продолжение и обезбеди продолженија.