Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Offside › Набрзинка

Во Хрватска со палки нападнат фудбалски ВАР судија

7 August 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Долгогодишниот познат хрватски судија Тихомир Пејин кој веќе некое време работи како ВАР судија, утрово е нападнат во Вилсонова улица во Осијек додека бил на трчање. Го нападнале двајца маскирани напаѓачи со палки околу 7 часот наутро а еден случаен минувач со возило упорно свирел па така ги заплашил напаѓачите кои избегале.
  • Пејин набрзо бил пренесен во болница каде му биле констатирани лесни телесни повреди.
  • „Не знам зошто сум нападнат ниту кој ме нападнал и се надевам дека полицијата ќе ги пронајде напаѓачите“, рекол Пејин. Според сведоците едниот напаѓач имал моторциклистичка кацига а друг трчал со маска преку лице.
  • Пејин како фудбалски судија работел 25 години и судел натпревари во највисок ранг во хрватската прва ХНЛ лига.
  • Индекс пишува и дека тој минатата година бил именуван за директор на аеродромот во Осијек и е член на владејачката партија ХДЗ.
извор

Елмас e на тромеѓе: Го сакаат на позајмица, каде ќе продолжи?

6 August 2026
  • Share
  • Post
  • Македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас речиси сигурно ќе го напушти Лајпциг до крајот на летниот преоден рок, откако германскиот клуб јасно стави до знаење дека не смета на неговите услуги.
  • Според најновите информации од Италија, сериозен интерес за негов ангажман покажуваат Астон Вила, Јувентус и Наполи, при што сите три клуба ја разгледуваат можноста да го доведат на едногодишна позајмица.
  • Наполи, каде Елмас ги помина најуспешните години од кариерата и ја освои титулата во Серија А, сака повторно да го врати во своите редови. Сепак, италијанскиот клуб во моментов не е подготвен да ја плати откупната клаузула од 17 милиони евра за траен трансфер и преферира нова позајмица.
извор

Златко Далиќ најде нова репрезентација

6 August 2026
  • Share
  • Post
  • Долгогодишниот хрватски селектор Златко Далиќ е нов предводник на селекцијата на Обединети Арапски Емирати. 59-годишниот стратег летово после Светското првенство решил да земе одмор па по договор со семејството најави дека заминува од селекторското столче на Хрватска после 9 години.
  • Далиќ со себе во ОАЕ ќе ги понесе и досегашните соработници од стручниот штаб: Ведран Чорлука, Дражен Ладиќ, Марјан Мрмиќ (тренер на голмани), Лука Милановиќ (кондициски тренер), Марк Рошон (аналитичар) и веројатно Даниел Субашиќ.
  • Во меѓувреме старо-нов селектор на Хрватска стана Славен Билиќ.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Offside
1

После посетени 43 европски града, во срцето останало Скопје

2

Златко Далиќ најде нова репрезентација

3

Не може име да биде појасно

Балканштина
4

Австрија лепи екстремистичка етикета на поло маиците

Разно
5

Зошто картографите вметнувале непостоечки градови во своите мапи?

Bookbox
6

Косовска Star Wars свадба

Балканштина
7

Заблуде сам ево престао да бројим

Разно
8

Ниедна ни се нема удавено

Балканштина
1

Златко Далиќ најде нова репрезентација

2

Фиго: „Сум видел многу нешта во кариера, ама лажлив и користољубив однос како на Инфантино немам видено“

3

Елмас e на тромеѓе: Го сакаат на позајмица, каде ќе продолжи?

4

Симпатичниот дански клуб кој стана рудник за пари

Фудбал
5

Маж и жена што навиваат за противнички екипи

Фудбал
6

Реал Мадрид го доведе најскапото засилување на летото

7

Потресувачки страшен гол во Аргентина

Фудбал
8

Родри се решил за Барселона наместо за Реал Мадрид

Фудбал
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Не може име да биде појасно

Балканштина

Косовска Star Wars свадба

Балканштина

Барате графички дизајнер?

Балканштина

Ниедна ни се нема удавено

Македонштина

Автомеханичарски Мастерклас

Балканштина

Спомени од пеколот

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Квалификации за секретарка

Со даскал по глава

40% џабе се мачкате

Да видиме што викаат бардовите на Боки

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy