- Арбен Фетаи. Беше вицепремиер за „добро владеење.“ Со месеци немаше одено на работа а земаше плата. Конечно, на 10 јуни оваа година даде оставка.
- Два месеца подоцна, владата го назначила за „специјален пратеник за Европската Унија“ и ќе оди во Брисел. Човекот се пофали за тоа на Фејсбук, само на албански јазик.
- Го виде ама пак види го насловот.
- Премиерката Џорџа Мелони побара Шпанија итно да биде суспендирана од Шенген зоната за патување низ ЕУ без визи, откако илјадници мигранти извршија инвазија врз шпанската територија Сеута на брегот на Африка. Ги опиша како „шокантни“ снимките како илјадници луѓе, претежно млади мажи, пливаат до брегот на Сеута и се префрлаат преку границата од Мароко во Шпанија.
- Локалните шпански власти објавија дека во хаосот загинале најмалку девет мигранти. Според официјални извори, границата нелегално ја преминале над 1.500 луѓе, но репортери од Сеута јавија дека пристигнале најмалку 5.000 мигранти.
- „Сликите од Сеута покажуваат како одлуката на владата на Мадрид да им додели шпанско, а со тоа и европско, државјанство на над 500.000 нерегуларни имигранти е длабоко погрешна и поттикнува трговија со луѓе“, претходно објави шефот на дипломатијата Антонио Тајани.
- Вицепремиерот Матео Салвини повика на привремено суспендирање на целата Шенген зона, во која се 29 европски земји.
- Шпанскиот министер за надворешни работи, Хозе Луис Албарес, го обвини Рим дека ја користи имиграцијата како оружје за политички цели. „Од партнерска и пријателска земја очекуваме европска солидарност, а не партиска демагогија“, порача Албарес.
- Хамас и другите палестински милитантни групи во Газа го прифатија планот за „попишување и складирање“ на оружјето, предложен од Одборот за мир на Доналд Трамп.
- Во договорот се избегнува терминот „разоружување“, што значи дека оружјето ќе биде предадено „на чување“ на палестинскиот Национален комитет, како неутрална страна, додека Израел не ги повлече своите сили од Газа. Израел не се произнесе веднаш дали го прифаќа ова.
- Прецизниот план за предавање на оружјето мора да биде изготвен во рок од 14 дена. Прво ќе биде предадено оружјето од полицијата, а потоа тешкото оружје на военото крило на Хамас.
- „Овој договор е критичен чекор кон тоа Газа конечно да биде управувана од нова палестинска влада, која тесно ќе соработува со Одборот за мир за да му помогне на палестинскиот народ. Израел ќе ја има безбедноста што ја заслужува, бидејќи Газа повеќе нема да се користи како база за терористички напади“, порача Трамп.
- Спроведувањето на планот зависи од Израел, кој постојано го прекршуваше прекинот на огнот. Откако примирјето стапи на сила, во израелски напади беа убиени повеќе од 1.200 Палестинци, а израелските сили ја проширија зоната на дејство во Газа.