Off Topic

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Уште ретрограден Меркур ѝ фалеше на Босна

Босанската министерка за ОБРАЗОВАНИЕ им објасни на луѓето што е коренот на нивните проблеми: ретроградниот Меркур! Почнал на 30 октомври а Јасна Дураковиќ (знак: Близнаци) советува до 14 ноември, кога ќе се повлече, луѓето да ги одложат сите важни договори, преговори и потпишувања деловни договори за втората половина на ноември. Луѓе предлагаат дотогаш и таа да се повлече. 

Кој ја знае формулата, нека фрли со првата чиа

Мајкл Филип Џегер, познат како Мик Џегер, фронтмен на Ролинг Стонс. 83 години, во телото има истурено стотици килограми кокаин, хектолитри алкохол а во градите има стара тутунска фабрика. Годинава издадоа албум, трча дневно по 10-тина километри. Роберт Превост, познат како Папата Лав IX, фронтмен на Католичката црква. Има 71 година, најчест доручек му се житарици со млеко, во петок пости. Има рак на белите дробови.

Биди Кина

Во 1988 година, имаа само 147 км автопатишта. во 2025 година имаат речиси 200.000 километри. Очекуваниот животен век, од 61 година, се качува на околу 78 години. БДП од 180 долари оди на 13.900 долари. Во 1975 година, целата економија им вреди 164 милијарди долари. Само во 2024 година, инвестираат 45 пати повеќе од вредноста на таа некогашна економија.

Римските императори од нашето маало

Канадскиот дизајнер Даниел Вошарт ги оживеа античките римски императори преку нивни реалистични дигитални портрети. Го оживува ладниот мермер па историски скулптури и други докази користи како основа да ги рекреира нивните лица со „овоземни “детали. Некои од овие императори, кои живееле пред речиси 2.000 години, изгледаат како луѓе што би можеле да ги видите додека чекате на автобуска станица.

Куќи за нервирање на комшијата

Ехеј, го има ова и кај нас! Ги викаат „spite houses“ — куќи или објекти изградени намерно како одмазда на соседи, роднини или градски власти. Најчесто се градат поради спорови за земја, наследство, реметење на погледот и слично. И кога омразата ќе заврши и луѓето ќе починат, објектите остануваат како споменици за тоа за какви ситници луѓе знаат да се закрват. 

Камионџија на денот

Снимката е од Пакистан, а неименуваниот камионџија влегува во својата опожарена цистерна и дури и под претпоставка дека ќе експлодира успева да ја извади надвор од бензиската пумпа и надвор од населеното место, и сето тоа со нула жртви.

Трамп извади сликовница

Стварно, што прави тој човек сега? Лудува, како во своите најдобри времиња. Му направиле сликовница за деца по негов ќеиф, за измамата за руското влијание. Приказна видена низ очите на „убавиот крал Доналд“ (цар!). Попат пушта и поозбилни материјали потсетувајќи ги сонародниците како се заебаа со Бајден.

Вие стално вака товарате?

Највпечатливо е што нема ниту еден трзај во видеото (двајца возачи, камерман, кој и да има наоколу) дека нешто погрешно се случува.

Како изгледа тоа „помина торнадо“

Сте виделе страшно по вести и репортажи, ама вакво страшно, снимено од дистанца, ретко се гледа и на филм. Како да е макета од хартија, а не нечии домови и куќи.

Кобинација од најлошите ноќни мори на Пентагон

Познатата руска Катјуша, отпеана на кинески јазик, како музичка подлога на инсерти од парада на кинеската армија - отсек жени. Ваков перфекционизам не се добива со правење дакфејс и скролање по Инстаграм. Ова се вежба додека јајници не ти паднат на писта.

Орбан, кратко и јасно

Без цели томови завршени проекти, планови, идеологии, ветувања, гачки, приказни. Што е, како е и сега.

Војна или не, Одеса има да се бања

Заради опасност од поморски мини, на целото крајбрежје на Одеса целосно е забрането бањањето и влегувањето во вода. Сончање може, ама влегување во вода, не. Едно толкување на овие правила е дека може вадење вода, наместо влегување во нејзе.

Нема нешто што српска кафана нема видено

Ова да треба за снимање да го договориш десет дена ќе се влечеш, те газдата на тракторот, те газдата на кафаната, па дали било безбедно, па девојката не сакала да се качи, па стара машина, па не палела, па нов теписон во ресторанот...

Косплеј за медаља

Џибаро е анимирана сирена од серијата „Љубов, смрт и роботи“ и е фантастично достигнување на компјутерската анимација. Од никаде, на интернет се појави една девојка која успеа себе да се направи подобра жива верзија од анимираниот оригинал.

