Offside

Ју Циди, 13-годишното девојче од Кина е право светско спортско чудо. Таа веќе го импресионираше светот на спортот а сега прави нови подвизи.

Цвајта - Бундеслига 1:0, за прв пат во историја

Во втората германска лига просекот на посетеност сезонава е 29.000 навивачи по натпревар или подетално од викендов: Шалке – Висбаден (60.542 гледачи), Херта – Магдебург (52.652), Нирнберг – Кајзерслаутерн (35.462), Хановер – Фурт (31.500).  Некоја друга земја со вакви второлигашки бројки?

Кој е новиот анонимен тренер на Наполи?

Валтер Мацари очекувано доби отказ од претседателот на Наполи Аурелио Де Лаурентис поради катастрофалните резултати на екипата под негово водство. На клупата на шампионот на Италија седнува селекторот на Словачка, Италијанецот Франческо Калцона. Помошник ќе му биде легендата на Наполи Словакот Марек Хамшик.

Нов вид на протест во Германија

Германските навивачки групи стриктно се противат на намерата на германската фудбалска федерација (DFL) да продаде осум одсто од тв правата на странски фондови. Германските стадиони се полни, држат рекорди во посетеност во последните неколку години и навивачите не сакаат никаков бизнис план на сметка на клубовите и гледачите.

Уште едно неверојатно видео од танцот на Џордан

Мајкл на 17-ти февруари го прослави својот 61-ти роденден. Прилично повлечен од прегласната јавност, настрана ужива во животот. Најголемиот на сите времиња.

Најдобрата европска петорка во НБА според Јокиќ

Или поточно најдобрата „југословенска“ петорка, бидејќи неговиот избор падна на двајца Срби со сè него и по еден Словенец, Хрват и Црногорец.

Ол-Стар некогаш и сега

Од прв до последен секој кој го следеше Ол-Старот во пренос во живо или снимка од истиот тврдат дека тоа им биле најзалудно потрошени 3-4 часа некогаш. „Наместо да отспијам, ја ќе гледам циркус“ беа најголем дел од коментарите на социјалните мрежи. И во право беа, затоа што пазете го податоков: На Ол-Стар натпреварот во 1993-та биле направени 62 прекршоци во жар на борба, а на последниов во 2024-та само 3 за цел натпревар.

Пожртвуваност на гол линија со глава во 94-та минута, невидена во Шпанија и пошироко

По дебаклот од Реал Мадрид со 4:0, Жирона запиша нов пораз од 3:2, овој пат од Атлетик Билбао и падна на -6 од кралевите и на само +2 пред Барса. Во 94-та минута се случи драма и пол. Кога сите мислеа дека топката е во гол и резултатот е 3:3, дефанзивецот на Билбао, Дани Вивиан потрес на мозок жртвуваше на гол линија.

За допингот на НБА ѕверките или тема која не треба да се коментира јавно

Мирко Миличевиќ, поранешен српски кошаркар со долга 23 годишна кариера (1982-2005) во Србија, Хрватска, Израел, Шпанија, Италија, Грција и Турција, како и освојувач на бронзен медал со Југославија на јуниорско ЕП 1984, сака да ви каже нешто за двојните аршини во НБА или бизнисот наречен НБА.

Во Баерн е тензично, Кимих ја спукал со Тухел и негов помошник

Во рок од 9 дена, Баерн Минхен со соочи со три порази: 3:0 од Баер Леверкузен, 1:0 од Лацио и 3:2 од Бохум, што не ги личи со оглед на тоа што се Баерн.

Нов македонски рекорд во скок со стап срушен по 55 години

Македонската атлетика бележи историски викенд во две дисциплини. Новиот државен рекорд во скок со стап изнесува 3,65 метри, а го оствари Огнен Стефановски, соопшти Атлетската федерација на Македонија која објави и видео од моментот.

 

Леброн ги дупчеше Дончиќ и Јокиќ дека првиот Ол стар го играл 68-ма со Вилт Чемберлен

Јак муабет падна синоќа на клупа за време на Ол стар натпреварот кој од година во година се повеќе се игра за терање мајтап и заебанции. Една тројка фалеше за да паднат точно 400 поени.

