- Поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Мухамед Сејдини е пуштен од притвор и ќе се брани од слобода, информира неговиот адвокат Шкодран Алили во објава на социјалните мрежи.
- Сејдини помина три месеци во Истражниот затвор „Скопје“, откако беше уапсен во полициска акција во април 2026 година под сомневање за тешка финансиска проневера.
- Се сомничи за проневера од 700 000 евра доделени од УЕФА за развој на фудбалот во Македонија, како и за злоупотреба на функцијата. Средствата биле наменети за извршување градежни работи на стадионот во Охрид.
- Марк Кукуреља има долга кадрава коса, нетипична за фудблер. Но, тој не ја чува поради мода, туку тоа е гест на љубов кон својот син.
- Четиригодишниот Матео има аутизам и тешко препознава луѓе, но затоа шпанскиот бек нашол начин како полесно да го препознава.
- Фризурата на Кукуреља стана дел од неговиот идентитет и беше препознатлив по неа кога го освои и ЕП 2024.
- Со партнерната Клаудија имаат три деца. Нивниот свет почнал да се менува кога забележале дека најстариот син, на 13 месеци, не се развивал како неговите врсници.
- ФИФА може да добие нов претседател доколку успее мисијата на Доналд Трамп, кој го мести Џани Инфантино да стане генерален секретар на Обединетите нации.
- Американскиот лидер во швајцарскиот функционер гледа идеален наследник на Антонио Гутереш. Иако во трката за оваа позиција веќе има седум официјални кандидати, Трамп е самоуверен дека преку Советот за безбедност и Генералното собрание на ОН може лесно да ја излобира оваа функција за својот сојузник.
- „Во Организацијата на обединетите нации треба да се координираат 193 држави, додека под капата на ФИФА има над 200 земји членки. Резултатите на Инфантино јасно покажуваат дека тој поседува врвни раководни способности за ваква глобална улога“, изјави советникот на Трамп, Паоло Замполи.