Го памтите Џулиус Френсис? Е па дечково ќе го памти

Потсетување за вас, бидејќи за дечково е доцна. Џулиус Френсис е поранешен британски боксерски шампион во супертешка категорија, имаше и борба со Тајсон, кој денес работи како обезбедување. Дечкото со сината марама на глава е анонимус со некоја нервоза што ја истура на обезбедувањето и гостите во еден британски трговски.

Лекција по суверенитет од Путин

Суверенитет не е нешто варливо, или го имаш или го немаш. Ако го имаш ќе видиш по одлуките што ги носи твојата држава, а ако го немаш ќе забележиш многу доцна, обично кога ќе те снема.

Како се краде Тесла за 130 секунди

Хакер (или по ново истражувач на безбедност) успева на Тесла автомобил да му ја направи отприлика истата фора што бугарски крадци на коли ја правеа на почетокот од 2000-те, кога прв пат излегоа далечинските клучеви за коли, да го украде сигналот од клучот на Теслата.

Ок сте, и тие не го видoа од прва

Точно дека секаде можат да те опељушат и ограбат ама си викаш дека можеби си барем малку раат додека гледаш низ прозор во воз кој преминува мост. Но што ако некој да ти дојде од позади додека зјапаш? Не, на погрешна страна мислите.

Та не е саде Амбер Херд

Некој ја снимал оваа двојка на аеродром, составена од една девојка која на секој чекор прави драми и сцени и еден дечко кој се брани со молчење. Тој не е Џони Деп ама затоа таа е офтика. Спиеш ли мирно, Камила Ваксез?

Кога драмата е поважна од логиката

Репотажа од деминирање патека во Украина која многу успешно исклучува еден клучен детал што нема да го фатите дур не ви го кажат, па после ќе ви дојде незгодно од сами себе.

Легендата вели дека Кинез некогаш оставил нешто да се фрли

Кога овие ќе завладеат со светот ќе треба сериозно да ревидираме многу наши буржоаски навики околу готвењето, главно тоа дека постои нешто што воопшто треба да се фрли или не е за готвење.

Од уличните борби за Северодонецк

Судбината на Донецк и Украина се решава на улиците на Северодонецк, порачува Зеленски, а снимките од уличните битки покажуваат дека и украинската армија идентично го сфаќа градот и неговата одбрана.

Џони Деп за Диор

Актерот се враќа на екраните, засега оние малите. Една недела по неговата судска победа во случајот против поранешната сопруга, на една од ретките компании која реши да не дигне раце од него ѝ дојде време да ја наплати одлуката која се покажа како паметна и да пушти нов спот со Џони Деп.

Имате ли разговарано со транс-волчица?

Деца во школо почнуваат да се идентификуваат не како момчиња и девојчиња, дури не и како нон-бајнари и слични шитови туку како  - животни. Па онда, наместо да одговараат, предат како мачиња или што и да е. Оди па сега ти оцени ги. Мат Волш разговара со една зрела волчица.

Колку е лесно да се лаже со статистика

Многу поучен (и забавен) клип со дузина примери и за моќта на статистиката но и за големите можности кои таа ги остава за лажење, манипулации или едноставно прерано носење заклучоци. Како што вика еден коментар: „Интервјуиравме 1.000 луѓе кои преживеале руски рулет. 100% од нив преживеале. Заклучок: рускиот рулет е безбеден за играње.“

Пазете им ја логиката

Швајцарија ја изневерила својата историски позната неутралност и се ставила од страна на рускиот окупатор. Од каде па сега овие големи зборови? Затоа што го одбиле барањето на Полска преку швајцарска територија да бидат транспортирани тенкови Леопард.

Мапа на 3 месеци војна

Мапа на воените дејствија во Украина од прв ден, па некаде до крајот на мај. Чисто, клиничко, ладнокрвно, со нула емпатија, како да е анализа на шаховска партија.

Не ли ви е глупо да сте сиромашни?

Сенаторката Деби Стабенов отворено и порача на американската јавност дека ако сите како нејзе почнат да возат електрични автомобили, тогаш сите како нејзе исто така нема да се замараат со цената на бензинот на бензиските.

Со вакви вистиномери, трудно

Сатиричниот вебсајт Бабилон Би извади заебантско видео со труден Кен (оној на Барби) и соодветен текст дека се работи за инклузивност и дека доста трудните дечки биле изопштени. Ај тоа, туку Ројтерс фати да го факт-чекира видеото и генијално утврди дека - не е точно. Замислете денес да ги имавме Монти Пајтон. Ќе читавме „вистиномери“ дека реално не постојат витези што викаат „Ни“.