Монца му приреди дебакл на Милан со 4 комада, црвен на Јовиќ за удирање шамар

Многу киксови на фаворитите во Серија А ова коло: Наполи - Џенова 1:1, Верона - Јувентус 2:2, Лацио - Болоња 1:2 и на крај капак на сè Монца - Милан, неочекувани 4:2 после победа на росонерите против Рен во Лига Европа од 3:0.

Парадата на Столе против Реал Мадрид е одбрана на колото

Рајо Ваљекано дефинитивно е тврд нескршлив орев за Барселона и Реал Мадрид. Речиси на секој меч дали во предградието на Мадрид, дали на страна, и двата гиганти „кршат заби“ на тимот кој против нив игра мотивирано. Посебно македонскиот голман Столе Димитриевски кој лани беше прогласен за играч на мечот Реал Мадрид - Рајо Ваљекано на „Сантијаго Бернабеу“ кога не прими гол од „кралевите“.

Лука даде тројка со лоб до кров и тоа два пати по ред

Ол стар викенд, Индијанаполис, 73-то издание. Заклучок? Не е нормален.

Пасот на Мусиала до Кејн кој требаше да биде асистенција на сезоната

Баерн Минхен го запиша третиот пораз во само 9 дена, а по Лацио изненадување им приреди Бохум кој славеше 3:2 и тоа со пресврт. Мусиала го отвори резултатот во 14 минута, а само 4 минути подоцна му сервираше страшно јака топка на Кејн која ја упропасти.

Миовски во Абердин доби аплаузи и на концертот на Трпчевски

Македонскиот центарфор кој растура со голови во Шкотска, до толку станува популарен, што и во концертни сали почнаа да го респектираат. Како гостин во публика го најави нашиот пијанист Симон Трпчевски, кој одржа концерт токму во Абердин.

Остај ти Џибони, ние Куп имаме за славење

Интересно беше синоќа околу полноќ пред салата Јане Сандански. Додека внатре одеа хитовите на балканската ѕвезда Џибони, надвор Фемили Аеродром се спремаа за пречек на кошаркарите на МЗТ Скопје, кои во Битола го совладаа Пелистер и го освоија Куп трофејот број 12.

Топурија го нокаутираше Волкановски

На турнирот УФЦ298 во Анахајм младиот Илија Топурија Шпанец со грузиско потекло го нокаутираше Алекс Волкановски кој по шести пат се обиде да ја брани титулата во полулесна категорија но не успеа.

Јокиќ и Дончиќ веќе прават шоу на Ол-Стар викендот

Во Индијанаполис се е спремно за големиот Ол-Стар меч кој се игра во 2 часот после полноќ во салата „Гејнбриџ Филдхаус“. Веќе се одиграа интересните турнири во забивање и шут за три поени. Јокиќ и Дончиќ прават циркус. На прес-конференција Никола го освежи Лука со вода а овој интуитивно опцу па се задржи за уста.

Победникот на Ол-стар турнирот во забивање го прескокна Шекил

Метју МеКланг, 25-годишниот кошаркар на тимот Оскеола Меџиг од развојната НБА Џ-лига, ја одбрани титулата во турнирот за најатрактивни забивања на Ол-Стар викендот освоена лани.

Голманот на Аталанта е махер на колото

Аталанта со 3:0 го згроми Сасуоло во италијанската Серија А, а јунак на мечот беше домашниот голман, 20-годишниот Марко Карнезеки кој одбрани два пенали едно по друго.

Петар го даде најбрзиот гол во историјата на Австрија

Дваесет годишиот корпулентен српски напаѓач Петар Ратков го постигна најбрзиот гол во историјата на австриската фудбалска лига. После само пет секунди од почетокот на мечот со Линц на гости, Ратков на среќен начин ја погоди мрежата со одбиена топка по голманска несмасна интервенција. 

Виктор Вембанјама извиси, ѕвезда во подем е Бенедикт Матурин

По пауза од 39 години, Индијанаполис е домаќин на традиционалниот годишен спектакл во НБА, а тоа се Ол стар игрите кои викендов се одржуваат по 73-ти пат.