Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Илон Маск: Илјада посто Америка ќе банкротира

30 July 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Технолошкиот тајкун кому не му се туѓи деловните ризици, предупредува дека постои ризик кој САД не смеат да си го дозволат: да банкротираат.
  • Токму тоа ќе се случи доколку Америка агресивно не ги прифати новите технологии како вештачка интелигенција и роботите, тврди Илон Маск.
  • Маск ја повтори својата загриженост за зголемениот национален долг, бидејќи каматните плаќања за долгот го надминаа воениот буџет. Потсети дека земјата плаќа 1 билион долари само за каматни плаќања на долгот.
  • „1.000 посто ќе банкротираме и ќе пропаднеме како држава без ВИ и роботи. Само тоа може да го реши националниот долг,“ предупреди Маск на еден поткаст.
извор

Италија бара Шпанија да биде суспендирана од Шенген зоната

31 July 2026
  • Share
  • Post
  • Премиерката Џорџа Мелони побара Шпанија итно да биде суспендирана од Шенген зоната за патување низ ЕУ без визи, откако илјадници мигранти извршија инвазија врз шпанската територија Сеута на брегот на Африка. Ги опиша како „шокантни“ снимките како илјадници луѓе, претежно млади мажи, пливаат до брегот на Сеута и се префрлаат преку границата од Мароко во Шпанија.
  • Локалните шпански власти објавија дека во хаосот загинале најмалку 18 мигранти. Според официјални извори, границата нелегално ја преминале над 1.500 луѓе, но репортери од Сеута јавија дека пристигнале најмалку 5.000 мигранти.
  • „Сликите од Сеута покажуваат како одлуката на владата на Мадрид да им додели шпанско, а со тоа и европско, државјанство на над 500.000 нерегуларни имигранти е длабоко погрешна и поттикнува трговија со луѓе“, претходно објави шефот на дипломатијата Антонио Тајани.
  • Вицепремиерот Матео Салвини повика на привремено суспендирање на целата Шенген зона, во која се 29 европски земји.
  • Шпанскиот министер за надворешни работи, Хозе Луис Албарес, го обвини Рим дека ја користи имиграцијата како оружје за политички цели. „Од партнерска и пријателска земја очекуваме европска солидарност, а не партиска демагогија“, порача Албарес.
извор

Хамас прифати да го предаде оружјето на Одборот за мир на Трамп

31 July 2026
  • Share
  • Post
  • Хамас и другите палестински милитантни групи во Газа го прифатија планот за „попишување и складирање“ на оружјето, предложен од Одборот за мир на Доналд Трамп.
  • Во договорот се избегнува терминот „разоружување“, што значи дека оружјето ќе биде предадено „на чување“ на палестинскиот Национален комитет, како неутрална страна, додека Израел не ги повлече своите сили од Газа. Израел не се произнесе веднаш дали го прифаќа ова.
  • Прецизниот план за предавање на оружјето мора да биде изготвен во рок од 14 дена. Прво ќе биде предадено оружјето од полицијата, а потоа тешкото оружје на военото крило на Хамас.
  • „Овој договор е критичен чекор кон тоа Газа конечно да биде управувана од нова палестинска влада, која тесно ќе соработува со Одборот за мир за да му помогне на палестинскиот народ. Израел ќе ја има безбедноста што ја заслужува, бидејќи Газа повеќе нема да се користи како база за терористички напади“, порача Трамп.

  • Спроведувањето на планот зависи од Израел, кој постојано го прекршуваше прекинот на огнот. Откако примирјето стапи на сила, во израелски напади беа убиени повеќе од 1.200 Палестинци, а израелските сили ја проширија зоната на дејство во Газа.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Заради вакви срања луѓе си одат од Македонија

2

Искрено со идолот

Македонштина
3

Татко на денот: Мик Џегер

4

Уште ова го немавме видено за време на интонирање химна

Фудбал
5

Инвазија од африкански мигранти врз Шпанија

Свет
6

Ништо не може да нè сопре!

Македонштина
7

Хорор другарство

Забава
8

Илон Маск: Илјада посто Америка ќе банкротира

1

Заради вакви срања луѓе си одат од Македонија

2

Татко на денот: Мик Џегер

3

Инвазија од африкански мигранти врз Шпанија

Свет
4

Илон Маск: Илјада посто Америка ќе банкротира

5

Мицкоски бара Обвинителството да постапи за 400 пријави од 2021 година за неквалитетна вода во Гостивар

6

САД им брани на војниците околу Иран да користат мобилни телефони

Свет
7

Пропадна грант од милиони евра за пругата до Бугарија

8

Војната од Иран се прошири до Средоземно Море

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Искрено со идолот

Македонштина

Ништо не може да нè сопре!

Македонштина

Учиме непознати термини: Заштита при работа

Разно

Охрид во 1970

Македонштина

Да не згрешите дека е Норвежанец

Балканштина

Три промили во голманот е доволно за пораз

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Убавите луѓе се досадни

Разговор со Спиноза

Македонски чет канал

Децата секогаш се исти, ние отидовме у курац

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy