Три трагедии и седум загинати од кои 5 од Босна за една недела на Елбрус
27 July 2026
- Во последниве седум дена на највисокиот врв во Европа, Елбрус (5.642 метри надморска висина) се случиле три трагедии при што загинале дури седум планинари алпинисти.
- Седуммина алпинисти од Зеница, од Босна и Херцеговина поради страшна снежна бура на 5.100 метри надморска висина морале да ја прекинат турата а откако се загубиле во виорот, петмина починале од смрзнатини. Руските медиуми пренесуваат дека босанските планинари биле тргнати без водич. На источната страна на Елбрус, пак, на висина од 4.200 метри загинало 11-годишно момче. Татко му доживеал тешки повреди но го евакуирале и спасиле.
- „Луѓе загинуваа на Елбрус и претходно. Ако се види статистиката на качувања, трагедии на Елбрус се случуваа и пред 5, 10 и 20 години. Тоа е закономерноста: врвот е многу популарен, тука доаѓаат многу луѓе и затоа процентот е толкав“, вели Ирина Морозова, инструктор по алпинизам.