Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Offside › Набрзинка

Син му на Малдини позитивен на алкохол и наркотици

14 September 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Даниел Малдини кој ја продолжи фудбалската семејна традиција и после дедо му Чезаре кој беше легендарен фудбалер, тренер и селектор на Италија, и татко му Паоло кој повеќе од 2 децении беше славен капитен на Милан, сега се соочува со проблеми.
  • Фудбалерот од среден ред кој играше за Милан, Монца и Лацио а сега е во Каљари, во саботата постигна убав гол против Аталанта, но вечерта меѓу сабота и недела доживеал сообраќајна незгода.
  • Тој возел во алкохолизирана состојба, а веќе му е одземена и возачката дозвола. Даниел Малдини на враќање од ноќен клуб се судрил со автомобил кој му одел од лева страна, откако фудбалерот не го пропуштил возилото кое во моментот имало првенство на минување. Во незгодата учествувале шест лица.
  • Се шпекулираше дека новиот италијански селектор, Роберто Манчини ќе го повика Малдини на списокот репрезентативци за Лига на Нации но сега шансите за такво нешто се многу мали.
извор

Скијачка ју легенда на 70 години направи свадба без гости

14 September 2026
  • Share
  • Post
  • Словенечки скијач Бојан Крижај се ожени со својата долгогодишна партнерка, Шпела Жле. Двојката си кажала „да“ во саботата во Љубљанскиот замок, а церемонијата ја водел градоначалникот на Љубљана, Зоран Јанковиќ, пренесува „Журнал24“.
  • Венчавката била прилично необична бидејќи се венчале во друштво на нивните пријатели Алеш Пелхан и Нина Макуц.
  • Пелхан е поранешен координатор за нордиски дисциплини во Словенечката скијачка федерација, додека Макуц работи во Словенечката антидопинг организација. Немало други гости, туку меѓусебно си биле сведоци.
  • Крижај е едно од најголемите имиња во словенечкото, а претходно и југословенското алпско скијање со најголеми успеси во 80-тите години, особено во слаломот.
извор

По осум години Ѓоковиќ не е повеќе во топ 10

14 September 2026
  • Share
  • Post
  • Завршувањето на УС опен донесе големи промени на АТП-листата, а најголемо внимание предизвикува падот на Новак Ѓоковиќ. Српскиот тенисер од денеска повеќе не е меѓу десетте најдобри тенисери во светот.
  • Јаник Синер останува прв со 11.500 бодови, но неговата предност пред Александар Ѕверев е значително намалена. Германецот по освојувањето на Отвореното првенство на САД стигна до 8.990 бодови и дополнително се доближи до лидерската позиција.
  • Карлос Алкараз ја задржа третата позиција со 5.560 бодови.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Offside
1

Кога жена ќе ти одбере таблица

Возила
2

Вработена во полиција ВТОРПАТ фатена во фалсификување лични документи

3

И во Хрватска се чудат на ПИСА тестовите, но, таму има уште нешто

4

Како изрика Најк?

Бизнис
5

После ова, ќе олабавите со Trip Advisor

Забава
6

Не е чудно што не се снаоѓаме гео-политички

Македонштина
7

Не само зјапајте во тоа телефоните

Видео
8

Јеменецот не се предава лесно

Видео
1

Унапредете го режисерот на УС опен

Фудбал
2

Специјалци ги штитеа Столе и другарите од навивачите

Фудбал
3

Најемотивен говор на сезоната - дијабетичарот Зверев го посвети триумфот на мајка му

Разно
4

Џабе играч повеќе 70 минути, Јунајтед изгуби од Сити

Фудбал
5

Зошто за Ѕверев треба да се има посебен респект?

Разно
6

Елена Рибакина во голем стил го освои УС Опен, победа над Сабаленка во финале

Разно
7

Драмата на Сасуоло - Јуве која ја реши 20 годишен Црногорец

Фудбал
8

Голманот на Ајнтрахт Франкфурт одбрани 6 пенали по ред

Фудбал
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Туѓата секогаш е (во нешто) подобра

Балканштина

Што ти е Европејски сојуз

Македонштина

35 години крпење

Македонштина

Не е чудно што не се снаоѓаме гео-политички

Балканштина

Добрите луѓе не забораваат

Балканштина

Ризикувајте, еднаш се живее

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Кој победи на 9-ти мај?

„ДОВЕРЛИВО ОД КУЈНАТА: АВАНТУРИ НИЗ МРАЧНИТЕ СТРАНИ НА КУЛИНАРСТВОТО“ од Ентони Бордејн

Еволуцијата на женскиот субјект во турбо-фолкот

Ај вака да се разбереме

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy