- Новиот тренер на Црвена звезда Алберт Риера е права шок терапија за екипата на црвено-белите. Тој дојде пред повеќе од една недела и во само неколку дена тимот кој испадна од Хапоел Бер Шева во квалификации за Лига на шампиони, успеа да се крене и со 3-0 да ја победи чешка Викторија Плзењ во бараж за Лига Европа.
- Во првенството Црвена звезда синоќа со 4-0 го совлада Чукарички. Шанса добија фудбалерите кои помалку играа изминатиов период. Сите до еден ја искористија шансата, а еден од најдобрите на теренот беше 19-годишниот Македонец Матеј Гаштаров.
- „За мене Гаштаров одржа вистински мастерклас. Веројатно внимателно гледал како Круниќ игра на таа позиција, како се брани како стопер и како прави вишок во средината како „шестка“. Ако на некој треба посебно да му честитам, тоа е Гаштаров. Младите играчи многу брзо ги сфаќаат идеите и тоа ме чини исклучително среќен“, рече Риера.
- Гаштаров е фудбалер кој од младинците на Црвена звезда беше прекомандуван во првиот тим летово и потпиша професионален договор. Роден е во Скопје. Досега играше за сите младинските репрезентативни категории а наскоро скоро сигурно ќе дебитира и за А тимот на Македонија кај селекторот Седлоски.
- Гаштаров игра како последен играч за врска, како спона меѓу одбраната и средниот ред. Висок е, јак на топка, одлично игра со двете нозе, а со 19 години веќе го собира потребното искуство.
- Познатиот НБА зналец Ентони Ирвин смислил теорија според која не би било невозможно Никола Јокиќ да му се приклучи на неговиот добар пријател Лука Дончиќ.
- Со оглед на тоа што Денвер Нагетс не покажува ни малку амбиции во последниве години, се откажува од носителите на играта а не носи сериозни засилувања, идејата на Јокиќ до крајот на кариерата да остане во Колорадо би можела да се смени.
- „Врската со Лејкерс е многу јасна. Тоа е Дончиќ кој е голем другар со Никола. Исто така можноста на нивен заеднички пик-ен-рол би била навистина уникатна. Двајцата можеби гледаат кон 2028-ма кога би можеле да донесат серија одлуки која би довела до тоа да заиграат заедно“, вели Ирвин.
- Србинот има договор со Денвер Нагетс вреден 276.000.000 долари потпишан во 2022 што значи дека ќе има играчка опција пред сезоната 2027/2028 односно да бира дали ќе остане, ќе потпише побогат договор или ќе замине како слободен агент.
- „Ако Лејкерс ослободат простор во селари-капот и сфатат дека можат да тргнат по Јокиќ, може да им речат на Нагетс, еј слушајте или заедно ќе работиме на трејд кој ќе биде добар и за вас или ќе почекате да стане слоободен играч и да ризикувате да замине без надомест. Слабеење на играчкиот кадар на Денвер Нагетс е добра вест за ЛА Лејкерс“, вели Ирвин.
- Дисциплинската комисија на ФФМ ги објави одлуките по натпреварите од Првата и Втората македонска фудбалска лига.
- Пазете го ова: Струга заврши на дисциплинска постапка зашто не обезбедила паркинг простор за гостинскиот автобус пред мечот со Вардар, а исто така имала и несоодветно обележување на теренот.
- Дисциплинска постапка ќе се води и против Тиквеш затоа што имале слаба организација, било фрлено шише со вода на терен и се скандирало на национална основа.